НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не сум сигурен дека ќе го видиме дуелот Duncan и Aldridge. Цела серија против Далас Splitter го чуваше Nowitzki, а Aldridge и Nowitzki се во принцип слични играчи.

Не би ги потценил Nene и Gortat. Тоа е многу опасно дуо во две насоки. Здрав Нене и повреден Нене е многу различна работа.
Да да, изумив на тоа скроз, 100% Сплитер ќе го чува, не верувам Данкан да го брка и на 5-6 метри од кошот. Инаку и за Нене и Гортат си во право, вака отпосле кога ќе си го прочитам постот потценети се некако од моја страна, ама сепак мислам дека ќе бидат надјачани од Хиберт и Вест. Вест ќе биде клучната алка по мене, затоа што тој е ол раунд играч кога е во прашање позицијата 4, има шут од поле, знае и со грб да изигра, добар е и во одбрана... Мислам дека тој највеќе ќе им прави проблеми на Визардси, т.е. со неговото излегување на пост и околу постот ќе отвара повеќе простор за Хиберт кој се надевам конечно ќе изигра нешто добро, да му ебам цепеницата. Исто многу ќе зависи и од процентот за три на Вашингтон, ако Бил има лоши проценти, а тука е и Ариза, нема Вашингтон што да бара во оваа серија, а сите знаеме какви мајстори се Пејсерси за да те задржат на ниски проценти.

Што знам, мене сите серии ми делуваат доста интересно, одамна не сум бил вака возбуден во плеј офот, страшна кошарка се играше до сега, се надевам ќе продолжи и понатаму.
 
Што знам, мене сите серии ми делуваат доста интересно, одамна не сум бил вака возбуден во плеј офот, страшна кошарка се играше до сега, се надевам ќе продолжи и понатаму.

За тоа апсолутно се согласувам, засега ова е најдобар плејоф откако се сеќавам и по квалитетот на игра и по неизвесноста. Реално сите серии во втората рунда можат многу различни насоки да зафатат, ова се што прогнозираме се чисти претпоставки. Има и еден куп ситуации специфични за секоја серија кои може да произлезат и многу работи да сменат (на пример George да му го стават на Wall во одбрана, Batum на Parker, Green/Leonard на Lillard, Вашингтон да пробува small ball варијанти со Harrington на центар, Бруклин да оди Ultra big со Livingston/Johnson/Kirilenko/Garnett/Blatche и да играат post up на секој напад, ОКС да оди со екстра шутер наместо Perkins и да го игнорира Jordan во напад, а да го натера Griffin да го чува Durant итн... ). Мене баш тоа што ми е најинтересно е што скоро сите тимови беа приморани да прават одредени фундаментални промени во својата игра за да ја минат првата фаза. Конкуренцијата е доста сериозна и мислам дека тактиката и ефектот на стручните штабови и подготвеноста никогаш не бил поголем.
 
Еве ви од мене една прогноза.
ОКС-Клип 4-1, евентуално 4-2 ама сите ќе бидат тесни победи, т.е. нијанси ќе одлучуваат.
Спарс-Блејзерс 3-4 онака ептен болд предвидување од мене, после ладете ме ако ги тепат 4-0 :D
Пејсерс-Вашингтон 4-1 вашингтон се во комфорт зоната на пејсерс, малку ќе го скротат џудистот Нене.
Мајами-Бруклин 3-4 затоа што FUCK THE HEAT :icon_lol:
не ми се влегува во многу анализа, понатака би можел да направам, за сега се овие предвидувања од мене.
 
Бруклин како награда шо тепаа у 7та "текма" ги добиваат одморените Хит :D.Баш сеа гледав од кога им заврши утакмицата со Торонто па до почетокот на утакмицата со Мајами имаат 48 саати и 2600 километри да поминат од Торонто до Мајами,ќе бидат преморени!Првава мислам дека Мајами ќе тепа со 15,20 разлика.
 
Анимација на победничкиот кош на Лилард. Одлично направено :)
DAME.gif
 

Малку деградирање за перфектната одбрана на Тони Ален :)
 
Тотално заборавив дека вечер има НБА :D

Ај да си пробам среќата

Пејсерс-Визардс 4-2

Тандер-Клиперс 4-3

Хит-Нетс 4-1

Спарс-Блејзерс 4-3
 
Според Мене
ИНД-ВАШ 4-3 Индијана игра слабо но сепак појаки од ВАШ и има домашен терен
МИА-БРК 4-2 Не се покажа баш против Торонто и ептен на среќа ги поминаа и БРК не игра доволно стабилно за МИА да ги победи тимот им е нов и поприлично нестабилен
САС-ПОР 4-2 Портланд се премногу млади и неискусни за Спарси
ОКС-ЛАК 3-4 Оваа серија ќе биде најнеизвесна но мислам дека клучот ќе бидат Грифин и Де Андре Џордан премногу се јаки Клиперси под кошевите.
 
Добро овие Спортклуб имаат ли абер некој утакмица да пуштат у плејофов, катастрофа се значи, по утакмица на две недели. У регуларна сезона повеќе даваа.
 
Добро овие Спортклуб имаат ли абер некој утакмица да пуштат у плејофов, катастрофа се значи, по утакмица на две недели. У регуларна сезона повеќе даваа.
Имаше две утакмици викендов,тоа е тој им е пакетот.
 
Хиберт ги уништува Индијана, и во одбрана и во напад. Јас незнам што се дешава со човеков, ама очигледно не било до противниците.
 
Хиберт 0 поени и скокови и 3 фаули, не бил проблемот центрите што шутираат тројки.
 
ќе беше едно 20 разлика милер старио да не ја закочеше играта..
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom