Фан Клуб: Челзи

Член од
9 мај 2009
Мислења
605
Поени од реакции
400
Многу ми е криво што вака изгубивме и испаднавме. Не сум навикната на вакви натпревари во ЛШ каде што до крај немаме шанси за поминување.
Ми оди да кажам дека заслужено поминаа Атлетико, ама кога ќе го погледнеш начинот на кој ги дадоа головите не ти се признава. Среќата беше против нас. Одбраната несигурна и како неорганизирана да беше. Баш ми фалеше нашиот бус. Од нападот повеќе и не очекував, Хазард отсечен, Вилијан добро ги изведуваше корнерите и слободните секогаш беше шанса за гол. Можевме сигурно да дадеме барем уште еден гол и до третиот гол верував дека имаме квалитет да дадеме два гола, не игравме толку лошо плус погодивме и статива :(

Разочарана сум, ама верувам во тимот и наредната сезона со некои промени ќе растураме.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Тоа се спушти топката на земја , тоа е фудбалот . После првиот гол и гледам Торес дава гол реков чудо ќе биде вечер , али ништо од чудото . Како и да е одиме понатаму да освоиме ПЛ :icon_lol: , ЛШ доволно беше :свиркам: . Не се разочарувајте многу , ќе бидеме многу посилни наредна сезона ова е почеток на Мурињо со нас полека полека се ќе си дојде на место :)
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Ептен се накурчив за киксот на Ешли и Тери,како аметери при првиот гол катастрофа :facepalm:.После притисокот ги уби и тоа е тоа.Еден гол на гости да дадевме се ќе беше подруго али здравје јебига.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.090
Поени од реакции
2.036
Ептен се накурчив за киксот на Ешли и Тери,како аметери при првиот гол катастрофа :facepalm:.После притисокот ги уби и тоа е тоа.Еден гол на гости да дадевме се ќе беше подруго али здравје јебига.
Што ти се они криви, Кол маркираше во средина, Тери тргна да го покрива Коста, Хазард требаше да го пази Хуанфран бидејќи негова должност беше или Шварцер да излегува на таа топка. После беше касно да се интервенира.
Иста акција беше и за третиот гол, Хуанфран му избега на Хазард и гол.

Грешка му беше на Мурињо што му даде дефанзивни задачи на Хазард, после 30-тина минути се гледаше дека нема сила да трча нонстоп напред назад.
Подобро ќе беше да играше на место на Вилиан т.с Вилиан лево, а Хазард веднаш позади Торес.[DOUBLEPOST=1398903911][/DOUBLEPOST]
Дајте им го Куртоа уште 10 години на позајмица... заслужува :tapp:
Фер потег испадна од Челзи што му дозволи да брани иако можеше да го стопира неговиот настап. Никој од неутралците на форумов не го поздрави тоа, туку сите почнаа со лечење на комплексот Мурињо.

Курота требаше да оди на позајмица сезонава, во години е каде што треба да брани константно, а Челзи тоа неможеше да му го дозволи бидејќи нели Чех сеуште не е за фрлање.
Шверцерот (коментар од Мтв 1, вчера :) ) се гледаше како солидна замена за куп утакмици, што и е.
Ама ете така ни се посреќи да се повреди Чех и овој да брани. Јас сум задоволен од неговите перформанси како за втор голман и кривицата за поразов нема потреба да се бара во него или за тоа што Куртоа беше на нивна страна а не на наша.
Ако голманот е најдобар играч во тимот, тогаш знај дека нешто не штима во тимот.

Конкретно на нас проблем ни е во средината, откако го примивме вториот гол Челзи немаше идеја што со топката, Хазард и Вилиан мораа да се враќаат од 16-тинкот и да изнесуваат топка.
Рамирес - Луиз денес ништо не направија, немаше ниту една употреблива топка, се беа некои рандум високи топки по приницип ако пројде пројде.
Фалеше ите како организатор во играта конкретно Френки или Матич.
 
Последно уредено:
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Со овој тим, поготово со Рамирес и Луиз на пивот позиции, односно како играчи за врска, толку е максимум. Одбраната не беше на она ниво на кое сме навикнати да ја гледаме под Мурињо. Кејхил не изигра добро, но добро, секој може да има лош ден. Добро стартувавме, но во второ полувреме Атлетико ја доминираше средината. Што е, тука е, догодина посилно!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.949
Поени од реакции
67.696
Фер потег испадна од Челзи што му дозволи да брани иако можеше да го стопира неговиот настап. Никој од неутралците на форумов не го поздрави тоа, туку сите почнаа со лечење на комплексот Мурињо.
Не ке да е до Челси работава, туку до УЕФА.
Така им беше наложено, аналогно, нема што да се поздравува. Чак што више, имавте нели, и клаузула огромна ако игра против вас.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Јас барем никогаш не сум го навредувал човекот кој е еден од најзаслужните за првата титула во Лигата на Шампионите, човекот кој еден куп пати не вадел од гомна, човекот кој и покрај таква сериозна повреда реши да продолжи со фудбал и тоа на врвен начин. Правел киксови? А кој голман не прави киксови? Уствари, постои ли играч што немал лош ден? И да, тоа го пишав само заради тоа што Чех го очекува операција, пауза од едно 3 месеци ко што викаа, што ќе влијае на припремите, плус сметам дека може да се проба со ротација на голманите (нешто што ете успева во Реал Мадрид до некаде). Јас никогаш не реков дека Куртоа е лош голман или слично, само викав дека се' уште е рано за него (но тоа беше за претходните сезони). Така да, не знам која ти беше поентава со ретардираниов пост. Т.е. тоа не беше ништо неочекувано од тебе, така да само продолжи си.

И ова не го пишувам заради натпреварот, туку како како заклучок по целата сезона. Ја барем сум доследен да си ја признаам грешката. Но да повторам, не Куртоа како број 1, не Чех како број 1 туку двајцата да се борат за тоа место. Со тоа што ако се префрлиме веќе на наредната сезона, Куртоа би почнал заради операцијата на Чех и паузата која ќе треба да ја направи. Од друга страна, Куртоа ќе има напорно лето, со Белгија на Светско Првенство. Така да ќе видиме што ќе се случува. Сепак, друго е тука нашето мислење, друго е тоа што е во замислите на Мурињо.

Ете гледаш како фино може да се врати, да се реплицира (како и што треба на еден форум). За разлика од твоето „реплицирање“.

Што е ова бе, никој нема, сите спијат или се по скари (читај дождови :D). Ај убо да си поминете.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Член од
17 април 2014
Мислења
587
Поени од реакции
841
Мислам дека Мурињо е крив заради тоа што не освоивме титула.Значи кога беше тренер претходната сезона на Реал Мадрид иста приказна како сега на Челзи. Реал Мадрид стигна до полуфинале ЛШ и до таму му беше. Исто како Челзи оваа сезона .Реал Мадрид освои 2 место лигата.И Челзи ке е 2 место мислам или 3. И Реал Мадрид не освои ниту една ебана титула. А сега оваа сезона. Реал Мадрид освои Copa del rey. Плус има шанси да освои лигата и има големи шанси да освои ЛШ. Голема е разликата од минатата сезона успехот на Реал Мадрид и оваа. Исто со Челзи оваа сезона ке нема ниту 1 титула.А мината сезона Челзи освои барем Европа Лига со Бенитез. А со овој што освоивме???Ништо!!!Ете гледате дека е до тренеорт.Па вие што сакате кажете за Мурињо.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
#ДоневАут

Има твитер/фејсбук нешто Бенитез да го спамам да се придружи на форумов ?
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
До трењерот е бе , и јас велам да не беше тој ќе победевме два пати против Ливерпул против Сити , Арсенал Ман Утд Тотенхем на наш терен со голем резултат , еејј само да не беше ќе тепавме се и титули ќе освоевме и ПЛ и ЛШ и ФА Куп и Карлинг Куп и Супер Куп се до него е страшна работа . После мечот со Ливерпул јееееееееее Мурињо цар зверка бравоооо имаш муда секоја ти чест капа ти симнуваме , Мурињоооооо зверрррр ! цар ова она ( ВРСКА НЕМАТЕ ) . А сега плачковци , аааааа крив е оној крив е тој лелееее ааааа што се деси со нас пропаднавме .

Да не беше кривиот во тимот да не беше тој трењер тикви што ќе ја видевте дисциплината во тимот и тикви што ќе видевте полуфинале ЛШ и тикви што ќе видевте да се бориме за титула и тикви што ќе видевте да ги тепаме конкурентите за титула и тикви што ќе видевте ЛШ ќе бевме бетер од Ман Утд , али тоа се е пластично , ПЛАСТИКА СО ТАПИЈА !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom