Можеби и јас немам врска, ама како можете да го обвините само Мурињо за поразот? Можеби има грешка и од негова страна, но таа е 100 пати помала од онаа на играчите. Како може само една утакмица да влијае врз вас и веднаш да го промените мислењето за Мурињо не ми е јасно. Убаво ви беше кога тепавме против Сити, Ливерпул, Арсенал, Јунајтед, Тотенхем, тогаш свршувавте на него, тој е бог, генијалец, најдобар тренер, се најдобро за него, и сега оп, еден пораз и Мурињо не е веќе вистинскиот човек за Челзи, да беше друг тренер ќе освоевме тоа, овоа, оноа... Разбирам да го критикувате, но да не го почитувате него и тоа што го направил за Челзи... стварно не ве разбирам. Ова му е прва сезона после враќањето, тимот ни е полн со млади и неискусни играчи и неконстантни напаѓачи, нормално е да се случи вакво нешто. Догодина ќе биде поинаку. Верувам дека ќе донесеме некој голгетер што ќе ни помогне многу во освојувањето титули.