Фан клуб - РК Вардар

^ Најидиотски потег е тоа на нашата управа, не знам што сакаа да постигнат со тоа да се игра у Борис, очигледно никој не ги предупреди што ги чека во шталата, се плашам само тоа да не биде погубно на крај...
 
Ми понудија фалц карта. Могуче хаос да биде во Борис во сабота :tapp:
 

Не могуче, туку хаос ќе биде. Ќе се случи нешто слично како против Металург што се случи втората, трибината ако е за 1500 тоа 2000+ ќе се. И надвор ќе останат многу. Да не зборам дека све живо и диво ќе зема карта за со Комити, бидејќи не стигнале да земат за неутрална, пеколно ќе е...
 

Не могуче, туку хаос ќе биде. Ќе се случи нешто слично како против Металург што се случи втората, трибината ако е за 1500 тоа 2000+ ќе се. И надвор ќе останат многу. Да не зборам дека све живо и диво ќе зема карта за со Комити, бидејќи не стигнале да земат за неутрална, пеколно ќе е...
не би рекол дека ке земат све живо и диво за со комити :)
 
не би рекол дека ке земат све живо и диво за со комити :)
Ќе видиш, пак ќе има залутни дедовци со вници, пак ќе има марсовци, пак ќе има дерби навивачи. Ама мене страв ми е само овие да не ја пополнат цела трибина и тутма да е и џандариве да затварат врати и да не ги пуштат стварно верните што се, како што се деси тогаш втората утакмица со Металург
 
Ќе видиш, пак ќе има залутни дедовци со вници, пак ќе има марсовци, пак ќе има дерби навивачи. Ама мене страв ми е само овие да не ја пополнат цела трибина и тутма да е и џандариве да затварат врати и да не ги пуштат стварно верните што се, како што се деси тогаш втората утакмица со Металург

Не дека со Металург не пробаа пола и више да влезат со карта од СЕХА. :D
 
Не дека со Металург не пробаа пола и више да влезат со карта од СЕХА. :D
Од тие што останаа надвор (вклучувајќи ме и мене) 99% имаа купено карта и беа редовни членови.
А за утре осеќам дека ќе биде тиња, искрено повеќе ми се оди на Вардар - Еуромилк, отколку во сала, незнам зашто.
 
Од тие што останаа надвор (вклучувајќи ме и мене) 99% имаа купено карта и беа редовни членови.
А за утре осеќам дека ќе биде тиња, искрено повеќе ми се оди на Вардар - Еуромилк, отколку во сала, незнам зашто.

Па, кога ќе видиш, до некаде и сами се заебаа т.е. ги заебаа тие со купени карти со тоа што извадија стари карти и ги поделија на дупло поише од што може да собере.
 
Па, кога ќе видиш, до некаде и сами се заебаа т.е. ги заебаа тие со купени карти со тоа што извадија стари карти и ги поделија на дупло поише од што може да собере.
Не.Не пишувајте кога не знаете како и што беше , а што беше дефинитивно не е за тука.
 
Од фејсбук профилот на Комити Скопје.


Овој текст е наменет за вас. Вие кои никогаш нема да разберете што значи Вардар. Вие кои никогаш не сте го дишеле Вардар. Вие кои никогаш не сте се молеле на иконата со црвено-црна боја. Вие кои никогаш не дознавте дека Вардар беше единствениот клуб од „големите” во Југославија кој никогаш на своето лого немаше петокрака. Вие кои поверувавте на лажните пророци дека некој друг клуб е „македонскиот бренд.” Вардар не е бренд, Вардар е светост. Тоа е тој Вардар кој го сака еден Аце што работи на брод кој плови некаде по светот во моментов. Тоа е Вардар кој го сакаат и во Америка, во Австралија, во Азија, а верувајте ми и во Африка. На сите тие континенти има барем по еден Македонец кој го познавам и го сака Вардар. И секој од нив би платил тон пари за да биде во Скопје во сабота, но не може.

Вие не му требате на Вардар. Сите вие кои навивате за секој македонски клуб, кои навивате за двата скопски клуба, вие на кои ви е „сеедно кој ќе оди во Келн, само нека биде македонски клуб.” Вие кои до вчера се крстевте во „македонскиот бренд” и „месијата” од пријателска Хрватска. Не му требате на Вардар вие кои се чувствувате „повикани” да ги нарекувате Комитите „банда хулиганска,” вие кои не можете да сфатите дека една фрлена паричка никогаш не може да се мери со милиони капки пот, крв и солзи. Не му требате вие кои навивате за полицијата кога тепа наши деца, бидејќи вие никогаш не почувствувавте што значи страст и љубов кон еден клуб. Бидејќи ударот врз тоа дете е удар врз Македонија. Нема потреба да доаѓате во сала. Нема потреба да се чекирате дека сте таму за да собирате лајкови. Девојките и момците ќе ве сакаат и без тоа. Нема никаква потреба да правите селфи со играчите во позадина. Правете го тоа на плажа, во парк, на Водно, ставајте фотки од празни флаши, полни чаши и нови патики. Подарете ги картите на некој кој вистински го сака Вардар. Останете дома, гледајте на телевизија, па во моментите кога ќе губиме и ќе ви дојде она „ете, македонска работа, глупи се, знаев дека ќе изгубат” сменете го каналот. Или гледајте добар филм, слушајте музика, излезете на кафе и прошетајте го градот. Водете љубов. Резултатот ќе го дознаете секако.

Во сабота на Вардар му требаат само оние кои живеат за него. Оние кои без двоумење даваат дел од својот скромен буџет за една карта, за една тетоважа со тоа гордо „В,” за еден шал кој честопати е натопен со крв. Е тие му требаат на Вардар. На Вардар му требаат оние кои го гледаа и со Борац, Нексе, Тинекс Пролет и со Јафа промет. На Вардар му требаат оние кои имаа пелин во устата кога не грбачеа вештачките од предградието и зелените од Битола. Му требаат сите оние кои излегуваа од такт кога оние кои не можеа да ни ги купат со пари ни ги купуваа со многу пари. Кои не им ни требаа, но ги земаа за да го ослабат Вардар. На Вардар му требаат оние кои чекаа со часови пред Расадник за да ги гледаат големиот Пепи Манасков, Данило Брестовац и Аце Станковски. Да, некогаш Вардар играше и таму. Тогаш имавме мала, студена сала и големи, топли срца. Сега имаме голема, топла сала, но оние со големите срца се се помалку.

Јас не ве мразам вас бидејќи не можам да мразам Македонци. Само ви покажувам како ќе изгледа нашиот свет во сабота. Ви кажувам дека навивањето за два клуба е лицемерие.

Но можам да ги мразам Фленсбург зошто не знаат дека цената на седумте искинати свети дреса ќе биде седум литра крв.

Видов и ликови кои ги продаваат картите за натпреварот. За нив картите се можност за десеткратна заработувачка. За нив Вардар е пари, за нас е живот.

Немојте да доаѓате, барем една вечер оставете го Вардар на вистинските вардарци, на оние на кои честопати Вардар им е причината за постоењето. Оставете не сами за да си се сакаме искрено, онака детски. Заради тоа што успехот ќе биде на сите, а неуспехот само наш. Заради тоа што ако успееме сите ќе славиме, а ако изгубиме ние ќе гледаме во една точка и ќе се прашуваме каде згрешивме, а вие ќе си продолжите низ животот како ништо да не се случило. Затоа што нас поразите вистински не болат.

И бидејќи секогаш сме толку многумина во победите, а толку малкумина во поразите.

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ. НАПРЕД ВАРДАР!!!
 
Мало морген што карта ќе земе некој за со Комити, а не е член на групата. Карти имаме, карти не даваме :D

Мислам дека идејата да се скратат од три на два блока и картите директно да идат за Комити а не во продажба е убедливо најдоброто решение. Оти тие два блока со навивачи што заслужуваат да бидат таму ќе ечат како за цела сала.
 
Мислам дека идејата да се скратат од три на два блока и картите директно да идат за Комити а не во продажба е убедливо најдоброто решение. Оти тие два блока со навивачи што заслужуваат да бидат таму ќе ечат како за цела сала.
И картите за тие 2 блока не ги делиме бе :D
 
Дај боже да биде обратно од песната што ја пеевме со Металург (300 карти дадовте, 1000 ви влеговме) :D
1000 карти дадовте, 300 си влеговме :icon_lol:
Макар и да не влезам, срце ќе ми се исполни ако видам дека групата донела таква ПРАВИЛНА одлука :icon_mrgr:
 
Утре за да се стигне до победа ќе биде многу важно отварањето на мечот.Вардар утре едноставно не смее да дозволи да им слаб старт затоа што во таква ситуација притисокот ќе може целосно да ги уништи нашите играчи.Не смееме да дозволиме да се разиграат на почетокот ракометарите на Фленсбург и да имаат водство затоа што во таква ситуација Вардар ќе нема право на грешка и ќе треба да брза во реализацијата на нападите,а брзањето може да донесе само грешки.Премногу важни се почетните 10 минути во кои што Вардар ќе треба да направи се за да има било каква позитива и со тоа остатокот од мечот да биде ‘‘полесен‘‘.Одбраната утре исто така ќе треба да изигра на највисоко можно ниво во целиот меч,а посебно во почетните минути.Можеби добрата одбрана ќе биде таа која што ќе решава за патникот во Ф4 и се надевам дека сите во одбрана ќе одиграат максимално сконцентрирано и со помош на Дивиот нема да им дозволиме на Германците да се разиграат т.е ќе ги натераме да се плашат од шут кон нашиот гол.Ако се оди според планот највнимателни ќе треба да бидеме во финишот на мечот т.е последните 10ина минути.Тоа е периодот во кој што буквално кажано секоја Германска екипа е најопасна.Во тие моменти секогаш проработува таа нивна Германска упорност и тогаш концентрацијата не смее да падне кај играчите на Вардар.До сега швабиве 100 пати покажале дека се најопасни кога сите мислат дека се е решено и затоа не смее да има никакво опуштање додека не се огласат судиите за крај на натпреварот.

Покрај играчите утре и публиката ќе треба да ја заврши својата работа без кикс.На играчите на Фленсбург треба да им се приреди една пеколна атмосфера каква што не се памети во Македонија и буквално да ги натераме да ја испуштаат топката од раце.Без разлика на насоката во која што ќе оди мечот атмосферата утре треба да биде за чиста 10ка.

Со среќа нека им е на ракометарите и се надевам дека утре ќе го славиме историскиот пласман во Ф4. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom