Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Арија и Hound, секогаш интересни, што и да прават, па дури и кога јадат чорба како, неизненадувачки, две кучиња :D. Малата учи доста од овој, што според мене ќе и послужи многу, особено ако стигне/стигнат и до Бравос. Ќе има основа на ракување со оружје, соодветен морал (или недостаток од истото, зависи кој како гледа), интелигенција, искуство, и итрина (покажува се повеќе и повеќе дека е добар манипулатор веќе уште не овие години, и дека само подобра станува). Навистина ми се допаѓа насоката каде ја тераат. Исто така, се согласувам дека тоа со фармерот и Hound што постапи на начинот на кој што постапи, беше една лекција плус која се надева малата ќе ја научи. Малите секогаш учат најдобро преку примери, активни и визуелни.

Кучето го направи тоа што го направи за себе. Му е гајле нему дали Арја ќе научи нешто или не. И како тоа Арја покажа дека е добар манипулатор? Со тоа што рече дека се бореле за Тали?

Санса почнува да ги сфаќа основите на играта (вие што ќе истрчате пак да искоментирате колку е она се уште глупа и наивна, прегледајте ја пак епизодата). Она најави во интервју дека ликот и станува посериозен, позрел и дека почнува да сфаќа многу работи и дека наивноста полека и се губи во новата сезона, го гледате почетокот на таа еволуција.

Прегледај ја пак епизодата. На Санса во епизодава ништо не и беше јасно. Ко теле го слушаше Литлфингр. Бејлиш го убива тој пијаницата, оваа таква "ама зошто го уби?", го гледа бледо. Види и ја фацава само колку и е наивна јбт:

Screen-Shot-2014-04-15-at-10.58.29-PM.png


Не ми беше јасна сцената со Џејми и Серсеи. Мартин, олабави на контраверзиите молимте ... Станува пре-исфорсирано, и OOC (out of character, a big no-no in realm of fiction).

Не е out-of-character. Уште во првата епизода од серијава видовме за што е способен Џејми.

Денерис/Калиси - Тие што ја хејтате изгледа не внимавате многу во серијата (што е океј, ако имате други фаворити), но ликот нејзин има еден од најспектакуларните карактерни еволуции во целата серија. Тие што внимаваат поблизу на неа знаат. Досадна била? Не ви се досадни борбени филмови? Серијата е таква што не може секоја нејзина епизода до детали да ја одиграат, особено не борбените сцени (затоа и ги нема во изобилие), ради буџет причини. Да ги имаше, тука сите хејтери ќе серевте колку епик била Дани, ако имаше високо-буџетни, долги борберни сцени како Lord of the Rings. Мисијата ја утнала? Она не заборавила на Вестерос, во никој случај. Него вие заборавате да размислувате стратегиски. Да освои еден град, и да тргне по Тронот? Или можеби е подобро кога цел ебан континент е под нејзина власт, со војска од милиони, не неколку десетици илјади, па да тргне по истиот? Не само недопрените, туку и сите останати ја следат од своја слободна волја и се спремни да умрат за неа. Ако мислите дека она е Нед Старк "добра во душа" не внимавате доволно. Знае да ја искористи својата добрина и милост за да после луѓе гинат за нејзини себични амбиции и каузи (лично мене ми се допаѓа нејзинава "обработка"), и затоа е она на местото на кое е сега. Еден од неколкуте карактери кои ја играат добро Играта (барем сега за сега). Вашиот хејт, е невалиден :cool:.

Ние што ја хејтаме ја хејтаме бидејќи е за хејтање ликот, а не бидејќи не внимаваме многу. Не секој кој не се сложува со твоето мислење, не внимава на серијата. Јас лично ја хејтам пошто е тврдоглава. Не знам зошто и служат тоа оветниците. Никого не послуша досега, што се покажа како кобно. Почнувајќи од магијата на вештерката за да го оживее Кал Дрого. Карактерните еволуции не ми се пресудни мене дали ќе го сакам ликот или не. Литлфингр од старт го сакав, што нема врска со неговата карактерна еволуција.

И дај кажи два-три примери за тоа како ги искористила луѓето да гинат за нејзините амбиции?
 
Мислам дека Jon Snow им кажа дека во Castle Black има околу 1000 луѓе , па затоа овие повеќе време чекаат да нападнат имајќи во предвид дека никогаш не успеале да го поминат ѕидот до сега. Плус баш во оваа епизода Џон кажа дека Манс не знае дека уште сега е во предност т.е има доволно луѓе за да го помин.

Дивјаците редовно го преминуваат ѕидот, но само за да пљачкаат. Кога го преминуваа ѕидот со Џон Сноу лани, само нему му беше првпат. Сега целта не им да ограбуваат села, туку да ги заземат трите преостанати замоци со порти на ѕидот за да можат да преминат без проблем сите. По се` изгледа ќе се насочат само на Црниот замок.
 
Очекувам наместено судење за Тирион. Тајвин не би имал никаков проблем да се осуди на смрт. А дали му е гајле кој е правиот убиец-и да знае и да не знае добра услуга му направил. Којзнае како би се однесувал Џофри со текот на годините.

Криво ми е за Подрик. Бар се надевам дека нема да наебе сезонава.

Инаку Мелисандра ми е попривлечна како црнокоса.
 
Марџери колку е ебазовно слатка у серијата додека на сликава кај што позира е прав хипик што не би го погледнал. До кога со тие фризури, до кога..
 
Марџери колку е ебазовно слатка у серијата додека на сликава кај што позира е прав хипик што не би го погледнал. До кога со тие фризури, до кога..
Хипик?
 
Инаку за разлика од претходната, епизодава тапа ептен, ништо возбудливо. Кучево најсмешни ствари кажува, "And we ask the Stranger not to kill us in our beds tonight for no reason at all". :ROFLMAO: И for the love of god, нека се обидат барем малку да ги направат со Калиси деловиве интересни. #1 избор ми е за кралица да биде, али многу е досадно со неа, од промото за следната гледам дека пола епизода градот ќе го зазема што е 20 минути у минус од старт. Се надевам Сем ќе има некоја битна улога понатака, иначе стварно се waste of time деловите со него и онаа.
Зошто очекуваш сценаристиве да измислуваат делови на веќе напишана приказна која само треба да се преточи во видео? Општо прифатено е дека делот на Денерис во третата книга е прилично неатрактивен (нема да речам досаден бидејќи не сум ја читал), но сепак креаторите на серијата пак наоѓаат начин да го направат колку-толку интересно. Најдобар пример за тоа е оваа сцена од минатата сезона која ми беше апсолутен врв од се' досега што се случуваше во серијава. Таа сцена сама по себе ја вади цела неатрактивна приказна на Денерис.
 
Добра епизода. Не беше баш возбудлива како претходната недела, ама не можи па секоја недела некој крал да умира.

tumblr_n4djzdfTnT1sbx1tso2_250.gif

Секогаш ќе го сакам Станис, ама еј, како ми гази на нерви ко ќе е толку неблагодарен кон Давос. Па и најголемо изненадување ми беше пак во оваа епизода што имаше две-три сцени. Кратки беа, ама ако, не се бунам. Ептен ми се допаѓа како Стивен Дилен го глуми Станис, штета што не го користат повеќе од 10 минути во сезона.


Никако неможат подобар од овај да најдат.
tumblr_n4egxtJYlT1s95j2so2_r1_500.gif

Mancrush. I'm not even sorry.
 
Па хипик де, оние што се шишаат, носат кожни јакни, панкери, издубени у секој дел од тело со игли и црни шминки.
Или шо и да се, ја ко хипици ги знам :D
Ги знам, ги знам... И ја ги мрзам тие. Со долги коси у дискачи што тресат главите ко нездрави, што се шприцаат тоа марихуана у вена или ја шмркаат, све тоа на дрога е. Тоа све сатанисти, секата шо се дрогирет и слушат тоа диско ли како и да го викат.
Ја не сум таков. Ја си сакам нешто нормално весело за душа, сакам нормално облечени убави луѓе.
Секта, дрога - то све требе да се обеси.
 
Ги знам, ги знам... И ја ги мрзам тие. Со долги коси у дискачи што тресат главите ко нездрави, што се шприцаат тоа марихуана у вена или ја шмркаат, све тоа на дрога е. Тоа све сатанисти, секата шо се дрогирет и слушат тоа диско ли како и да го викат.
Ја не сум таков. Ја си сакам нешто нормално весело за душа, сакам нормално облечени убави луѓе.
Секта, дрога - то све требе да се обеси.
Тоа е. Judge me all day long and cry me a river. :D
 
Па хипик де, оние што се шишаат, носат кожни јакни, панкери, издубени у секој дел од тело со игли и црни шминки.
Или шо и да се, ја ко хипици ги знам :D

Бабо ти си? Кој муабет го направи еј, како да имаш 60 години.
Извинете за офтопикот ама морав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom