- Член од
- 1 март 2009
- Мислења
- 8.654
- Поени од реакции
- 10.437
Ми се допаѓа-Нене
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


,според мене најдобрата у Нба.Ама тоа не им помага многу сега засега,очајноо играат,и ако ја изгубат и оваа ќе бидат у гаден проблем.[DOUBLEPOST=1398132809][/DOUBLEPOST]Чим дојде факинг Бено Удрих да ги цепи од клупа,пиши им пропало на Тандер,од ова срање у кое сами влегоа тешко да се извадат.[DOUBLEPOST=1398133599][/DOUBLEPOST]Упс утакмичиште

баш ми е криво што не ја гледав.

Мемфис немаат права ѕвезда и играч што ќе ја земе топката во последни секунди, миленици се на многу неутрални фанови, ама не гледам каде би оделе понатаму со овој тим. Грев беше(е) да го гледаш Тони Ален како решава клучни напади во плејоф утакмици задњиве 2 години. Баш би сакал да ме демантираат искрено, ама не ми се верува.Аууу, каков натпревар Мемфис-ОКЦ. Уште од кога се паднаа жално беше што ќе мора еден од нив дома уште после првата рунда, ама тоа е. Страшна одбрана и од двете екипи. Мемфис го покажува она што на многумина им е јасно, дека се тим склопен за плејоф. Ќе биде долга оваа серија.
Од друга страна Голден Стејт... потоп. Затоа не им давам големи шанси сезонава, ментално не се каде што треба да бидат. Многу несериозен пристап во клучни моменти цела сезона. Ми се чини дека ќе биде потребна смена на тренер таму летото.
П.С. Кошот на Дурант пред крајот на регуларниот дел![]()
Мемфис немаат права ѕвезда и играч што ќе ја земе топката во последни секунди, миленици се на многу неутрални фанови, ама не гледам каде би оделе понатаму со овој тим. Грев беше(е) да го гледаш Тони Ален како решава клучни напади во плејоф утакмици задњиве 2 години. Баш би сакал да ме демантираат искрено, ама не ми се верува.
Да беше овој тим пред 10 години, ќе имаше реални шанси, налик на Детроит тогаш, кога ги спуштаа под 80 поени тимовите. Вака, ОКС, Клиперс, Хјустон, Портланд, Вориорс, па и САС, се се тоа напаѓачки ориентирани тимови, не гледам како би ги задржале нив на толку малку поени во 7 натпревари.
Не не, никаде не реков дека имаат предност, јасно е дека одбраната е на прво место.Апсолутно не се согласувам со ова. Напаѓачки ориентираните тимови немаат никаква предност во однос на дефанзивните во плејофот. Напротив, дури би рекол и дека почесто е обратно. Не мора да одиш подалеку, погледни ја само минатата година: Најдобрите 3 дефанзивни тима во регуларниот дел од сезоната стигнаа во топ 4 (Индијана, Мемфис и Сан Антонио). Можеш да се враќаш наназад колку сакаш. Слаб дефанзивен тим скоро никогаш не стигнува далеку. Единствен исклучок ако добро се сеќавам беа Лејкерс од Коби-Шк периодот кои не се замараа цела сезона во одбрана и стегнуваа само кога ќе дојдеше плејофот.
Исто така интересно е што ги оквалификува Сан Антонио, Голден Стејт и ОКС како офанзивни тимови. Тие се појаки во одбрана отколку што се во напад.
Не ме сфаќај погрешно важен е и нападот, ама не е поважен од одбраната. Вообичаено далеку стигнуваат оние кои немаат слаба страна (релативно јаки се и во одбрана и во напад). Од тие причини, не им давам големи шанси на Портланд и Далас на пример, бидејќи се слаби во одбрана. Ми се чини дека се можно проблеми и за Мајами и Хјустон понатаму од слични причини (тие не се лоши ама не се којзнае што). Причини за загриженост имаат и Индијана и Чикаго бидејќи се ужас во напад.
Три екипи кои беа јаки и во напад и во одбрана цела сезона се: Сан Антонио, ОКС и ЛА Клиперс, па претпоставувам дека тука некаде ќе се бара титулата. На ова можеш да го придодадеш Мајами, бидејќи е можно и тие да ја стегнат одбраната во плејофот, бидејќи факт е дека делумно не се замараа во регуларниот дел.
А аналогно на тоа што го пиша дека најдалеку ќе дотуркаат тимовите со најдобри напад и одбрана истовремено, и дека Чикаго и Индијана се ужас во напад, тука дефинитивно би го сместил и Мемфис, за што и беше муабетот. Додади на тоа дека немаат премногу добри шутери и ете го муабетот дека многу тешко да направат нешто повеќе.