НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Атмосферата у Оклахома:cuc::cuc:,според мене најдобрата у Нба.Ама тоа не им помага многу сега засега,очајноо играат,и ако ја изгубат и оваа ќе бидат у гаден проблем.[DOUBLEPOST=1398132809][/DOUBLEPOST]Чим дојде факинг Бено Удрих да ги цепи од клупа,пиши им пропало на Тандер,од ова срање у кое сами влегоа тешко да се извадат.[DOUBLEPOST=1398133599][/DOUBLEPOST]Упс утакмичиште:vozbud::cuc:
 
Последно уредено:
dobro e opravduvaat mestoto u playoff memfis...okc ima da se ispotat ubavo...Mike Miller ke mi fali mn u miami
 
Зошо се чека да заврши Окејси. Штета за Мемфис, не верувам да направат нешто во продолжение после ова
 
Што погодил Дурант на крај бе, лудило :eek: баш ми е криво што не ја гледав.
 
Аууу, каков натпревар Мемфис-ОКЦ. Уште од кога се паднаа жално беше што ќе мора еден од нив дома уште после првата рунда, ама тоа е. Страшна одбрана и од двете екипи. Мемфис го покажува она што на многумина им е јасно, дека се тим склопен за плејоф. Ќе биде долга оваа серија.

Од друга страна Голден Стејт... потоп. Затоа не им давам големи шанси сезонава, ментално не се каде што треба да бидат. Многу несериозен пристап во клучни моменти цела сезона. Ми се чини дека ќе биде потребна смена на тренер таму летото.

П.С. Кошот на Дурант пред крајот на регуларниот дел :eek::vozbud:
 
Мемфис немаат права ѕвезда и играч што ќе ја земе топката во последни секунди, миленици се на многу неутрални фанови, ама не гледам каде би оделе понатаму со овој тим. Грев беше(е) да го гледаш Тони Ален како решава клучни напади во плејоф утакмици задњиве 2 години. Баш би сакал да ме демантираат искрено, ама не ми се верува.

Да беше овој тим пред 10 години, ќе имаше реални шанси, налик на Детроит тогаш, кога ги спуштаа под 80 поени тимовите. Вака, ОКС, Клиперс, Хјустон, Портланд, Вориорс, па и САС, се се тоа напаѓачки ориентирани тимови, не гледам како би ги задржале нив на толку малку поени во 7 натпревари.
 
Апсолутно не се согласувам со ова. Напаѓачки ориентираните тимови немаат никаква предност во однос на дефанзивните во плејофот. Напротив, дури би рекол и дека почесто е обратно. Не мора да одиш подалеку, погледни ја само минатата година: Најдобрите 3 дефанзивни тима во регуларниот дел од сезоната стигнаа во топ 4 (Индијана, Мемфис и Сан Антонио). Можеш да се враќаш наназад колку сакаш. Слаб дефанзивен тим скоро никогаш не стигнува далеку. Единствен исклучок ако добро се сеќавам беа Лејкерс од Коби-Шк периодот кои не се замараа цела сезона во одбрана и стегнуваа само кога ќе дојдеше плејофот.

Исто така интересно е што ги оквалификува Сан Антонио, Голден Стејт и ОКС како офанзивни тимови. Тие се појаки во одбрана отколку што се во напад.

Не ме сфаќај погрешно важен е и нападот, ама не е поважен од одбраната. Вообичаено далеку стигнуваат оние кои немаат слаба страна (релативно јаки се и во одбрана и во напад). Од тие причини, не им давам големи шанси на Портланд и Далас на пример, бидејќи се слаби во одбрана. Ми се чини дека се можно проблеми и за Мајами и Хјустон понатаму од слични причини (тие не се лоши ама не се којзнае што). Причини за загриженост имаат и Индијана и Чикаго бидејќи се ужас во напад.

Три екипи кои беа јаки и во напад и во одбрана цела сезона се: Сан Антонио, ОКС и ЛА Клиперс, па претпоставувам дека тука некаде ќе се бара титулата. На ова можеш да го придодадеш Мајами, бидејќи е можно и тие да ја стегнат одбраната во плејофот, бидејќи факт е дека делумно не се замараа во регуларниот дел.
 
се знаеше дека првата победа на вориорс беше 'fluke' незнам шо се залетавте
окц-мемфис и хјустон-портланд ќе бидат подолги серии
 
Не не, никаде не реков дека имаат предност, јасно е дека одбраната е на прво место.

Можеби и јас погрешно се изразив, САС ги сместив во таа група ради тоа што се таков тим што во даден момент можат да дадат и 120 коша, а наредната да дадат 80 на пример, иначе нормално дека се подобри во дефанзива, години уназад се меѓу најдобрите дефанзивни тимови.

ГС од оваа сезона се подобри од дефанзива отколку во напад, ако не се лажам, а ОКС исто така се супер во дефанзива, на почеток на сезона кога пишав тука дека се едни од најдобрите дефанзивни тимови, некои ме правеа будали како тоа најдобри кога примаат по 120 коша, а на сфаќаат дека ако играат брза кошарка не значи дека се слаби во дефанзива.

А аналогно на тоа што го пиша дека најдалеку ќе дотуркаат тимовите со најдобри напад и одбрана истовремено, и дека Чикаго и Индијана се ужас во напад, тука дефинитивно би го сместил и Мемфис, за што и беше муабетот. Додади на тоа дека немаат премногу добри шутери и ете го муабетот дека многу тешко да направат нешто повеќе.
 
Мемфис не е ужас во напад. Не е меѓу најдобрите ама е далеку од ужас (Индијана и Чикаго се од ранг на Милвоки во напад, додека Мемфис е отприлика како Голден Стејт и Бруклин). Особено откако заздрави Гасол доста се подобрени. Изгледа дека не се јаки затоа што Мемфис игра најбавно во целата лига. Исто така не важи тоа дека немаат шутери веќе. Сезонава ги имаат Мајк Милер и Кортни Ли. Многу многу опасен тим се. Единствената причина зошто нема да дотуркаат далеку е бидејќи играат со ОКС во првото коло, а ОКС според мене е спремен за титула.
 
Печени се ОКС сезонава за титула, само да останат сите здрави.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom