Даниел Кајмакоски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ноне тепа на некој си идол ене ја сега мие садови на брод.
Белов победи на операција триумф па сеуште го нема извадено првиот албум.
Тарбунов, Стојков беа 2 и 3 на Бугарски идол па ене песна немаати извадено.
Иван Раденов победи на Мак идол па беше пријавен на икс фактор.
Не е дека го хејтам дечкото ама малку ќе биде актуелен ако остане само во МК, мора да пее на Српски за да покрива поголем пазар.
Ниту овај ниту било кој следна самонаречена "ѕвезда" нема да може да го јаде лебот само во Македонија, како што е и на сите други полиња не само во музиката. Ваквите типови на шоуа од кои тој потекна иако се моментален хит се симбол за неуспех на тие пејачи на овие простори.
Ниту пак многу многу мене ми се допаѓа.
 
Реков дека тоа не е прашање на вкус, туку на хејт. Погоре викаш дека немал глас, сега дека не ти причинувало задоволство, а тоа се сосема различни работи.
И мене може не ми причинува задоволство кога пее П. Доминго или Елтон Џон, па не викам дека немаат глас.
И не ми се свиѓал никогаш Шумахер, ама да кажеш дека е лош возач и поради тоа да се инаетиш = лудило.
И не ми се свиѓал Џ. Деп никогаш како актер, па истото важи и за него.
 
Никој не го интересира на светско ниво што ти мислиш или јас или било кој дали Гангам е песна, ФАКТ е дека братот е пробиен на светско ниво и скоро сите од мало до големо го дознаеа и е попознат од многу други ѕвездички.

Од тоа што читам можам да сетам кај ти лежи маката. Прво и основно те нервира споредбата со Тоше, второ те нервира фан базата ко шо погоре ти рекоа и трето, те нервира тоа што чоекот има поддршка од медиумите. Икс фактор како манифестација сама по себе повлече расфрлање со многу пари и средства. Не ти е логично истите тие расфрлања на крај да се фокусираат во финалниот продукт, т.е негово промовирање затоа што тоа е крајот на едно патување, да го речиме така.

Да поставиш равенство меѓу Хико од Идол, Влатко и Даниел нз шо да ти речам, не ја гледам логикава. А рано е да го оценуваш Даниел дали има квалитет или нема. Како прво уште нема снимено авторски материјал. Шо ако се деси да му скоцка Желко песни на англиски, да му снимат скап спот и да постани не мора исто барем една третина од Бруно Марс? То отом потом. Си слушнал за Мјузик Фор Масис, па така и ова чудо од старт е градено да биди такво.
Точно така никој не го интересира ниту пак мене ме интересира он, но пречи тоа што нешто што не е толку квалитетно да се форсира а не е во случај во македонија така туку и во други земји се случува истото. Влатко, Кико, и уште еден имаше не ми текнува на името но на лик го знам сите нив ги поврзува едно само: Медиумска подршка. Медиумите му го сервираат на народот што да слуша поготово оние кои едноставно се такви по принцип слушаат тоа што ќе му го дадеш и они се палат, да овој е наш победник ајде сега сите подршка да му дадеме, океј победил никому ништо нека му е честито победа, но дали таа личност има квалитет за сетоа тоа? за сите тие работи кои му се даваат? За мене Даниел го нема тоа едноставно кај мене стои како лик кој едноставно не ми преставува желба да го слушам ништо повеќе. Јас еден човек кога ќе го видам кога пее во живо ако навистина оценам дека тој поседува талент тогаш очекувам дека студиските песни ќе му бидат далеку подобри бидејќи во студио сите песни се шминкаат до максимум, сум работел во студио и знам како изгледаат тие работи, не пак да правиме моабет за оние студија кои тежат незнам колку илјадници евра. Значи тоа што викаш дека ќе му направат јак спот кој ќе чини многу пари, кој тој спот ќе го наметнат помеѓу луѓето, дали тоа ќе се оцени како квалитет?
 
Јас еден човек кога ќе го видам кога пее во живо ако навистина оценам дека тој поседува талент

A си го слушнал Даниел во живо, пред тебе да стои на бина и да пее? Ти бидете ти, он, неговиот микрофон и звучници, без ТВ?
 
Реков дека тоа не е прашање на вкус, туку на хејт. Погоре викаш дека немал глас, сега дека не ти причинувало задоволство, а тоа се сосема различни работи.
И мене може не ми причинува задоволство кога пее П. Доминго или Елтон Џон, па не викам дека немаат глас.
И не ми се свиѓал никогаш Шумахер, ама да кажеш дека е лош возач и поради тоа да се инаетиш = лудило.
И не ми се свиѓал Џ. Деп никогаш како актер, па истото важи и за него.
За мене нема глас, не ми причинува задоволство и тоа е тоа пријател, тој нека си тера живот, нека пее, нека гради тоа што тој го посакува но тој кај мене е означен како дечко кој нема глас, и кој не ми причинува задоволство да го слушнам.
 
Да не речеше дека Гаџа знае да пее, ќе пробав да размислам околу оценката дека немал глас, вака жал е, но не :)

Чоекот има глас, специфичен глас кој можат да го вметнат во интересна поп музика според светскава шема. Има и квалитет, иако е производ на една ваква циркузантска манифестација како Хикс Фактор. И не ти држи вода муабетот, ако знаел да пее ќе бил досега познат. И Сако, така мислам го викаа од Битола, растура од пеење, Плант без грешка го тегни, па никој нит го знај нит го познава, освен ако не му пошол на свирка :)
 
Чекај малце зошто го мешаш Гаџа во моабетов? погоре кажав Гаџа е тип на човек кој е подржуван од неговиот татко, гаџа е човек кој пее најмногу студски бидејќи реално не го бива во живо тоа е факт, и нема глас тоа е мојот одговор кон него. За мене Даниел го нема што ти го тврдиш тоа што ќе го прави во иднина негова работа. Друга работа од светската шема произлегуваат хитчиња кои траат и се актуелни само шест месеци...додека вистинските песни се далеку поназад и ти добро го знаеш што значи хит.
 
Можам да забележам дека Адријан Гаџа не е доволно третиран во македонските медиуми барем јас можам да приметам тоа премногу ретко скоро и воопшто не можам да слушнам на радио некоја негова песна или пак нешто поврзано со него. Но со оваа тема сакам да потсетам дека не треба да музиката да познава граници а вооедно и квалитетот не смее да се оспори. Со оглед на тоа што Адријан Гаџа има успех на јутјуб од преку 8 милиони прегледи што до сега ниту еден македонски музичар не го направил досега тоа. Адријан Гаџа убедливо ,,згази'' сите стереотипи и покажа дека добрата музика не познава граници. Сакам да ве замолам да се тргнете настрана од национални навреди и препукување и сл. Слушајте музика, уживајте во неа и коментирајте.

Ова друго кажува :) Остај да не ја грдиме темата, нека си продолжат фановите понатаму...

Пошто едначеше глас со квалитет, да ти укажам во коментарот со кој ја најави темата за Гаџа пред неколку месеци. Црвеното со црното се контрадикторност :)
 
Последно уредено:
Ова друго кажува :) Остај да не ја грдиме темата, нека си продолжат фановите понатаму...
Точно, се сложувам не е доволно третиран знаеш ли зошто? затоа што неговата националност е таа и кај нас има еден проблем кој сите го знаеме. Тој направил тој прегледи но каде? направил во друга земја. Тоа болдот дали покажува дека јас сум кажал дека уживам? мислам дека сакаш да извлечеш нешто си кое ќе можеш демантираш за потоа да биде ај батали...доста е. Мислам дека убаво постот си има пишано музиката не познава граници, и ги има згазено стереотипите тој дел Слушајте музика, уживајте во неа и коментирајте. е наменето за оние кои навистина го почитуваат и го слушаат Гаџа. Друго нешто јас да те прашам како ти го доживуваш Даниел како пејач, и како личност? дали тебе ти причинува задоволство да го слушаш?
 
Dobro be,vie povekje znaete od zirito sto beshe na X Factor?Pa na sekoja otpeana pesna stanuvaa i bea vouduseveni od negovite izvedbi,posebno Kristina koja edvaj cekashe da go cue.

Nemal glas,lol.
 
Последно уредено:
Популарноста ја има, колку за спредба Даниел има 300 илјади фанови на фејсбук, а дечкото што ја пее Red со која се прослави има 80 илјади. Како ќе ја искористи зависи од него и среќата што ќе ја има.
 
Сајмон Коуел, ти си?

Ах мори мајко!
Дали не сфативте дека на таквите квази натпревари, каде у жирито ти се пејачи со една и пол песна, а обликата гласа со смс, нема случајности? Секоја реплика е однапред напишана, лошите во жирито се платени да бидат лоши, глупите да бидат глупи, а победникот се знае многу порано од прогласувањето?

Даниел е наш, но реков и пак ќе речам: дечкото е за во некој бенд како Бек ститс бојс или Нју кидс он д блок. Тој знае да пее, не е тоа во прашање. Но, но! За ѕвезда треба нешто повеќе од добар глас. Затоа и се вика ИКС фактор. По мое мислење, тоа тој го нема.
Ама ако погледнеме какви се’ креатури се ѕвезди, може и ќе успее.
И јас знам едн куп луѓе што пеат прекрасно и на кои на крај памет не им е да одат на таков циркус како Иксови или Идоли.[DOUBLEPOST=1396689577][/DOUBLEPOST]
Dobro be,vie povekje znaete od zirito sto beshe na X Factor?Pa na sekoja otpeana pesna stanuvaa i bea vouduseveni od negovite izvedbi,posebno Kristina koja edvaj cekashe da go cue.

Nemal glas,lol.

Леле, леле, аман не го брани! Жирито беа она јахачицата ЕМина, пилотот Кики, кој има два албума снимено у животот, ќерката татина и Жељко кој беше платен да биде лош. Тебе ова жири ти е компетентно?
 
Прва работа што јас лично имам приметено секој кој ќе победи на некакво си шоу секогаш во македонија се споредува со Тоше, како тој ќе гради светска кариера, како тој имал прекрасен глас како Тоше итн. Моабетот ми е тоа што Кајмаковски се преценува, народот го преценува а него секако тоа му е во ред. Друго нешто зарем ако издаде песни ќе биде подобар? точно ќе биде подобар но битно е како пее во живо студиската верзија на една песна не е тоа што го одредува неговиот талент, глас, туку кога ќе пее во живо. Друго нешто доколку си во можност одговори ми што за тебе преставува успех на еден пејач? Тоа што нема глас нема за мене лично нема едноставно мене неговото пеење не ми се допаѓа и тоа е тоа, прашање на вкус.

Прво и основно - едно е да речеш не ми се допаѓа стилот, друго е да речеш дека некој НЕМА ГЛАС. По што нема глас? Фалшира, утиња интонации, пее во погрешен тоналитет?
Едно е да не ти се допаѓа нечиј стил на пеење, друго е да тврдиш дека нема талент.
Гласот е факт. Сеа дали ти се допаѓа или не, тоа е друго прашање.
Немал глас.
Како бе така експертски кажуваш, а не е фактички точно?
Мене многу музичари не ми се допаѓаат, ама ќе кажам дека нивниот стил не ми се допаѓа, а не дека немаат глас значи...

Што е успех? За мене доволно е само нека ги премине границиве, пошто Македонија не заслужува да има ѕвезда.
Ќе се бунат големи патриоти што збори на српски, а овде не престанаа да зборат лошо за него.
 
Има солиден глас, тоа не е спорно......бидете малце реални.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom