Даниел Кајмакоски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Како бре така не бил роден за тоа?
Како бе? Како бе, вака кога ќе ми каже некој тој и тој не бил роден за тоа?
А бе има комисија на експерти кои одлучуваат кој за што е роден?
Го бива нешто онака за пеење, ама не бил роден за нешто за сериозно?
Шо, онака додека луѓето се во матката, доаѓа некој, чука по стомакот ко по лубеници и одредува кој за што ќе биде роден?
Секој може да успее, секој може да не успее. Има милион фактори кои тоа го одредуваат, а не аругментот “не бил роден за тоа“.
А да почекаме да издаде две песни, па да збориме?
А ако успее и направи нешто сериозно, што ќе кажеш?
Дека го замениле при раѓање, па пророчиците утнале??
Уште песна не издал човекот, више однапред бре сите знаете дека нема да успее.
Лелеееееееееееееее каков мерак на душава ќе ми се направи ако успее!!
Пошто се знае како одат тие муабети. Ако не успее - Ех, ете знаев ја нишо нема да биде од него. Ако успее - А бе леле што направил, големо чудо, види таму у Америка какви пејачи има, колку заработуваат, ова неговото ништо не е.
СТАНДАРД МАКЕДОНЧЕ!
Немал глас за слушање... НЕМАЛ ГЛАС!:pos::pos::pos:

Елементал имаат многу убава песна, се вика “Природа и друштво“.

Првиот стих од песната е: Ми тражимо земљака који у животу је нешто успео, али хвалимо га тек кад му се сандук у земљу спустио.

Со ова завршувам, па кој го сфати стихот ок, кој не, пак ок.
Прва работа што јас лично имам приметено секој кој ќе победи на некакво си шоу секогаш во македонија се споредува со Тоше, како тој ќе гради светска кариера, како тој имал прекрасен глас како Тоше итн. Моабетот ми е тоа што Кајмаковски се преценува, народот го преценува а него секако тоа му е во ред. Друго нешто зарем ако издаде песни ќе биде подобар? точно ќе биде подобар но битно е како пее во живо студиската верзија на една песна не е тоа што го одредува неговиот талент, глас, туку кога ќе пее во живо. Друго нешто доколку си во можност одговори ми што за тебе преставува успех на еден пејач? Тоа што нема глас нема за мене лично нема едноставно мене неговото пеење не ми се допаѓа и тоа е тоа, прашање на вкус.
 
Даниел не бил роден за пеење :facepalm: Ах бе Скајче а Адријан Гаџа е?

јас најсериозно се надевам дека Даниел ќе го искине македонското државјанство и ќе си се преориентира на пишување песни, компонирање во Белград и погоре, а зошто да не и соло кариера (првово го посочив поради тоа што тоа му беше примарна желба). Да беше Србин сеа вени ќе сечеше народов по него.
Океј чекај малце која е разликата помеѓу Адријан и Даниел? Мојата реална слика помеѓу овие два лика е следнава: Адријан тие човек кој си пее и не е форсиран од народот, додека пак кај Даниел е друга работа тој е исфорсиран од медиуми тоа е прва работа, втора работа е тоа што кај македончето што нема многу победи и желен за победа му се радува и на она што му го сервираат, па така Даниел е префорсиран, искрено се сложувам со тебе може комотно да земе да пасош, и да пее во Србија знаеш зошто? зошто само таму ќе го слушаат на друго место тешко. Друга работа Даниел пее не викам не но работата е што тој е ИСФОРСИРАН значи има преголема подршка од медиумите во Македонија и Србија, парата во денешно време се прави.
 
Зошто пак мора Кајмаковски да се спомнува и да се величи со Тоше? Тоше е една приказна кајмаковски е сосема друга приказна која немаат додирна точка помеѓу себе. Мислам дека не е во ред Тоше да се спомнува за некој пејач кој победил на некакво си шоу и при тоа да се нарекува како еј да ова е нашиот нов Тоше. Кајмаковски си е еден, Тоше е сосема друг човек, двајцата немаат додирна точка.
Значи јас не споредувам никој со никого поентата ми беше да го поддржиме а во мојот текст нема нигде никаква споредба сакав да кажам дека дајте еднаш да бидиме сложни да се сакаме и почитуваме а не направив никаква споредба,а не ни сакам да прават пошто то е мешање баби и жаби
 
Прва работа што јас лично имам приметено секој кој ќе победи на некакво си шоу секогаш во македонија се споредува со Тоше, како тој ќе гради светска кариера, како тој имал прекрасен глас како Тоше итн. Моабетот ми е тоа што Кајмаковски се преценува, народот го преценува а него секако тоа му е во ред. Друго нешто зарем ако издаде песни ќе биде подобар? точно ќе биде подобар но битно е како пее во живо студиската верзија на една песна не е тоа што го одредува неговиот талент, глас, туку кога ќе пее во живо. Друго нешто доколку си во можност одговори ми што за тебе преставува успех на еден пејач? Тоа што нема глас нема за мене лично нема едноставно мене неговото пеење не ми се допаѓа и тоа е тоа, прашање на вкус.

Уште немаш сфатено дека убавината на гласот не е пресудна за да имаш светска кариера? :) Кликни го Гангам Стајл и одговори си сам а прашањето.

Друго прашање кај се преценил Кајмакоски? Од то шо имам зачекано на телевизија, интернет ваму таму, не сум забележал дека некогаш сам се испофалил, се исфилмал. Ако сум пропуштил прати ми линк, со задоволство би видел.

Некогаш светската кариера е сплет на околности кои не зависат од квалитетот.
 
Мислам дека Ноне не победи на Идола како што се сеќавам беше 2ра
 
Океј чекај малце која е разликата помеѓу Адријан и Даниел? Мојата реална слика помеѓу овие два лика е следнава: Адријан тие човек кој си пее и не е форсиран од народот, додека пак кај Даниел е друга работа тој е исфорсиран од медиуми тоа е прва работа, втора работа е тоа што кај македончето што нема многу победи и желен за победа му се радува и на она што му го сервираат, па така Даниел е префорсиран, искрено се сложувам со тебе може комотно да земе да пасош, и да пее во Србија знаеш зошто? зошто само таму ќе го слушаат на друго место тешко. Друга работа Даниел пее не викам не но работата е што тој е ИСФОРСИРАН значи има преголема подршка од медиумите во Македонија и Србија, парата во денешно време се прави.
Адријан не е форсиран од народот, од татко му е, уште полошо. Ако викаш дека парата се правела тогаш и Адријанче треба да си го пикнеш во тој кош таму.

Даниел не е ништо повеќе форсиран од просечните македонски амеби кои мислат дека ако фатиле микрофон имаат глас и треба да пеат (Јоце Панов, Елвир Мекиќ...). Разликата е што Даниел има талент за разлика од погорниве за пишување песни (не плагијаторење) и најважно од се има глас дечкото. А за во денешно време да, треба да те подбутне некој за да успееш во музиката, не е се во гласот има еден куп фактори.

Не го разбирам и нема да го разберам хејтов кон Даниел. Вас всушност не ве нервира Даниел, туку ве нервира фан базата негова. Хејтајте ја фан базата, немојте дечкото. Со ништо досега не заслужил такво нешто, скромен и прибран. Не дозволувајте одредени личности кои што се сметаат за фактор во македонскиот се посељандурски интернет простор да ви формираат ставови.
 
Уште немаш сфатено дека убавината на гласот не е пресудна за да имаш светска кариера? :) Кликни го Гангам Стајл и одговори си сам а прашањето.

Друго прашање кај се преценил Кајмакоски? Од то шо имам зачекано на телевизија, интернет ваму таму, не сум забележал дека некогаш сам се испофалил, се исфилмал. Ако сум пропуштил прати ми линк, со задоволство би видел.

Некогаш светската кариера е сплет на околности кои не зависат од квалитетот.
Зарем Гангам Стајл е песна? јас не го рачунам тоа за песна. Моабетот мој е тоа што за мене Даниел нема некој убав глас за да седнеш фино лепо да пуштиш песни кај што тој пее и едноставно да уживаш, туку напротив мене мие одбивно кога пее едноставно не сум имал желба како и за останатите македонски "Ѕвезди" друго што ми е моабетот не дека тој се преценувал и сл. но работата е што медиумите тргни од Србија и од Македонија едноставно Даниел, Даниел, Даниел мислиш тоа тие некоја музичка легенда тоа веќе е исфорсираност, веќе тоа го преценуваат зошто? затоа што едноставно се вложува во него за на крај се знае која е целта = пари. Тоа него секако му одговара и тоа една голема грешка во Македонија што многу се форсираат личности кои не треба, во ред човекот пее, победил и? зарем цел Балкан треба да се :cuc: пред него пошто тој многу добро пеел, и победил на некое си шоу? Прашањето е дали тој човек навистина има толку квалитети за толку што е дигнато сето тоа? според мене не, затоа што едноставно многу е лошо кога се форсираат некои работи кои се наметнуваат на народот како херој, како некоја си музичка легенда и да, тоа е секогаш така кај нас така беше за Кристијан од Прилеп, така беше и за уште еден од идол, така беше и за Влатко лазановски кој го направија дека новиот Тоше, во ред колку имаме нови Тошевци?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: k3b
Јас само можам да го надополнам sky плукнисе во идоло , таленто или шо и да е на кој шо 95% фаној му се 13 14 годишни деца шо пајџа во несвес , па споредби со тоше и уште незнам кој глупости , кој даниел кој бутур кој кур фактор, океј победи али свако чудо за 3 дана

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Зарем Гангам Стајл е песна? јас не го рачунам тоа за песна. Моабетот мој е тоа што за мене Даниел нема некој убав глас за да седнеш фино лепо да пуштиш песни кај што тој пее и едноставно да уживаш, туку напротив мене мие одбивно кога пее едноставно не сум имал желба како и за останатите македонски "Ѕвезди" друго што ми е моабетот не дека тој се преценувал и сл. но работата е што медиумите тргни од Србија и од Македонија едноставно Даниел, Даниел, Даниел мислиш тоа тие некоја музичка легенда тоа веќе е исфорсираност, веќе тоа го преценуваат зошто? затоа што едноставно се вложува во него за на крај се знае која е целта = пари. Тоа него секако му одговара и тоа една голема грешка во Македонија што многу се форсираат личности кои не треба, во ред човекот пее, победил и? зарем цел Балкан треба да се :cuc: пред него пошто тој многу добро пеел, и победил на некое си шоу? Прашањето е дали тој човек навистина има толку квалитети за толку што е дигнато сето тоа? според мене не, затоа што едноставно многу е лошо кога се форсираат некои работи кои се наметнуваат на народот како херој, како некоја си музичка легенда и да, тоа е секогаш така кај нас така беше за Кристијан од Прилеп, така беше и за уште еден од идол, така беше и за Влатко лазановски кој го направија дека новиот Тоше, во ред колку имаме нови Тошевци?

Никој не го интересира на светско ниво што ти мислиш или јас или било кој дали Гангам е песна, ФАКТ е дека братот е пробиен на светско ниво и скоро сите од мало до големо го дознаеа и е попознат од многу други ѕвездички.

Од тоа што читам можам да сетам кај ти лежи маката. Прво и основно те нервира споредбата со Тоше, второ те нервира фан базата ко шо погоре ти рекоа и трето, те нервира тоа што чоекот има поддршка од медиумите. Икс фактор како манифестација сама по себе повлече расфрлање со многу пари и средства. Не ти е логично истите тие расфрлања на крај да се фокусираат во финалниот продукт, т.е негово промовирање затоа што тоа е крајот на едно патување, да го речиме така.

Да поставиш равенство меѓу Хико од Идол, Влатко и Даниел нз шо да ти речам, не ја гледам логикава. А рано е да го оценуваш Даниел дали има квалитет или нема. Како прво уште нема снимено авторски материјал. Шо ако се деси да му скоцка Желко песни на англиски, да му снимат скап спот и да постани не мора исто барем една третина од Бруно Марс? То отом потом. Си слушнал за Мјузик Фор Масис, па така и ова чудо од старт е градено да биди такво.
 
Што дочекав, Гаџа и Даниел во ист кош :нинџ:

Скај бе, со Autotune и ти ќе пееш како Гаџа
 
Бруно Марс ?? OMG :)))

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Адријан не е форсиран од народот, од татко му е, уште полошо. Ако викаш дека парата се правела тогаш и Адријанче треба да си го пикнеш во тој кош таму.

Даниел не е ништо повеќе форсиран од просечните македонски амеби кои мислат дека ако фатиле микрофон имаат глас и треба да пеат (Јоце Панов, Елвир Мекиќ...). Разликата е што Даниел има талент за разлика од погорниве за пишување песни (не плагијаторење) и најважно од се има глас дечкото. А за во денешно време да, треба да те подбутне некој за да успееш во музиката, не е се во гласот има еден куп фактори.

Не го разбирам и нема да го разберам хејтов кон Даниел. Вас всушност не ве нервира Даниел, туку ве нервира фан базата негова. Хејтајте ја фан базата, немојте дечкото. Со ништо досега не заслужил такво нешто, скромен и прибран. Не дозволувајте одредени личности кои што се сметаат за фактор во македонскиот се посељандурски интернет простор да ви формираат ставови.
Гледај сега очигледно според тоа што јас го пишував ти си створи слика дека мене некој ми го тупел мозокот дека вака Даниел, онака Даниел, итн. напротив јас и погоре кажав Даниел пее онака океј, според мене нема глас, и тоа е тоа значи тоа е мојот став кон него. Кога веќе сме кај фан базата да не зборувам нив јас ги доживувам како овие што гласаат на избори секогаш и секаде се со тој што ќе победи без разлика дали тој навистина заслужил или не битно он победил и тој е Македонска гордост. Секогаш уште од кога памтам било тоа така и навистина оди по малку и на нерви. Адријан Гаџа? па да јас се сложувам со тебе точно да тој е форсиран од татко му, татко му негов му дава парички си прави дечкото песни и си пее. Зошто добивам чуство како ти да мислиш дека јас го обожавам Адријан а Даниел не? Искрено кажано ниту двајцата не ги обожавам доколку сум отворил тема за Адријан воопшто не била отворено само поради тоа што сум бил фан туку заради тоа што сакав да има една тема за пејач кој пее и на Македонски и на Албански едноставно да биде тема која ќе биде од тој тип. Мислам дека разјаснивме околу тоа.
 
Бруно Марс ?? OMG :)))

Sent from my iPhone using Tapatalk
Шо омагосуваш. Не знајш на кај тера иднината. Балканот му е во рака дури е актуелен, како на ниту еден музичар, во масивност зборувам. На фб ги тепа над 315 000 фанови, што е една завидна бројка која нема да ја достигнеме ако ги собериме сите лајкови на политичарите во МКД.
 
според мене нема глас, и тоа е тоа значи тоа е мојот став кон него

Треба да си ГЛУВ за да кажеш дека нема глас дечкото, а знам дека не си глув. Можете да го хејтате за било што друго, ама за гласот...
Значи не можеш да имаш став негативен кон нешто толку очигледно, исто како да кажеш дека едно Ферари не е добро. Тоа веќе не е работа на вкус, туку е работа на инает.
 
Дали ти личи тебе тоа на хејт? не, туку работата е прашање на вкус мене едноставно неговото пеење не ми причинува задоволство и?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom