Е овие скандинавскиве готик ванаби метал бендови ми се дефинитивно најбезвезен дел од рок-музиката. Тотално промашено експериментирање со звуци, тотално убивање на оној звук на гитарата кој кај мене предизвикува ежење на кожата. Бесмислено, ко музика за јапонски цртан филм. Срамота е вакви групи да се нарекуваат метал, греота е за многу добри бендови од тој правец.
Најтвиш покрај музиката не ги можам ни ради Тарја и нејзиното покер фејс, за што и да пее. Може има феноменален глас ама коа ке и ја видам фацата не знам дали пее за љубов, за тага, за среќа или офка зошто ја фатил запек.
Најслаб бенд што до сега бил на тепет, за мој вкус.
Не е апдејтована листата, 5-6 изведувачи не се внесени, сум забораел, ќе средам да помини салам чколиово, ќе пребројам добро и ќе ја разлистам од почеток цела тема.Тотално неповрзано, ми се чини или во воведното мислење се испуштени некои што поминаа?
Мјуз ми се чини беа, а не ги видов.
Не е работата да имаме бендови или имиња кои се познати кои само ќе имаме дискусија еј да одлични се, еј одличен пејач е... и? работата е да се најдат некои бендови, музички имиња ете кои не се толку познати, на пример јас овие 2-3 песни слушнав и ги доживувам како нешто кое го слушаат повеќето тинејџери, тие тоа што го прават за мене е премногу меко...доколку беа некои навистина одлични ќе имаа од мене добра критика вака засега тоа е... Затоа не секогаш треба да има познати имиња за да се има добри коментари туку имиња кои ќе бидат помалку познати за тие што не ги знаат да ги запознаат, да дадат свое мислење за нив без разлика дали тоа се односи на добра критика или пак на лоша...Епа не ставајте такви "настрани" бендови, него нешто шо сите го знаат. Еве има луѓе првпат шо слушаат за нив и практично нема дискусија, само хејт.
Работата е тоа што повеќето не се ни обидуваат да дадат целосна оценка за тоа што е поставено, едноставно слушаш песни добиваш мислење и го пишуваш без разлика дали било добро или лошо.Не ме сфати, иронија беше моето. Зборот ми е дека вакви бендови што не ги знаат или не слушнале мнозинството на кајгана форум нема да добијат некој опис, доживување, оценка. Читнав неколку коментари дека првпат слушнале за бендот и не го бивало. Не ни очекувам поинаков тек. За да даде некој мислење треба нешто да слушнал од бендот колку толку нели? Тоа ти е исто како сега јас да пишам за Иги Поп и Стуџис, мене тоа ми е сра*e у боја, премногу е меко за мене , а нит сум слушнал нит ќе слушам такво нешто во мојот живот. Него ај да не расипувам, се извинувам на избацувањето.