Sungerot Bob
Живеј го животот
- Член од
- 7 август 2012
- Мислења
- 32.391
- Поени од реакции
- 36.508
Што се чудиш................ Македонско здраство е ова. Животните на ветеринар подобро ги третираат одколку нас...... али тоа е.
Да али како еднаш со дата,а другпат со име.Во Петок треба пак да одам.Ќе го замолам некој во меѓувреме ако знае каде ќе гостува некаде министерот во брзо време на телевизија.Да го пофалам малку сакамДа не почнувам да пишувам, крај ќе нема
Инаку нормално дека ќе те прашаат за датум бидејќи така им се класифицирани резултатите, во папки со дата. За останатото едноставно, тоа е тоа, за жал.
ДОјде и петок,но и замина и пак по старо.Се подготвувале.Од Вторник до Четврток ќе биле резултатите.Да али како еднаш со дата,а другпат со име.Во Петок треба пак да одам.Ќе го замолам некој во меѓувреме ако знае каде ќе гостува некаде министерот во брзо време на телевизија.Да го пофалам малку сакам![]()
„Мој термин“ со измени за поквалитетни услуги
Пациентите повеќе ќе нема потреба да одат кај нивниот матичен лекар за да го донесат заверениот упат кој е креиран при итен преглед во установа од повисоко ниво
Тоа, како што беше истакнато на денешната прес-конференција во Министерството за здравство го предвидуваат најновите измени во услугата „Мој термин“.
Со измените, упатот за кој веќе има електронски запис во системот по автоматизам ќе биде прифатен и поврзан со пресметката и останатите обврски на установата од повисоко ниво.
Втората новина се однесува на олеснување на упатувањето пациенти, односно при закажување контролни прегледи кај специјалисти или кај субспецијалист. Од сега контролните прегледи ќе ги закажува специјалистот или субспецијалистот кај кого се врши прегледот, односно упатот кој е издаден од матичниот лекар при првиот преглед ќе продолжи да важи до завршувањето на лекувањето, но најмногу една година.
Ова најчесто ќе се користи кај пациентите со хронични заболувања со што автоматски и при првата посета кај специјалист или субспецијалист за нив ќе се обезбеди термин за контрола. Така ќе се елиминира потребата овие пациенти да бараат слободен термин за нивните потреби.
Мој термин во никое нормално здравство не може да просперира, ама кога имаш стручњаци кои врска немаат од медицина ниту па влегле во клиника цел живот така ќе оди тоа.
И ќе не снајде Америка, каде ако немаш пари те оставаат на улица.Ништо не е бесплатно, некој шо плаќа здравствено осигурување 100 евра, плаќа да се лечи некој друг.
Се додека не се случат неколку реформи у здравството, нема да имаме здравство со кое ќе се туцаме у грудима дека е океј.
Првенствено, да има повеќе здравствени/социјални фондови.
Второ, да не биде задолжително да се биде член на било кој од тие фондови.
Трето, да има различни пакети на осигирување, со различно месечно плаќање. Пример: пакет 1 - 300 денари у кои добиваш матичен преглед. пакет 2 - 700 денари у кои добиваш преглед кај матичен и одредена група прегледи кај специјалист. And so on. You get my point.
Четврто, целосна приватизација на сите сектори од здравството.
Вака како шо е сега, се фураат кој колку направил, а за еден обичен преглед се чека со месеци. Као еј, ти не си итен случај. Ај да фатам метастази па да ме прегледате, а? И да ти се дерат лекари оти си чекал ред.
Денес имав прилика да одам у приватна очна ординација. Услуга на ниво. Јесте дека и 800 денари за преглед не е океј, а 100.000 за операција, ама доколку постојат приватни фондови врзани со приватни болници, тоа ќе го покриваат фондовите, на основа на пакетите кои ги плаќаме.
Со државно и однапред испланирано здравство, не не бива. Со било која државна институција не не бива.
А шо треба да не снајде? Југославија? Ако не сме сите исто богати, ај да сме исто сиромашни?И ќе не снајде Америка, каде ако немаш пари те оставаат на улица.
Кај нас здравството е вакво од една причина, корупција 20 години наназад и сеуште тераме со тоа. Системот е одличен кај нас, ама проблемот е во луѓето и тие што сакаат да го променат во суштина ништо не менуваат т.е ги менуваат директорите кои ги прават истите работи како и старите директори, а старите директори ги сместуваат на некои други позиции што се различни од Идризово.
Како сакаш да имаш добро здравство кога до сега ниту еден директор на фондот за здравство не е во затвор на робија од 20 години.
Приватизацијата само ќе ги влоши работите затоа што тој кој нема пари ќе си умре на буниште, а и која е таа будала во Македонија што ќе уплаќа во приватен фонд за некој друг да се лечи ? (Трифун Костов, Механџиски, некој од пратениците ) плаќаат здравствено затоа што е задолжително, а не затоа што сакаат.
Југославија имала добар здравствен систем, немој да мислиш дека приватен здравствен фонд ќе ја поправи работа, пред се од уплатените пари ќе гледаат да направат профит т.е да се коцкаат како што е моментално во Америка, ќе измислат една цела листа на болести што не требало да ги имаш и слични работи, па ако си болен од некоја болест треба да докажуваш дека си стварно болен, а не дека е превара нешто како кај осигурителните компании.А шо треба да не снајде? Југославија? Ако не сме сите исто богати, ај да сме исто сиромашни?