Сега го изгледав мечот.
- Во 20-та минута имаше расправија меѓу Џонс и Видиќ, гледам, никој не го спомнал тоа.
- Прекасно почнавме да ги притискаме во првото полувреме, го издржаа тој притисок од 10-тина минути.
- Времето на вториот пенал беше катастрофално.
- Чист пенал од Џонсон, кој да беше свирнат, верувам дека подруг тек ке имаше натпреварот
- Фланаган требаше да добие втор жолт
- Евра и Видиќ.
Пратете на сликите...
Со оваа раштимана одбрана, и недисциплина, толку.
Факт е дека Мојс не може да воведе диспциплина во тимот. Против Тотенхем напрвивме 10 фаули на 16 метри.
Сега Рафаел добива апсолутно непотребен жолт картон, во противничка половина, дури кај корнер знаменцето.
Минути подоцна, прави пенал, можеше и да го исклучи. 24 секунди во второ полувреме, несмасен пенал.
Рафаел прави уште еден старт врз Суарез, без да биде под притисок.
Ова е лош менаџмент.
Со просторот кој го остава Евра, мораше Џонс да игра до него, не Видиќ.
Затоа што, комбинирај го Видиќ и Евра, со Керик, добиваш бавна одбрана која не може да биде заштитена од средината, и бавна транзиција на топка од одбрана во напад. Контранапад не сме направиле уште од времето на Роналдо.
Јанузај и немаше така лош меч како што зборите.
За мечов конкретно, не игравме толку лошо, за да изгубиме 3-0. Кажав, ке кажам и пак, дајте му на Мојс уште една година, сезонава и така е отидена.
Нека намали со Јанузај и играње, прашање е колку може да го игра со оглед на годините.
Не помнам кога последен пат екипа добила 2 пенала на Олд Трафорд, а камо ли пак 3.
Ги гледав допирите на Ван Перси на MOTD, и 70% му се на крилната позиција. Па и ударот на гнасата, го промаши и дојде до Зублето.
Ова е среќа и ништо повеќе.
Ако ги тепаме Сити, само услуга ке им направиме на Челси и Ливерпул, а тоа никако не го сакам.
Свеедно ке ми биде ако изгубиме од нафташите, и онака дали ке завршиме 6-ти, 7-ми, 10-ти, ништо не ми менува.
Нека се мисли на новата сезона.