BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
Не, не мислам дека се тренирани како што треба. Имам и сама искусено какви нелуѓе чуваат кучиња. И ми се гади. Ама кај нас нема никаков закон да ги спречи.Со болдираниот дел можам да се согласам.
Ама кажи сега дали мислиш дека сите кучиња тренирани како што треба? Ма еве не сите, кажи дали мислиш дека макар и четвртина од кучињата се тренирани како што треба??
Не знам како е таму преку барата, а тука се зачудувам кога ќе видам власник кој не е влечен напред од кучето. Тоа кога воопшто се на поводник кучињата, а најголемиот број не се.
Не ме сфаќаj погрешно, дефинитивно сум ЗА закони кои ќе помогнат, ама верувај ми дека ограничувањето на расите ништо нема да смени. Само ќе остави голем број на луѓе несреќни затоа што ете решиле да имаат куче од тие раси и без разлика што го сакаат како нивно дете и се грижат за него подобро од повеќето луѓе во Македонија, ќе треба да им биде одземено.Затоа требаат закони за некако да се заштитат луѓето, преку регулација на тоа кој и како може да чува куче. Со тоа ќе се заштитат и кучињата, пошто ќе се намали можноста неодговорни сопственици да чуваат кучиња.
Како што има и закони со правила за поседување (и носење) на оружје.
Едноставно треба да им се забрани да чуваат кучиња на било кој што е кривично осудуван, душевно болни и малолетни (нормално ова не важи за кучиња тренирани од професионалци, па дадени на болни луѓе како службени кучиња). Втор филтер би бил задолжителен тест за однесување и социјализација на кучето. Или многу позаебани казни за несовесно чување на кучињата (отколку ова беззаконие што го имаме сега).
Сето тоа треба да биде во комбинација со задолжително чипување на кучињата и со тоа регулирање на одговорноста на сопствениците (кога ќе се случат несакани ситуации).
Еве што прочитав пред некој ден и се израдував Секако, тоа е само мал чекор, ама ако стапи во сила ќе биде супер.
Ама и јас еве сега нешто да те прашам. Еве викаме дека треба закони. Да, дефинитивно треба. Ама не е финтата само да се донесе закон. Луѓето треба да го почитуваат. Дали мислиш дека нашиве полицајци би се труделе барем да го спроведуваат законот? Ова оди далеку подлабоко отколку "немање доволно закони". Ете имаме закон за маски, никој не го почитува, а колку вкупно казни имаат пишано за тоа? Знам дека темата не е за тоа, ама треба многу работи се сменат.