тука не можиме да знаеме кога не ги познаваме сопствениците ниту кучката,ниту во каква околина се движи.............дали е извршено стерилизирање,можеби ја дрогираат цело време со лексилиуми или глупости,да не навлегувам сега многу
секоја раса има свои карактеристики,многу добро знаеме од кого да очекуваме лошо однесување,а и од старите речено е - во куче немај верба !
ете пробај диви го кутренце ретривер од мало со партали со ќотек со што сакаш,нема да реагира онака како реагира од добро познатите агресивни раси кои со уживање ќе го прифатат предизвикот и жарот на таквиот вид на игра или дресура
Ете за овие стереотипи зборувам! И ете зашто денес имаме агресивни ретривери, глеаш?Зашо голем дел од луѓето се вакви "познавачи". И немој да имаш доверба во куче- никако! И да, кучкава ја цело време ја држам на лексилиум за да не биде агресивна
Ама пошто неќеш да навлагаш, јас да навлезам малце!
Ова куче е најдено пред две недели, преплашено! Малтретирано, малтретирано... не постои опис на тоа колку е малтретирано! Користено како машина за борење и машиња за раѓање кутриња- толку треба да се знае за нејзините претходни сопственици и нивниот однос према неа. На кучево кога му се приближивме се тресеше од страв (овој страшен и опасен пит бул, исто така и агресовен, по дифолт тоа си доаѓа нели), опавчето у гз, главата у земја и буља у една точка. Ти мрдаш- кучето се штреца! Мисли ќе ја удриш! Малце храничка, малце трпение од наша страна да ни се приближи и да не душне, па почнавме да ја галиме... 15 минути беа потребни за да ни седне во скут, да ни ја стави главата на рамена и да мавта со опавчето! а после 20 минути почна со нејзиниот стандарден агресивен однос- да дели бакнежи, што е и најкарактеристично за оваа агресивна раса! Ќе не удавеше луѓе!!! Ќе не удавеше со лиги!!! Ете-не можеш доверба во куче да имаш! Може да те изненади со побивање на сите стереотипи што постојат за оваа раса... замисли! Агресивнава и борена питбулка, неколку ноќи преспа кај нас, стан со 3 малечки девојченца внатре, најголемото 9 години, замисли и нив ќе ги удавеше повторно со тие нејзини агресивни лиги! Опасна кучка... опасна!!! Типична за својата агресивна раса... волна да ти удостои со груба игра, да, факт, несмасна е кога рипа врз тебе и сака да се гали... тоа е тоа, мора да е од лексилиумите што и ги даваме
Замисли, после тоа моравме да ја сместиме во бокс надвор, кај што има над 14 мали кутриња, 1кучкаедно црно кутре со скршена нога... и 5-6 спасени од улица кои чекаат вдомување... сите во боксовите... и нив сакаше да ги изеде NOT!!! Да и тоа доста типично за нејзината агресивна раса, си влезе во боксот внатре и не ги ни изперцепира.
е сега, баш ради нејзиниот страшен карактер и нејзината агресивна генетика, (ја крстив Азра by the way) Азра си пронајде перфектен сопственик кој ќе ја чува онаква каква што е, сабота патува за новиот дом!
Ете ги тие стереотипи! Ете ја Азра која ќе ги сруши сите нив! Треба ли да се навраќам наназад и да ти кажувам и други приказни за други спасувања на "агресивни кучиња"?
И да не испадне рекла-казала муабетов-