Запамтете - hijacking =/= терористи.
Значи, ако авионот, откога исчезнал од радарот бил фатен на некој си сателити или не знам што после 7 СААТА, значи дека авионот летал дополнителни 7 саати со исклучени системи за дата тренсмишн и транспондерот кој ја дава моменталната локација на авионот.
Колку што јас знам, скоро невозможно е авион да лета без никакви инструкции и повратни информации од контролните авиациски кули (или како и да се викаат овие кули). Тоа ти е исто како да возиш кола со затворени очи.
Е сега, најлогична работа и не знам како никој до сега ја нема посочено, ако летал дури 7 саата плус, а ниту една единствена држава не го „пресретнала“, односно не го забележала на своите радари или било кои уреди што ги користат за тракирање на страни летачки уреди во нивната земја, претпоставувам дека летал дааалеку во Индискиот океан, а каде летал - никој нема да дознае.
Но терористи не се сигурно. Значи нема теоретски шанси авионов безгрижно да си летал над копно тие саати поради две причини. Првата е што ја спомнав погоре, а втората - едноставно ако некоја држава примети страно летало, неидентификувано, ловците одма ќе го пресретнат. Не можам да ја најдам дешавката на гугл, порано, кога некој залутан авион (патнички) од Х причини залутал на туѓа земја, и покрај неколкуте покушавања за контакт со истиот авион, тој не реагирал, за да некој ловец морал да го уништи истиот авион, за кој дури после дознале дека е патнички.
Некој спомна погоре зашто на 11ти Септември ова не се деси со ловциве. Едноставно, тогаш околностите беа други, а сега има многу по софистицирана и напредна технологија од пред 14 години кога се деси тоа.
Некој спомна погоре дека можеби му снемало гориво (керозин). Не верувам во ова, дека исто толку часа авионот му требало да стигне до оригиналната дестинација Пекинг. Исто некој спомна теорија дека друга Малезиска компанија го киднапирала

wattt. Баш напротив, акциите на Боинг малце паднаа колку што прочитав, после ова. Како што кажа Лет 3, ако е терористичко дејствие, тие ќе направат поголем скандал, ќе бараат откупи, ќе праќаат анонимни пораки, ќе биде фешти.
Исто овде прочитав теорија дека сакал да слета некаде кон Блискиов исток О.о. И ова нема шанси, според двете причини што ги наведов погоре, и клучната: Не е ова картинг количка па да ја возиш кај сакаш и да гледаш се пред себе. Без тие повратни информации и кореспондирање од авиациска контрола - авион НЕ МОЖЕ да лета (всушност пилотите би можеле да го управуваат авионот и без воопшто да гледаат што се дешава надвор). И втора работа, за која треба да си луд е така да се нафатиш да управуваш авион - нетракирани авиони имаат огромна шанса да се судрат со друг авион кој си ја следи дадената рута, па да настане невидена катастрофа. Значи, да го повторам очигледното - ова не е управување со кола или камион.
Можеби е некоја дешавка со пилотот, може да има 300 причини. Може се начукал чоекот, може го стегнало инфаркт, па другиов испаничил итн итн... Може уште иљада работи да се.