Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    739

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Доколку поаѓаш од американската интерпретација тогаш веројатно ќе се сложиш со сите нивни аргументи.
И двајцата гореспоменати дојдоа на позиција да загрозуваат нечии животи, откако одработија за американските интереси.

Доколку Бин Ладен не е фиктивен лик, како и Ал Каеда, која гледаме дека ја помагаат во Сирија, а тврдеа дека стои зад “најголемиот удар“. Затоа сите американски тврдења би ги земал со огромна доза на резерва.

И пак ќе повторам, ниту една личност, без разлика на позицијата, не е легитимна причина да се окупира цела една земја. Доколку проблемот бил во една таква личност, после смртта на дотичните, Американците требаше да ги напуштат а не окупираат земјите, што уште еднаш докажува дека нивниот интерес бил сосема друг отколку што сакале да мислиме дека е.
Си ги одработија задачите (Иран и СССР),но после излегоа од контрола и почнаа да прават многу проблеми.
Садам почна да се плетка со хемиски оружја и да прави проблеми и на земји блиски до америка.Па 91 година против Садам војуваше пола арапски свет заедно со Америте.Премногу проблеми,премногу бизниси загрозени, премногу сојузници загрозени(ако оставиш еден сојузнички режим или држава на цедило ризикуваш да ги изгубиш сите други што ги имаш) и голем потенцијал да се биде д гуд гај меѓу арапите и добивање на легитимитет на глобален полицаец.

Се сложувам со тебе дека го прават тоа од интерес,но не ради нафта или опиум (Афган) ко што конспириси теориите викаат.
Други работи се во прашање.Секој сака да има што поголемо влијание,да се пика каде може,да добива сојузници, да испаѓа морална вертикала, да става пријателски режими на власт итн...
Само во Ирак се прерачунаа....мислеа ќе го собрат Садам заедно со другите арапи, па ќе дојде на власт некој што ќе им биде наклонет и ќе им биде сојузник.....Ќе збореа како предводеле коалиција против злото,ќе добијат претседател кој што нема да им пречи - дури и ќе ги поддржува ќе тераа убави бизниси со нив бла бла бла и сите среќни и задоволни.....Убаво си го замислоја тоа арно ама прц- реализација 0.
Добија хаос и држава која што воопшто не функционира и еден куп изгубени животи и пари.

Садам кој ќе биде противтежа на Иран и нивен непријател им одговара - Садам што ќе бара рчка со сите други не.
Не дека ко симнаа од добрина (никаде не ни тврдам такво нешто) - едноставно стана преголема сметња и поголем потенцијал за проблеми од колку за корист.

Како го замислуваш ти повлекувањето на америчките трупи одма после симнувањето на Садам и талибаните и Осама (иако истите тек години после воените интервенции беа пронајдени) ? Одма преку ноќ оставање на пустошот позади ? Нов Виетнам ?

Само делумно си во право. Точна дека им помогнаа во војната, но да не заборавиме дека опасноста од северот сеуште постои и тие имаа 60 години да направат нешто после таа војна. Умре и диктаторот во меѓувреме. Нема промени.
Помошта на Америка во таа војна исто така не беше од морални побуди туку во полза на своите геостратешки интереси, а во тоа време беше борбата против сите комунистички режими. САД на големо ја искористи војската на Ј.Кореја во Виетнам.
Каде тврдам дека е помошта од морални побуди ?
Северот во моментот е некоја тампон зона на Кинезите.а и не е веќе толкава закана.Целиот регион си се развива и си функционира сосен нормално и покрај режимот таму.Си седи мадро дебелиот ....од време на време ќе покаже заби да покаже дека го има и тоа е тоа.И самиот знае дека ако почне нешто ни кинезите нема да застанат веќе позади него.Ако проба да фрли бомба тоа му е крајот.Се што прави тој сега е обиди да остане што подолго на власт и он и целата негова владеачка елита.Ако паднат нема каде да бегаат.
Порано пола свет беше комунистички и можеше да функционира некако - сега е целосно заборавен таму и тотално небитен.Дали за 10-20-50-60 години ќе падне кај и да е тоа и без да се изгуби еден американец.

Му гладува народот, земјата му е во среден век во многу сегменти.....нема зашто да трошат веќе животи и пари да се симнува.Светот иде напред и без нив.Нека го во неговиот двор и нека си организира избори со 100% излезност и 100% гласови за него :D
А зошто Кина се разви(ва)? :)
Доколку целта на САД беше помош во развојот на заостанати економии, таа помош не се остварува преку масовно бомбардирање. Тоа е во склоп на парадоксите како “хуманитарни бомби“, “бомби кои носат демократија“ и сл.
Пак не ме сфаќаш што сакам да кажам или ми ги извртуваш зборовите.Каде тврдам дека е целта помош во развојот на заостанатите економии ?
Само кажувам дека со самиот факт што јужниот дел на Кореа не доби комунизам со тек на времето стана силна и развиена држава на благосостојба.
И Кина станува такво нешто.....но Кина освен тоа што на власт има партија која што се нарекува комунистичка нема ништо друго комунистичко во нејзе.Инаку и Кина и покрај брзиот развој сеуште има големи проблеми и сеуште е земја на ефтина работна сила. Башка што е земја од 1,4 милијарди луѓе,па треба и да пројде некое време.
Запознај се можеби подобро со основните причини за војната во Виетнам.

Една реченица која вистински го отсликува Американскиот политички морал:

This is why he got America's support - he had a poor record on human rights but his rule was in the era of the "Domino Theory" and anybody who was anti-communist in the Far East was likely to receive American backing - regardless of their less than savoury background. Ngo ruled as a dictator along with his brother - Nhu. Their government was corrupt and brutal but it was also backed by America.
Америка ги поддржуваше сите антикомунистички движења и режими.Пак ќе кажам....никаде не кажувам дека Америте се нешто добри и морални и велкодушни....само воопшто не ги демонизирам и сфаќам дека си функционираат како и секоја земја која е суперсила од почетокот на историјата.
Е сега е друго време мораш да биде и гуд гај,па сфаќам дека на многу луѓе им идат и на курац со некои оправдувања,но во суштина не се ништо полоши од другите.

Приказната меѓу нив не започнува во моментот кога Русија или СССР превзема власт, туку од времето кога сите овие балтички држави на чело со Полска водеа експанзионистички војни на сметка на Русија и Шведска. За време на Полско-Литванскиот комовелт тие станаа единствената воена сила која некогаш успеала да ја освои Москва.
Тие ги правеле истите колежи врз Русите како и Турците кај нас
.

За време на 2 С.В. сите балтички земји учествувале со свои легиони на нацистичка страна во инвазијата на Русија.
Да повториме дека загинаа 20 милиони Руси во таа војна.

Ништо не е црно бело, ниту тие мали прдежи се така чисти и невини како што сега се прикажуваат.
Ајдеее дај да се вратиме во камено доба тогаш и од таму да расчистуваме кој кого прв мавнал....дали предокот на естонците прв му земал козата на тој на русити или обратно.Такви колежи секој народ има претрпено од други народи во тој период....

Да биле во СС дел од нив,но што претходеше на тоа ? Да не беше случајно советска окупација на нивните независни држави ? Што очекуваш да не се приклучи никој кон СС......
Па и французи и британци имаш во СС,а не пак народи кои до вчера се окупирани од Русите.
Тие мали прдежи не се невини како што не е ниту еден народ,но се доведени скро до екстинкција и целосна русификација...тоа е факт и никој народ не заслужува такво нешто.
 
Последно уредено:

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Вака и треба да се заврши. Ова е директен шамар на американската надворешна политика....
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.407
Има тука љубители на воената опција, еве овие се потрудиле да направат нешто:
http://www.mkd.mk/svet/vesti/prodolzhuva-trupanjeto-oruzhje-pred-referendumot-na-krim-video

Иначе интерсна ситуација имаме во тој регион. Може да се спореди со 41 и Барбароса. Истите Европски нации кои се во НАТО биле дел од операцијата Барбароса под нацистичка команда. Пропагандата на западот е слична на онаа на Гебелс.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
-Не знам колку сето ова ни е потребно. Не живеевме лошо. Нормално, не бевме богати но не бевме ни сиромашни. Ниту тој Јанукович не беше толку лош, само малку глуп. Поради будали кои создадоа хаос сега ни се заканува Русија но и војна, изјавила адвокатката Марина од Киев за српски Курир.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5FAD85D155A7B24194191F165B234B20
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Украинската војска се спрема да го завземе Крим.

http://gospravo.mirtesen.ru/blog/43251580096/Kiev-gotovitsya-k-shturmu-Perekopa[DOUBLEPOST=1394573992][/DOUBLEPOST]Украинската војска се спрема да го завземе Крим.

http://gospravo.mirtesen.ru/blog/43251580096/Kiev-gotovitsya-k-shturmu-Perekopa
Треба повише да се спремаат
Хитлер се подготвувал со години.
Треба спремање спремање, спремање......
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Забегувате бааги офтопик ќе пиете банови на сметка на куќата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Позади Украинска војска стои НАТО..;)
Дап, неколку стотини километри позади нив! :)

Или како што би рекол Црна Гуја:
[DOUBLEPOST=1394579168]
[/DOUBLEPOST]
Интересно, либерализмот како идеологија навистина има потреба од непријатели. Од кого ќе ослободува иначе?

Интересно е како од истото место се финансирани и национал социјализмот и болшевизмот. Кои нормално како тоталитарни режими, се противници на либерализмот. Таман погодено, пошто на либерализмот му требаат противници. Ако моментално нема противници, тогаш треба да се створат противници.

Судирот во Украина и не е судир на идеологии, пошто во Русија актуелен е токму либерализмот. По многу основи (ОК освен по сексуална основа) Русија е многу полиберална држава од американската. Што се случи со нативните Американци во Америка, доволно е од тоа да се почне, а наваму има и доста други работи на оваа тема.

Не, Русија е со изнудени потези во Украина, и навистина изгледа дека се користи за да ја одигра улогата на непријател... улога без која „либералниот„ запад изгледа не може да функционира.
Ако нема кого да го „ослободува„ како ќе биде „либерален„? :)
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.278
Поени од реакции
15.402
РУСКОТО МНР

Москва: САД со давањето заем на Киев ќе прекршат еден свој сопствен закон

Одлуката на Вашингтон да ѝ обезбеди финансиска помош на украинската влада што ја презеде власта со државен удар е против американските закони, соопшти руското Министерство за надворешни работи, барајќи од американските политичари да размислат за последиците од поддржувањето на радикалите во Киев, пренесува Раша тудеј.



Соборениот претседател на Украина, Виктор Јанукович, денеска изјави дека плановите на САД да им позајмат 1 милијарда долари на новите власти во земјата се нелегални.

„Имено, во согласност со измените воведени пред неколку години во еден закон од 1961 (акт на странска помош), обезбедувањето странска помош е забрането за ‘владата на која било земја чиј соодветно избран шеф на владата е соборен со воен удар или декрет’“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Така, според сите критериуми, обезбедувањето средства за нелегитимниот режим (во Киев), кој ја презеде власта со употреба на сила, е незаконско и ги преминува нормите на американскиот правен систем“, се додава во соопштението.

Според истиот законик, американскиот Конгрес ја замрзна финансиската помош за Египет по воениот удар во 2013 година, кој резултираше со соборување на претседателот Мохамед Морси.

Сепак, Министерството вели дека сфаќа дека американската страна „тешко дека ќе го признае овој очигледен факт“ поради ставот што го зазеде во однос на украинската криза.

„Американската администрација најверојатно ќе продолжи да ги затвора очите кон доминацијата на ултранационалистичките сили во Киев, кои почнаа лов на дисиденти низ целата земја, зголемувајќи го притисокот врз населението што зборува руски и врз нашите сонародници и заканувајќи им се на луѓето на Крим со казни поради нивната желба за самоопределување“, истакнува Министерството.

Зградата на руското МНР во Москва

Москва, исто така, ги повика оние што ги донесуваат одлуките во САД да размислат за можните последици од „несовесната попустливост кон радикалните нацистички ориентирани елементи во Украина“.

Државниот секретар на САД Џон Кери за време на неговата посета во Киев минатата недела најави дека Вашингтон подготвува заем од 1 милијарда долари за новите власти во Украина.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.994
Поени од реакции
13.198
Дап, неколку стотини километри позади нив! :)

Или како што би рекол Црна Гуја:
[DOUBLEPOST=1394579168]
[/DOUBLEPOST]
Интересно, либерализмот како идеологија навистина има потреба од непријатели. Од кого ќе ослободува иначе?

Интересно е како од истото место се финансирани и национал социјализмот и болшевизмот. Кои нормално како тоталитарни режими, се противници на либерализмот. Таман погодено, пошто на либерализмот му требаат противници. Ако моментално нема противници, тогаш треба да се створат противници.

Судирот во Украина и не е судир на идеологии, пошто во Русија актуелен е токму либерализмот. По многу основи (ОК освен по сексуална основа) Русија е многу полиберална држава од американската. Што се случи со нативните Американци во Америка, доволно е од тоа да се почне, а наваму има и доста други работи на оваа тема.

Не, Русија е со изнудени потези во Украина, и навистина изгледа дека се користи за да ја одигра улогата на непријател... улога без која „либералниот„ запад изгледа не може да функционира.
Ако нема кого да го „ослободува„ како ќе биде „либерален„? :)
Тоа и го има авторот наведено.
Западот сака да го искриви тоа и да го престави вака на пример.

Демонизирање на Путин, предрасуди кон русите како народ и Русија како земја.
Некои се противат кон Путин демек авторитивен е. Океј,а зошто не се противите на хиперсилната Америка и нивната самоволна политика? Нели демократијата треба да е присутна и во меѓународните односи, а сигурно тоа нема да се случи со самоволие на еден центар. Затоа Русија и Кина се борат за мултиполарен свет.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Америка има многу по...софистицирана медиумска кампања, прилагодена за публиката на која претставата и е наменета. Цел кабинет се менува за разно разни изјави, а за Обама се оставаат ударните изјави. Кај Русите, воглавно Путин дава изјави (нормално многу поретко од Америте).
Мислам дека Русија не посветува доволно внимание на медиумската војна (дури покрај напорите во последниве години).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Лазански известува од лице место:
- во војната болница во Симферопол го смениле директорот
- во Севастопол, разоружана е една касарна
- на приватните јахти во Јалта се виорат украински знамиња
- украинските војници на Крим имаат струја, вода и храна
http://www.politika.rs/rubrike/Svet/Rusi-blokirali-ukrajinske-kasarne.sr.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom