TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.832
- Поени од реакции
- 6.386
Си ги одработија задачите (Иран и СССР),но после излегоа од контрола и почнаа да прават многу проблеми.Доколку поаѓаш од американската интерпретација тогаш веројатно ќе се сложиш со сите нивни аргументи.
И двајцата гореспоменати дојдоа на позиција да загрозуваат нечии животи, откако одработија за американските интереси.
Доколку Бин Ладен не е фиктивен лик, како и Ал Каеда, која гледаме дека ја помагаат во Сирија, а тврдеа дека стои зад “најголемиот удар“. Затоа сите американски тврдења би ги земал со огромна доза на резерва.
И пак ќе повторам, ниту една личност, без разлика на позицијата, не е легитимна причина да се окупира цела една земја. Доколку проблемот бил во една таква личност, после смртта на дотичните, Американците требаше да ги напуштат а не окупираат земјите, што уште еднаш докажува дека нивниот интерес бил сосема друг отколку што сакале да мислиме дека е.
Садам почна да се плетка со хемиски оружја и да прави проблеми и на земји блиски до америка.Па 91 година против Садам војуваше пола арапски свет заедно со Америте.Премногу проблеми,премногу бизниси загрозени, премногу сојузници загрозени(ако оставиш еден сојузнички режим или држава на цедило ризикуваш да ги изгубиш сите други што ги имаш) и голем потенцијал да се биде д гуд гај меѓу арапите и добивање на легитимитет на глобален полицаец.
Се сложувам со тебе дека го прават тоа од интерес,но не ради нафта или опиум (Афган) ко што конспириси теориите викаат.
Други работи се во прашање.Секој сака да има што поголемо влијание,да се пика каде може,да добива сојузници, да испаѓа морална вертикала, да става пријателски режими на власт итн...
Само во Ирак се прерачунаа....мислеа ќе го собрат Садам заедно со другите арапи, па ќе дојде на власт некој што ќе им биде наклонет и ќе им биде сојузник.....Ќе збореа како предводеле коалиција против злото,ќе добијат претседател кој што нема да им пречи - дури и ќе ги поддржува ќе тераа убави бизниси со нив бла бла бла и сите среќни и задоволни.....Убаво си го замислоја тоа арно ама прц- реализација 0.
Добија хаос и држава која што воопшто не функционира и еден куп изгубени животи и пари.
Садам кој ќе биде противтежа на Иран и нивен непријател им одговара - Садам што ќе бара рчка со сите други не.
Не дека ко симнаа од добрина (никаде не ни тврдам такво нешто) - едноставно стана преголема сметња и поголем потенцијал за проблеми од колку за корист.
Како го замислуваш ти повлекувањето на америчките трупи одма после симнувањето на Садам и талибаните и Осама (иако истите тек години после воените интервенции беа пронајдени) ? Одма преку ноќ оставање на пустошот позади ? Нов Виетнам ?
Каде тврдам дека е помошта од морални побуди ?Само делумно си во право. Точна дека им помогнаа во војната, но да не заборавиме дека опасноста од северот сеуште постои и тие имаа 60 години да направат нешто после таа војна. Умре и диктаторот во меѓувреме. Нема промени.
Помошта на Америка во таа војна исто така не беше од морални побуди туку во полза на своите геостратешки интереси, а во тоа време беше борбата против сите комунистички режими. САД на големо ја искористи војската на Ј.Кореја во Виетнам.
Северот во моментот е некоја тампон зона на Кинезите.а и не е веќе толкава закана.Целиот регион си се развива и си функционира сосен нормално и покрај режимот таму.Си седи мадро дебелиот ....од време на време ќе покаже заби да покаже дека го има и тоа е тоа.И самиот знае дека ако почне нешто ни кинезите нема да застанат веќе позади него.Ако проба да фрли бомба тоа му е крајот.Се што прави тој сега е обиди да остане што подолго на власт и он и целата негова владеачка елита.Ако паднат нема каде да бегаат.
Порано пола свет беше комунистички и можеше да функционира некако - сега е целосно заборавен таму и тотално небитен.Дали за 10-20-50-60 години ќе падне кај и да е тоа и без да се изгуби еден американец.
Му гладува народот, земјата му е во среден век во многу сегменти.....нема зашто да трошат веќе животи и пари да се симнува.Светот иде напред и без нив.Нека го во неговиот двор и нека си организира избори со 100% излезност и 100% гласови за него
Пак не ме сфаќаш што сакам да кажам или ми ги извртуваш зборовите.Каде тврдам дека е целта помош во развојот на заостанатите економии ?А зошто Кина се разви(ва)?
Доколку целта на САД беше помош во развојот на заостанати економии, таа помош не се остварува преку масовно бомбардирање. Тоа е во склоп на парадоксите како “хуманитарни бомби“, “бомби кои носат демократија“ и сл.
Само кажувам дека со самиот факт што јужниот дел на Кореа не доби комунизам со тек на времето стана силна и развиена држава на благосостојба.
И Кина станува такво нешто.....но Кина освен тоа што на власт има партија која што се нарекува комунистичка нема ништо друго комунистичко во нејзе.Инаку и Кина и покрај брзиот развој сеуште има големи проблеми и сеуште е земја на ефтина работна сила. Башка што е земја од 1,4 милијарди луѓе,па треба и да пројде некое време.
Америка ги поддржуваше сите антикомунистички движења и режими.Пак ќе кажам....никаде не кажувам дека Америте се нешто добри и морални и велкодушни....само воопшто не ги демонизирам и сфаќам дека си функционираат како и секоја земја која е суперсила од почетокот на историјата.Запознај се можеби подобро со основните причини за војната во Виетнам.
Една реченица која вистински го отсликува Американскиот политички морал:
This is why he got America's support - he had a poor record on human rights but his rule was in the era of the "Domino Theory" and anybody who was anti-communist in the Far East was likely to receive American backing - regardless of their less than savoury background. Ngo ruled as a dictator along with his brother - Nhu. Their government was corrupt and brutal but it was also backed by America.
Е сега е друго време мораш да биде и гуд гај,па сфаќам дека на многу луѓе им идат и на курац со некои оправдувања,но во суштина не се ништо полоши од другите.
Ајдеее дај да се вратиме во камено доба тогаш и од таму да расчистуваме кој кого прв мавнал....дали предокот на естонците прв му земал козата на тој на русити или обратно.Такви колежи секој народ има претрпено од други народи во тој период....Приказната меѓу нив не започнува во моментот кога Русија или СССР превзема власт, туку од времето кога сите овие балтички држави на чело со Полска водеа експанзионистички војни на сметка на Русија и Шведска. За време на Полско-Литванскиот комовелт тие станаа единствената воена сила која некогаш успеала да ја освои Москва.
Тие ги правеле истите колежи врз Русите како и Турците кај нас.
За време на 2 С.В. сите балтички земји учествувале со свои легиони на нацистичка страна во инвазијата на Русија.
Да повториме дека загинаа 20 милиони Руси во таа војна.
Ништо не е црно бело, ниту тие мали прдежи се така чисти и невини како што сега се прикажуваат.
Да биле во СС дел од нив,но што претходеше на тоа ? Да не беше случајно советска окупација на нивните независни држави ? Што очекуваш да не се приклучи никој кон СС......
Па и французи и британци имаш во СС,а не пак народи кои до вчера се окупирани од Русите.
Тие мали прдежи не се невини како што не е ниту еден народ,но се доведени скро до екстинкција и целосна русификација...тоа е факт и никој народ не заслужува такво нешто.
Последно уредено: