Америте со право му влегоа на Садам 91.Нападна помала соседна и пријателска земја на Америка,а ги загрозуваше сите соседи,вкучувајќи го и нивниот сојузник С.Арабија (и Израел секако).Башка што типот стварно имаше хемиско и биолошко оружје кое и врз своите граѓани не му е страно да го пушти.
Само Америте направија голема глупост - не го докрајчија 91 година.Веројатно го префрлија интересот и ресурсите во Европа каде што баш тогаш падна комунизмот.Го оставија Садам за пополсе,али типот убаво ги заеба - навистина се ослободи од хемиското оружје и со самото тоа америчката инвазија во 2003 беше комедија.Знаеше и самиот Садам дека среќно се извлече првиот пат и дека Америте само чекаат погрешен чекор да му влезат и втор пат.
Па дури и тогаш можеа да направат солидна работа таму и да испаднат херои што го симнале злобниот диктатор,но типците заебаа гадно.Едноставно немаа појма,никаков план што да му прават на Ирак после Садам.Ирак во таква состојба стана многу плодно тло за сите паравоени формации и милиции што се формираа.
Америчката политика на блискиот исток е тежок fail.Ирак е најголемиот и тоа им е најголемата дамка во историјата до сега.
Бин Ладен им го нанесе најголемиот удар кој Америте некогаш го примиле.Тоа не проаѓа без одмазда.И навистина Бин Ладен бил во Авганистан во времето на инвазијата.....тоа што менувал локации за на крај да заврши во Пакистан тоа е друга работа.
Кога нападнаа срушија брутален режим кој директно ги помагаше типците што удрија на Америка.Секоја друга голема сила би постапила исто во таква ситуација.Сега Ал АКаеда мора да се крие и талибаните и на мочање да идат ко жени облечени у бурки за да не ги скине некој дрон од небо.Нема веќе кампови каде сакаш и регрути колку сакаш.
Доколку поаѓаш од американската интерпретација тогаш веројатно ќе се сложиш со сите нивни аргументи.
И двајцата гореспоменати дојдоа на позиција да загрозуваат нечии животи, откако одработија за американските интереси.
Доколку Бин Ладен не е фиктивен лик, како и Ал Каеда, која гледаме дека ја помагаат во Сирија, а тврдеа дека стои зад “најголемиот удар“. Затоа сите американски тврдења би ги земал со огромна доза на резерва.
И пак ќе повторам, ниту една личност, без разлика на позицијата, не е легитимна причина да се окупира цела една земја. Доколку проблемот бил во една таква личност, после смртта на дотичните, Американците требаше да ги напуштат а не окупираат земјите, што уште еднаш докажува дека нивниот интерес бил сосема друг отколку што сакале да мислиме дека е.
Тоа што не дозволија да го освојат комунистите јужниот дел.Толку треба....
Пред да дојдат Америте С. Кореа е на раб на победа и ја има освоено скоро цела Јужна. Тоа што дебелкото сега владее на пола земја,а не на цела е нивна директна заслуга.
Само делумно си во право. Точна дека им помогнаа во војната, но да не заборавиме дека опасноста од северот сеуште постои и тие имаа 60 години да направат нешто после таа војна. Умре и диктаторот во меѓувреме. Нема промени.
Помошта на Америка во таа војна исто така не беше од морални побуди туку во полза на своите геостратешки интереси, а во тоа време беше борбата против сите комунистички режими. САД на големо ја искористи војската на Ј.Кореја во Виетнам.
Виетнам не се разви баш ради тоа што американците ја изгубија војната - дојде комунизмот кој е до ден денес таму во држава која нема 50 години мрднато ниту чекор напред.
А зошто Кина се разви(ва)?
Доколку целта на САД беше помош во развојот на заостанати економии, таа помош не се остварува преку масовно бомбардирање. Тоа е во склоп на парадоксите како “хуманитарни бомби“, “бомби кои носат демократија“ и сл.
Запознај се можеби подобро со основните причини за војната во Виетнам.
Една реченица која вистински го отсликува Американскиот политички морал:
This is why he got America's support - he had a poor record on human rights but his rule was in the era of the "Domino Theory" and
anybody who was anti-communist in the Far East was likely to receive American backing - regardless of their less than savoury background.
Ngo ruled as a dictator along with his brother - Nhu. Their government was corrupt and brutal but it was also backed by America.
Во централноазиските држави Русите беа тие кои навистина се изградија....на балтикот е друга работа.Тоа е класична колонизација и уништување на народи.
Па Естонците пред 100 години биле исто бројни како сега,а освен во последните 15 години цело време имаат природен прираст.Замисли колку нив русите ги мазеле....
Приказната меѓу нив не започнува во моментот кога Русија или СССР превзема власт, туку од времето кога сите овие балтички држави на чело со Полска водеа експанзионистички војни на сметка на Русија и Шведска. За време на Полско-Литванскиот комовелт тие станаа единствената воена сила која некогаш успеала да ја освои Москва.
Тие ги правеле истите колежи врз Русите како и Турците кај нас.
За време на 2 С.В. сите балтички земји учествувале со свои легиони на нацистичка страна во инвазијата на Русија.
Да повториме дека загинаа 20 милиони Руси во таа војна.
Ништо не е црно бело, ниту тие мали прдежи се така чисти и невини како што сега се прикажуваат.