Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    739

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Очигледнот дека Русија има територијални претензии, досега никому не му дозволиле да се отцепи, а од неколку држави откинале делови.
Штотуку кажа оксиморон.

СССР се распадна без ниту една војна.
Сите денешни граници, насекаде во светот се оформени преку војни.


Во Чеченија уништија 80% од економските капацитети, а сега инсталираа проруски режим таму.

Затоа реков дека Русија е разбојничка држава.

Разбојништово започнало пред 100 години, тогаш русите се ширеа во целата околина.

Ако ги погледнеш демографските показатели, бројот на руси во сите СССР републики растел нагло.

Кој дел не ви е јасен ? Очигледна колонизација е во прашање, обид да се присвои цела околина.

Затоа Русија не може да стане светски играч , пошто се алчни за територии , кој може да верува на Русија ? Што добро сториле за нивните сојузници , ако воопшто ги имаат.
Сите тие републики кои ги спомна беа изградени за време на СССР, цели градови буквално од ништо се изградени, вклучувајќи огромни индустриски комплекси , комуникациска инфраструктура која го поврзува источниот брег на Азија со Европа, најдобар образовен систем згора на тоа технолошкиот развој на овие земји без Русија би бил невозможен.
Железницата во Полска ја изградија Руси и Германци, единственото подземно метро во Полска, во главниот град е подарок од Сталин.
Најголемата зграда која сега е симбол на градот Палацот на Културата и Уметноста е исто така подарок од Сталин и засекогаш ќе го симболизира нивното заедничко минато.

Во секоја земја има вакви примери.

А ако те интересира улогата на САД можеш да прочиташ каква репутација имаат во Латинска и Средна Америка.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Интересен текст на Александр Дугин, влијателен геостратег во Русија, близок на Путин.

Русскаја весна, конец света или глобальныј хаос
(сценарии развитија украинского кризиса и ситуации вокруг Крыма на ближајшују неделју)


Руски - Англиски
Интересно, но банкарската мафија попрво ќе иницира општа нуклеарна војна, отколку да се помири со тоа напишаното. Планот на Дугин целосно го игнорира Новиот Светски Поредок, невозможно е било што од тоа без директен судир со нив (или без целосна соработка).

BTW: http://www.amazon.com/Fourth-Political-Theory-Alexander-Dugin/dp/1907166653
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Интересна забелешка од Братот. Он вика соседите на Русија не треба многу да се бунат против нив оти во Советско време они ги иградиле и развиле. А кога некој ќе каже (во друга тема) дека СФРЈ е заслужна за индустријализацијата и економскиот развој на Македонија тогаш дрва и камење се фрлаат по нив.

Едно е резонско размислување, но ова веќе станува нелогично. Од заслепента љубов кон Русија вие го оспорувате правото на Балтичките земји и Полска да преземаат мерки на претпазливост и да се одбранат од Русите, што треба Пољаците мирни да седат дур Путин им се курчи пред граници, да дозволат и по петти пат во последните 200 години руска чизма да ги гази, па ставете се малце во нивна кожа, многу повеќе би ни одговарало како Македонци, кои делат иста тешка судбина со Пољаците отколку навивање за империјалистичките соништа на русите.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Во сите конфликти во кои што учествувале САД биле мотивирани единствено од сопствениот интерес.

Влегле во Ирак пошто Садам се фалел оти има нуклеарно оружје?
.
Америте со право му влегоа на Садам 91.Нападна помала соседна и пријателска земја на Америка,а ги загрозуваше сите соседи,вкучувајќи го и нивниот сојузник С.Арабија (и Израел секако).Башка што типот стварно имаше хемиско и биолошко оружје кое и врз своите граѓани не му е страно да го пушти.
Само Америте направија голема глупост - не го докрајчија 91 година.Веројатно го префрлија интересот и ресурсите во Европа каде што баш тогаш падна комунизмот.Го оставија Садам за пополсе,али типот убаво ги заеба - навистина се ослободи од хемиското оружје и со самото тоа америчката инвазија во 2003 беше комедија.Знаеше и самиот Садам дека среќно се извлече првиот пат и дека Америте само чекаат погрешен чекор да му влезат и втор пат.

Па дури и тогаш можеа да направат солидна работа таму и да испаднат херои што го симнале злобниот диктатор,но типците заебаа гадно.Едноставно немаа појма,никаков план што да му прават на Ирак после Садам.Ирак во таква состојба стана многу плодно тло за сите паравоени формации и милиции што се формираа.
Америчката политика на блискиот исток е тежок fail.Ирак е најголемиот и тоа им е најголемата дамка во историјата до сега.
Нападнале цела една земја поради само еден човек - Бин Ладен кој испадна дека се криел во сосема друга земја, но тие сепак останаа баш во Авганистан цели 15 години?
.
Бин Ладен им го нанесе најголемиот удар кој Америте некогаш го примиле.Тоа не проаѓа без одмазда.И навистина Бин Ладен бил во Авганистан во времето на инвазијата.....тоа што менувал локации за на крај да заврши во Пакистан тоа е друга работа.
Кога нападнаа срушија брутален режим кој директно ги помагаше типците што удрија на Америка.Секоја друга голема сила би постапила исто во таква ситуација.Сега Ал АКаеда мора да се крие и талибаните и на мочање да идат ко жени облечени у бурки за да не ги скине некој дрон од небо.Нема веќе кампови каде сакаш и регрути колку сакаш.

За каква помош збориш озбилно не ми е јасно, особено би сакал да чујам конкретни работи кои САД направило во Ј. Кореја да стане развиена земја?
Нуклеарната бомба ја мотивираше Јапонија да се развие? Виетнам.. не се развил бидејќи американците ја изгубиле таму војната?


.
Тоа што не дозволија да го освојат комунистите јужниот дел.Толку треба....
Пред да дојдат Америте С. Кореа е на раб на победа и ја има освоено скоро цела Јужна. Тоа што дебелкото сега владее на пола земја,а не на цела е нивна директна заслуга.
Виетнам не се разви баш ради тоа што американците ја изгубија војната - дојде комунизмот кој е до ден денес таму во држава која нема 50 години мрднато ниту чекор напред.[DOUBLEPOST=1394543783][/DOUBLEPOST]
Интересна забелешка од Братот. Он вика соседите на Русија не треба многу да се бунат против нив оти во Советско време они ги иградиле и развиле. А кога некој ќе каже (во друга тема) дека СФРЈ е заслужна за индустријализацијата и економскиот развој на Македонија тогаш дрва и камење се фрлаат по нив.

Едно е резонско размислување, но ова веќе станува нелогично. Од заслепента љубов кон Русија вие го оспорувате правото на Балтичките земји и Полска да преземаат мерки на претпазливост и да се одбранат од Русите, што треба Пољаците мирни да седат дур Путин им се курчи пред граници, да дозволат и по петти пат во последните 200 години руска чизма да ги гази, па ставете се малце во нивна кожа, многу повеќе би ни одговарало како Македонци, кои делат иста тешка судбина со Пољаците отколку навивање за империјалистичките соништа на русите.
Во централноазиските држави Русите беа тие кои навистина се изградија....на балтикот е друга работа.Тоа е класична колонизација и уништување на народи.
Па Естонците пред 100 години биле исто бројни како сега,а освен во последните 15 години цело време имаат природен прираст.Замисли колку нив русите ги мазеле....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Хаха, само најголемиот наивчина може да верува дека 9/11 е дело на било кој друг освен самите Амери (банкарите поточно). И демек Ирак бил нападнат заради бранење на пријателската мала земја Кувајт и заради заштита на цивилното население од хемиското оружје на Садам!
Ах, каква наивност. :)
 
N

new tab

Гостин
Кога ги читам овие про американски и про натовски коментари ме потсетуваат на синовите од "mom going black".
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Хаха, само најголемиот наивчина може да верува дека 9/11 е дело на било кој друг освен самите Амери (банкарите поточно). И демек Ирак бил нападнат заради бранење на пријателската мала земја Кувајт и заради заштита на цивилното население од хемиското оружје на Садам!
Ах, каква наивност. :)
Рептилите каде ти се ? :ROFLMAO: Без нив не иде причата......
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Во денешно време не треба да бидеш Анјштајн за да ти бидат јасни овие геополитички игри.Тој што не ги гледа,или не сака да ги види,или е непоправливо глуп.Испран мозок,ако сакате..

Наидов на една интересна тема на форум.хр,под наслов, "Ukrajina - ključna zemlja svjetskog poretka"..
Naslov ove teme može izgledati tendenciozan ili prenapuhan, no to nipošto nije budući da ću u nastavku iznijeti činjenice koja ukazuju na to da je upravo Ukrajina zemlja posredstvom koje će Sjedinjene Američke Države u vrlo skorom razdoblju uznastojati na potpunom slabljenju Ruske Federacije i konačnom ostvarenju strategije SAD-a kao jedine i neprijeporno dominantne sile 21. stoljeća.
Воведните постови се напишани пред точно 5 години.

http://www.forum.hr/showthread.php?t=409621
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Рептилите каде ти се ? :ROFLMAO: Без нив не иде причата......

Сериозен си дека терористичка организација како Ал Каеда толку лесно може да киднапира авион (ај ова лесно е) и уште полесно да влезе во најчуваниот воздушен простор на светот и така лесно да урне две згради и да удри во Пентагон ?

Нема логика.


П.С Во склоп на темава

http://www.eubusiness.com/news-eu/ukraine-russia-us.ub1
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.950
Поени од реакции
34.304
Не е несериозен, глуп е.
Глупоста не мора да биде пропратена со неинтелегенција (не дека асоцирам дека дечкото е интелегентен, само оставам простор дека можеби е). Тврдоглавост да се погледаат фактите, кога истите се на тацна сервирани, е секако глупост.

Јеби га, a што ќе научиш ако едукацијата најверојатно ти се состои од гледање акциони (воглавно амерички) филмови и гледање вести од CNN?

Toa e тоа, Америте го окупираа Ирак заради неправдата со малиот демократски Кувајт од страна на лошиот диктатор Садам кој имал нукларно оружје (кое не успеаа ни да го подметнат пошто инспекциите беа меѓународни). Авганистан го окупираа за да го фатат Обама, да го спречат да им урива згради со цивилни авиони. Воено ги нападнаа неколку десетици држави низ светот заради светскиот мир!
Еве сега сите нас од цел свет не „спасуваат„ од лошите експанзионистички Руси кои сакаат да го повампират Советскиот Сојуз. :)
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Америте со право му влегоа на Садам 91.Нападна помала соседна и пријателска земја на Америка,а ги загрозуваше сите соседи,вкучувајќи го и нивниот сојузник С.Арабија (и Израел секако).Башка што типот стварно имаше хемиско и биолошко оружје кое и врз своите граѓани не му е страно да го пушти.
Само Америте направија голема глупост - не го докрајчија 91 година.Веројатно го префрлија интересот и ресурсите во Европа каде што баш тогаш падна комунизмот.Го оставија Садам за пополсе,али типот убаво ги заеба - навистина се ослободи од хемиското оружје и со самото тоа америчката инвазија во 2003 беше комедија.Знаеше и самиот Садам дека среќно се извлече првиот пат и дека Америте само чекаат погрешен чекор да му влезат и втор пат.
Па дури и тогаш можеа да направат солидна работа таму и да испаднат херои што го симнале злобниот диктатор,но типците заебаа гадно.Едноставно немаа појма,никаков план што да му прават на Ирак после Садам.Ирак во таква состојба стана многу плодно тло за сите паравоени формации и милиции што се формираа.
Америчката политика на блискиот исток е тежок fail.Ирак е најголемиот и тоа им е најголемата дамка во историјата до сега.
Бин Ладен им го нанесе најголемиот удар кој Америте некогаш го примиле.Тоа не проаѓа без одмазда.И навистина Бин Ладен бил во Авганистан во времето на инвазијата.....тоа што менувал локации за на крај да заврши во Пакистан тоа е друга работа.
Кога нападнаа срушија брутален режим кој директно ги помагаше типците што удрија на Америка.Секоја друга голема сила би постапила исто во таква ситуација.Сега Ал АКаеда мора да се крие и талибаните и на мочање да идат ко жени облечени у бурки за да не ги скине некој дрон од небо.Нема веќе кампови каде сакаш и регрути колку сакаш.
Доколку поаѓаш од американската интерпретација тогаш веројатно ќе се сложиш со сите нивни аргументи.
И двајцата гореспоменати дојдоа на позиција да загрозуваат нечии животи, откако одработија за американските интереси.

Доколку Бин Ладен не е фиктивен лик, како и Ал Каеда, која гледаме дека ја помагаат во Сирија, а тврдеа дека стои зад “најголемиот удар“. Затоа сите американски тврдења би ги земал со огромна доза на резерва.

И пак ќе повторам, ниту една личност, без разлика на позицијата, не е легитимна причина да се окупира цела една земја. Доколку проблемот бил во една таква личност, после смртта на дотичните, Американците требаше да ги напуштат а не окупираат земјите, што уште еднаш докажува дека нивниот интерес бил сосема друг отколку што сакале да мислиме дека е.


Тоа што не дозволија да го освојат комунистите јужниот дел.Толку треба....
Пред да дојдат Америте С. Кореа е на раб на победа и ја има освоено скоро цела Јужна. Тоа што дебелкото сега владее на пола земја,а не на цела е нивна директна заслуга.
Само делумно си во право. Точна дека им помогнаа во војната, но да не заборавиме дека опасноста од северот сеуште постои и тие имаа 60 години да направат нешто после таа војна. Умре и диктаторот во меѓувреме. Нема промени.
Помошта на Америка во таа војна исто така не беше од морални побуди туку во полза на своите геостратешки интереси, а во тоа време беше борбата против сите комунистички режими. САД на големо ја искористи војската на Ј.Кореја во Виетнам.

Виетнам не се разви баш ради тоа што американците ја изгубија војната - дојде комунизмот кој е до ден денес таму во држава која нема 50 години мрднато ниту чекор напред.
А зошто Кина се разви(ва)? :)
Доколку целта на САД беше помош во развојот на заостанати економии, таа помош не се остварува преку масовно бомбардирање. Тоа е во склоп на парадоксите како “хуманитарни бомби“, “бомби кои носат демократија“ и сл.

Запознај се можеби подобро со основните причини за војната во Виетнам.

Една реченица која вистински го отсликува Американскиот политички морал:

This is why he got America's support - he had a poor record on human rights but his rule was in the era of the "Domino Theory" and anybody who was anti-communist in the Far East was likely to receive American backing - regardless of their less than savoury background. Ngo ruled as a dictator along with his brother - Nhu. Their government was corrupt and brutal but it was also backed by America.

Во централноазиските држави Русите беа тие кои навистина се изградија....на балтикот е друга работа.Тоа е класична колонизација и уништување на народи.
Па Естонците пред 100 години биле исто бројни како сега,а освен во последните 15 години цело време имаат природен прираст.Замисли колку нив русите ги мазеле....
Приказната меѓу нив не започнува во моментот кога Русија или СССР превзема власт, туку од времето кога сите овие балтички држави на чело со Полска водеа експанзионистички војни на сметка на Русија и Шведска. За време на Полско-Литванскиот комовелт тие станаа единствената воена сила која некогаш успеала да ја освои Москва.
Тие ги правеле истите колежи врз Русите како и Турците кај нас.

За време на 2 С.В. сите балтички земји учествувале со свои легиони на нацистичка страна во инвазијата на Русија.
Да повториме дека загинаа 20 милиони Руси во таа војна.

Ништо не е црно бело, ниту тие мали прдежи се така чисти и невини како што сега се прикажуваат.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.994
Поени од реакции
13.198
Оделете малце време и прочитајте ја теоријава.
Значењето на оваа војна против Русија е последниот обид да се спаси либерализмот од имплодирање. Па така, либералите треба да ја дефинираат путиновата Русија идеолошки, таа ќе биде дефинирана како непријател на отвореното општество. Но во речникот на модерните идеологии има само три главни верзии. Либерализам, комунизам и фашизам (нацизам). Очигледно е дека либерализмот е претставен од сите освен Русија, (САД, НАТО, Евромајдан, хунатата во Киев). Па така ги ресетира комунизмот и фашизмот. Путин е советски агент од КГБ. Оваа слика ќе биде продавана на најглупата западна публика. Но некои аспекти од патриотската реакција од страна на проруските и антибандерското (Степан Бандера лидер на ОУН-УПА, формација за време на Втората светска војна кој извршува злосторства против Полјаците, Русите и Белорусите за време на нацистичката окупација на СССР. Правиј сектор или Десниот сектор кој го изврши државниот удар во Украина се директни следбеници на оваа организација. Има своја формација во редовите на нацистите наречена Галичина СС – м.з.) население со актите на одбрана на спомениците на Ленин и истакнувањето на портрети од Сталин, ќе ја потрепат оваа слика. Нацизмот и фашизмот се далеку од Путин и модерната Русија, но рускиот национализам и рускиот империјализам ќе бидат испровоцирани и разбудени во екот на креирањето на Големото Зло (Русија). Па така Путин е националист, фашист и империјалист. Ова ќе проработи на другите западни општества. Путин може да биде двете, комунист и болшевик во истото време, па ќе биде претставен како национал-болшевик (но тоа е малку комплицирано да се продаде на комплтно игнорантната постмодерна западна публика). Очигледно е дека во реалноста, Путин не е ниту комунист ниту фашист ниту двете. Тој е политички реалист (во смислата на интернационалните односи, тоа е причината зошто тој го сака Кисинжер и Кисинжер го сака Путин). Тој нема никаква идеологија. Но тој ќе биде обврзан да ја креира идеолошката рамка. Тоа не е негов избор. Такви се правилата на играта. За време на војната против Русија, Путин ќе биде ставен во рамка и тоа е најинтересниот и најстрастниот аспект на целата ситуација.


Ги гледаме резултатите од теоријава веќе во пракса, тука кај некои членови преку нивните мислења.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Секој што бара морални побуди во дејствата на големите светски сили е, благо речено, наивен.

Сето ова е точно. Дека либерализмот е алатката со која што ќе се контролира човештвото е јасно. Либерализмот е сон на секој што се води од "раздели, па владеј", од причина што разделува на најмали единки, индивидуи. Но, секој борец против либерализмот, каков што е и авторот, заборава дека подемот на таа идеологија најмногу се должи на човековата природа. Генетски човекот е себичен, материјалистички. Во историјата се создадени многу колективистички, анти-индивидуални општества и секогаш пропаѓале од причина што човекот не е колективистичко животно. Секогаш ќе се најде некој кој ќе работи за свој личен интерес, наспроти интересот на колективот. На кратко, триумфот на либерализмот, глобализмот и технократијата е неизбежен. Хипотетички, некоја глобална елита го турка човештвото во тој правец, но поентата е дека тие и ништо да не превземат, ние сами ќе стигнеме до таа точка. Се извинувам за оф-топик.
 
N

new tab

Гостин
Јанукович ако го читаш оваа дај склони се малку настранично сега Путин го има главниот збор,ти беше премногу мек да не кажам либерален и ја посра целава работа,така да...терај си работа твоето време помина земи семки и седни у некое ќоше и остави го Владимир Владимирович да команда од тука натаму. п.с.Не сум русофил него сум за противтежа на овие фашистиве демократски на к*р ми се качија више.
 
Последно уредено од модератор:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.994
Поени од реакции
13.198
Секој што бара морални побуди во дејствата на големите светски сили е, благо речено, наивен.



Сето ова е точно. Дека либерализмот е алатката со која што ќе се контролира човештвото е јасно. Либерализмот е сон на секој што се води од "раздели, па владеј", од причина што разделува на најмали единки, индивидуи. Но, секој борец против либерализмот, каков што е и авторот, заборава дека подемот на таа идеологија најмногу се должи на човековата природа. Генетски човекот е себичен, материјалистички. Во историјата се создадени многу колективистички, анти-индивидуални општества и секогаш пропаѓале од причина што човекот не е колективистичко животно. Секогаш ќе се најде некој кој ќе работи за свој личен интерес, наспроти интересот на колективот. На кратко, триумфот на либерализмот, глобализмот и технократијата е неизбежен. Хипотетички, некоја глобална елита го турка човештвото во тој правец, но поентата е дека тие и ништо да не превземат, ние сами ќе стигнеме до таа точка. Се извинувам за оф-топик.
Авторот е професор и доктор во оваа област. Сигурно не заборава, ниту не му се познати идеологиите.
Има различни теории.Зависи која сакаш да биде точна за твојата аргументација.
Ти ги наведе Хобс и Лок,на нивните дела се заснова целиот западен социјален живот.
Но ги забораваш Русо, Аристотел и Платон. Последниве двајца се од преважно значење за човештвото, човекот треба да се стреми кон живот во заедница а не како инвидуиа, доколку човекот би живеел како индивидуа немаше да има никаква цивилизација, се ќе се сведуваше на војување еден против друг(човек на човека е волк теорија која ја истакна Вебер).
Единствено нешто што има после тоталната победа на либерализмот е анархизам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom