UEFA Лига на шампиони 2013/14

Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Во Евертон беше дм, па Мојс го стави десетка кога му замина Кејхил и тогаш се изнадава голови, сега пак е дм кај нас, како и за Белгија. Супер играч е он, борбен, пргав, језда е преплатен ама во Англија се е напумпано...
Абе знам него муабетот ми е дека фали играч како Пол Сколс, лидер во средината, Керик и поготово Фелаини не се тоа тоа, баш затоа и пишав што играч е Фелаини..

Се губат веќе таквите играчи како Сколс, последни се Џерард и Лампард.. Сеа од поновава генерација може Вилшер да се стави во тој ранг и можда Хендерсон... Клеверли мислев дека ќе го биде ама ништо очигледно уште еден напумпан талент од англискиве медиуми.. Од Снајдер се откажавте заради него. :facepalm:[DOUBLEPOST=1393631805][/DOUBLEPOST]
Уствари е играч кој треба да даде цврстина во одбрана, да одзема што е можно повеќе топки, да учествува во воздушни дуели... нешто што Керик не го може, но доколку е во добра форма, може многу добро да се надополнуваат Фелаини и Керик.
Абе во ред, ама пак не е тоа тоа, не се борбени и двајцата, џабе се толкави магариња.. Не заебавај Фелаини со таа висина треба да биде стуб у средина а не патарушка.. Пол Сколс со 1.60 тројца играчи на грб качуваше... Далеку се двајцата од Сколс-Кин.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.809
Поени од реакции
44.126
Значи не е кривицата до Мојс цело време ко што се прави на форумов, али трол фудбал генерации па ајде ќе сфатам, он одма виде кои се дрвата, доказ е дека се ослободи од Андерсон веднаш и сакаше да се ослободи од Јанг, ама немаше голем простор за маневар во јануари. Да беше Мата eligible за ЛШ ќе се ослободеше и од него, ама не можеше, составот ќе беше претенок плус Аднан колку и да е добар, се уште е дете.

Мојс ќе е за плукање ако му се остварат желбите за трансфери и пак не оди како што треба. Тој е менаџер што го изигра Фергусон како мало дете тактички повеќе пати него Мурињо и Гвардиола заедно. Знаеше типот дека средината е лоша, кога игравме против Евертон, ставаше тројца во средина и чао пријатно, ама летово се смени и директорскиот борд во клубот и исто како кога се сменија газдите во 2005, проаѓа низ турбуленции додека се оформат конекциите меѓу главните лица. Летово лош беше трансфер периодот, човекот бараше најмалце двајца во средина и лев бек. Ова значи се кариките преку кои Мојс му кинеше бодови на Фергусон во ПЛ. ДМ му донесоа, другиве двајца не успеаа. Фелаини по повредата многу добро игра. Ама си фали везњак како Сколс.

Заклучок, и после летово ако настави фијасково, треба да си оди Мојс, ама ако се сврти друг лист, тоа ќе биде веќе друга работа.
Не е до толку светец колку што испадна после постов. :D Јас ја разбирам потребата да го бранете, сите што го бранете од фан клубот наш, ама реално за многу работи е самиот тој крив.

Еве мора да почнам од видеото со Кагава. Не знам кој го изгледал, ама на видеото баш се гледа колку Манчестер пати од фудбалот што го игра Дејвид Мојс. Значи гледа цела сезона дека не оди со анти фудбалот што го игра, 4-4-2 класик, со нафрлувања цело време и се на се на 3 утакмици можеби има остапено од тоа. Прво, Јанг колку и да гледал во земјата и колку и да е дрво, ако добил од Мојс и стручниот ни штаб инструкции да центрира тој ќе оди да центрира. А Кагава долу 12312 пати ако сака нека му се отвори и нека испадне во празно. Јас пишав и кај нас во фан клуб, менаџерот е тој што ја спрема тактиката, менаџерот е тој кој одредува по која страна ќе се игра и на кој начин ќе се напаѓа, менаџерот е тој кој дава наредби тимот да игра поповлечено или поофанзивно. Мојс е тој кој им кажал да играат на центаршутеви. Јас не гледам ништо фудбалско во овој Манчестер. Акција немаме направено 101 година, а реално имаме тим за да сврземе 5 паса. Па сезонава научна фантастика стана Манчестер Јунајтед да направи акција со повеќе од 8 додавања. Освен кога противниците си се бранат, па нашите кружат бесцелно. Поставеноста на игрчаите исто - никаква. Ван Перси неможе да дојде до топка, ради фудбалот што го играме, а лани знаеше и да повлече и да направи полу контра и да организира напад и се. Сезонава е целосно отсечен. Руни и Ван Перси немаат акција направено меѓу себе, имаше утамица се на се имало 5 паса меѓу нив. Па тоа е смешно да не знаеш да искористиш такви играчи, на сметка на безвеза центаршутеви. Го имаме Кагава, колку и да не е физички спремен, Кагава е далеку од лош и секогаш кога игра е подобар од повеќе од пола тим. Креативец ипол, а ние плачеме по таков. :)

Друго, прво оправдувањата на фановите на Манчестер беа "не му судете во Октомври, има време до Мај, на крај на сезона ќе покаже колку го бива" и сеа на некој паметен му текнало "абе чекај, Мојс треба да си го направи тимот по негово, ова не е тим по негово" и ајде сега со ова ќе го бранеме. Не дека сеа сакам нешто лично да кажам за било кој, ама ова се ептен класик Манчестер Јунајтед фанс оправдувања. Наредната сезона ако ја моче, пак ќе се најде нешто, битно да го бранеме своето. Секогаш сме биле такви.

Еве дојде Март од денеска. И јас не гледам еден единствен прогрес кај Дејвид Мојс. Потпишал нов договр со Нани, големо чудо еј, Нани нема играно од 2009та. Потпишал нов договор со Руни, за Руни сум 100% сигурен оти ја има засерено со стариот и било кој друг да дојдеше пак ќе потпишеше нов договор. Еве, ми текна една арна работа уствари, му даде шанса на Јанузај и почне да го игра реднвно. Ама џабе кога нема никаков прогрес во играта, кога оди со глава во ѕид со 4-4-2 формацијата и кога уште нема стекнато никаков авторитет над играчите. Освен тоа, не знае ни изјава да даде бе, ама ајде нека е. Јас искрено, знам оти ќе добие шанса сигурно, ама јас не гледам зошто би ја добил истата.

Да не правиме муабет за сите рекорди кој ги изруши, за тоа како 20 години по ред сме редовни во ЛШ и сеа за прв пат нема да играме и така натаму и така натаму. :) Демек Ливерпул има појак тим од нас, па да ни бега 11 поени. Не, не и не.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Ajde kagawa vo milan kaj honda

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Не го браниме нигде, нејќам да испадне така после мојот пост, ниту па светец некаде го направив, ама мора некаде реално да се гледа на работите. Уште од старт не му беа дадени условите за работа кои ги посакуваше, па секој тренер кој презема клуб си бара играчи кои треба да му ги донесат. Каков прогрес да имаш ти со фудбалери ко Клеверли, Јанг, Валенсија? Трио фантастико е ова. Средината нас ни изглеа на средина кога играат Керик и Фелаини, ама не можат тие секоја да ја играат. Флечер кога се врати добро играше, можам да кажам еден од ретките што разбира на чија екипа носи дрес, ама неговата болест за жал е неизлечива, не знаеш кога ќе се активира пак. Тогаш Клеверли ни на клупа на седеше, не е глуп Мојс сосила да го игра.

Во право си ти дека нема ни игра ни ништо ама не е целосно крив Мојс за тоа, иако да, е крив. Затоа викам нека му донесат што сака за во средина и лев бек, ствари кои човекот си ги побара во јули кога дојде па ќе му судиме. Иако за ова со Олимпијакос кажав што мислам, фудбалери на Манчестер Јунајтед со една нога да играат треба да добијат ваква скастрена екипа.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Точно, нека иде во некоја друга лига кај што судијата свири фаул и за дишење у врат. Нека не се ни труди да влезе во дуел со друг играч за топка ако сака да му ја земе. Ма неееее..... Јанузај на 18 год научи дека треба да се бори за топка после две утакмиции дека не те оставаат како во Германија да си шараш со топката како сакаш.
ако не сте го глеале Манчестер на повеќе од две утакмици боље не коментирајте.

И Мата замина во Јунајтед за да игра, во Челзи немаше месец дена играно, башка несогласувања со Мурињо и ок, поинаква замисла, си замина. Сега си игра на секоја и ниже асистенции. Башка нема договор на една, има на пет години.
Ќе ти кажам нешто .. Ако си страшен тренер (ко ферги да речеме) ќе знаеш каков играч ти треба, ако знаеш дека нема да успее нема да го земеш.. Кагава гледам на клипчиња (пошто ретко го пратам Ман Ју) и типацот има асистенции ама слепците напаѓачи ваши не можат гол да дадат.. Се е тоа ок, ќе игра под режим додека не се навикне на првенството, али сестро златна ако играчот за 2 години во тимот не ти се привикне тоа значи ауфидрзен.. Еве ти пример со Лавот (Љоренте), на почетокот беше камен пошто влијаеја многу фактори, дека не играше цела година во Билбао, дека нова лига итн итн .. За максимум 3-4 месеци играчот се прилагоди и буши сега ... Така да тука ја гледам кривицата во тој што го ангажирал, не можеш да земеш играч што во кариерата влегол само 2 пати во физички дуел, и сега од него да бараш да ги бутка ко коњ... Уште еден пример, зашто Италијанците ретко успеваат во ПЛ ? Зошто научени се во калчото при секој појак контакт да паѓаат и да добиваат фаули, зашто годинава ниеден не успеа алудирајќи на Освалдо, Борини, Џакерини итн итн ....
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.809
Поени од реакции
44.126
Не го браниме нигде, нејќам да испадне така после мојот пост, ниту па светец некаде го направив, ама мора некаде реално да се гледа на работите. Уште од старт не му беа дадени условите за работа кои ги посакуваше, па секој тренер кој презема клуб си бара играчи кои треба да му ги донесат. Каков прогрес да имаш ти со фудбалери ко Клеверли, Јанг, Валенсија? Трио фантастико е ова. Средината нас ни изглеа на средина кога играат Керик и Фелаини, ама не можат тие секоја да ја играат. Флечер кога се врати добро играше, можам да кажам еден од ретките што разбира на чија екипа носи дрес, ама неговата болест за жал е неизлечива, не знаеш кога ќе се активира пак. Тогаш Клеверли ни на клупа на седеше, не е глуп Мојс сосила да го игра.

Во право си ти дека нема ни игра ни ништо ама не е целосно крив Мојс за тоа, иако да, е крив. Затоа викам нека му донесат што сака за во средина и лев бек, ствари кои човекот си ги побара во јули кога дојде па ќе му судиме. Иако за ова со Олимпијакос кажав што мислам, фудбалери на Манчестер Јунајтед со една нога да играат треба да добијат ваква скастрена екипа.
Интересно е што сум до толку против фудбалот на Мојс што мислам дека ако не спремал тактики и ако им кажал играјте како сакате против Олимпијакос нашите ќе ја тепаа...што е исто со твојот муабет од погоре, само што јас пак удирам на Мојс. : D Искрено и жал ми е за него кога ќе му ја видам ззбунетата фаца на клупа...изгледа како буквално да не знае што му се случува.
 
Последно уредено:

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.495
Поени од реакции
5.601
Заборавате дека Манчестер лани беше шампион а сега е 7мо место по заслуга на Мојс и затоа се толку големи критиките кон него. Луѓето не бараат да прави чуда и да биди прв со 10 бода предност но 7мо место е веќе претеризам. Разбирам промена на тренер, на систем на функционирање но тоа е алиби ако екипата беше 3-4 место а не 11 бода зад Ливерпул. Сепак се работи за актуелниот шампион.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Мојс ни за Евертон не беше добар тренер, не па за Манчестер
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
^ Во Барселона, имало некој собир на директорите на клубовите. И умрениот наш Фасоне бил.
Еве слика со Карл Хајнц

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
^ Во Барселона, имало некој собир на директорите на клубовите. И умрениот наш Фасоне бил.
Еве слика со Карл Хајнц

Европската асоцијација на клубови....

Лабави си праат муабет.

Цел живот топка бркале,сеа паметни изиграваат...:D

А у духот на Елен,сите заедно немаат 2 години факс....:pos:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
И ако е национална телевизија не смее да им се случува кикс.
Башка има промо најава на телевизија, си врти кој натпревар ќе го даваат. Ај таму да згрешиле па да трубите. Овака нема поента.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom