Не е до толку светец колку што испадна после постов.

Јас ја разбирам потребата да го бранете, сите што го бранете од фан клубот наш, ама реално за многу работи е самиот тој крив.
Еве мора да почнам од видеото со Кагава. Не знам кој го изгледал, ама на видеото баш се гледа колку Манчестер пати од фудбалот што го игра Дејвид Мојс. Значи гледа цела сезона дека не оди со анти фудбалот што го игра, 4-4-2 класик, со нафрлувања цело време и се на се на 3 утакмици можеби има остапено од тоа. Прво, Јанг колку и да гледал во земјата и колку и да е дрво, ако добил од Мојс и стручниот ни штаб инструкции да центрира тој ќе оди да центрира. А Кагава долу 12312 пати ако сака нека му се отвори и нека испадне во празно. Јас пишав и кај нас во фан клуб, менаџерот е тој што ја спрема тактиката, менаџерот е тој кој одредува по која страна ќе се игра и на кој начин ќе се напаѓа, менаџерот е тој кој дава наредби тимот да игра поповлечено или поофанзивно. Мојс е тој кој им кажал да играат на центаршутеви. Јас не гледам ништо фудбалско во овој Манчестер. Акција немаме направено 101 година, а реално
имаме тим за да сврземе 5 паса. Па сезонава научна фантастика стана Манчестер Јунајтед да направи акција со повеќе од 8 додавања. Освен кога противниците си се бранат, па нашите кружат бесцелно. Поставеноста на игрчаите исто -
никаква. Ван Перси неможе да дојде до топка, ради фудбалот што го играме, а лани знаеше и да повлече и да направи полу контра и да организира напад и се. Сезонава е целосно отсечен. Руни и Ван Перси немаат акција направено меѓу себе, имаше утамица се на се имало 5 паса меѓу нив. Па тоа е смешно да не знаеш да искористиш такви играчи, на сметка на безвеза центаршутеви. Го имаме Кагава, колку и да не е физички спремен, Кагава е далеку од лош и секогаш кога игра е подобар од повеќе од пола тим. Креативец ипол, а ние плачеме по таков.
Друго, прво оправдувањата на фановите на Манчестер беа "не му судете во Октомври, има време до Мај, на крај на сезона ќе покаже колку го бива" и сеа на некој паметен му текнало "абе чекај, Мојс треба да си го направи тимот по негово, ова не е тим по негово" и ајде сега со ова ќе го бранеме. Не дека сеа сакам нешто лично да кажам за било кој, ама ова се ептен класик Манчестер Јунајтед фанс оправдувања. Наредната сезона ако ја моче, пак ќе се најде нешто, битно да го бранеме своето. Секогаш сме биле такви.
Еве дојде Март од денеска. И јас не гледам еден единствен прогрес кај Дејвид Мојс. Потпишал нов договр со Нани, големо чудо еј, Нани нема играно од 2009та. Потпишал нов договор со Руни, за Руни сум 100% сигурен оти ја има засерено со стариот и било кој друг да дојдеше пак ќе потпишеше нов договор. Еве, ми текна една арна работа уствари, му даде шанса на Јанузај и почне да го игра реднвно. Ама џабе кога нема никаков прогрес во играта, кога оди со глава во ѕид со 4-4-2 формацијата и кога уште нема стекнато никаков авторитет над играчите. Освен тоа, не знае ни изјава да даде бе, ама ајде нека е. Јас искрено, знам оти ќе добие шанса сигурно, ама јас не гледам зошто би ја добил истата.
Да не правиме муабет за сите рекорди кој ги изруши, за тоа како 20 години по ред сме редовни во ЛШ и сеа за прв пат нема да играме и така натаму и така натаму.

Демек Ливерпул има појак тим од нас, па да ни бега 11 поени. Не, не и не.