Конечно да чкрабнам збор-два.
Ја исчитав цела тема, многу клипчиња не изгледав туку ги ставив во букмаркс. Исто и многу мислења ми се во букмаркс ама не можам сега да оговарам на нив, ајде здравје. Ќе има реприза на мултицитатите од ГоТ изгледа
Anyway, серијава премногу ми се допадна. Следни на список од не-комедии за гледање ми се Фринџ и Person of interest, али како да ги пуштам после ова жити се, знам дека ќе останам разочарана. На последната сцена со Џеси ќе се расплакав, жими се. Во срце ми остана глумецот. Волтер на почеток колку го сакав и сочувствував со него, после колку одвратен ми стана, абе не можев да поверувам. Хенк требаше потактички малку на крајот да изигра. Од старт згреши со тоа што ја зеде книгата од купатилото на Волтер. Па има мобилни на денешницава, бар да сликаш е лесно. Али ај, ваљда збркан беше. Скајлер исто така не можев да ја поднесам. Му се лути на Волтер што прави нешто нелегално, а ваму прва прилика легнува со човек кој крие данок. И ај најди НЗС. За разлика од сите други, Мари ми беше сосема океј лик, дури и ја засакав на крај.
Најмногу ми се допаднаа првата и последната сезона. Најмалку втората или третата не знам точно, пошто беа најспори, а јас не сум по драмите. Крајот ми направи ќејф, заврши баш онака како што се надевав дека ќе заврши. Саундтракот исто морам да го пофалам. Исто и хуморот, особено во првата сезона и особено поради тоа што не очекував да се смеам на серијава.
Најјака и сосема неочекувана сцена, нормално, кога му рече на Туко "This isn't meth.". Втора најјака и најнеочекувана - кога Хенк и Мари ја гледаа касетата во која Волт го обвинува Хенк. Јас мислев дека ќе видам признание, кога тоа...
Бесмислено ми беше кога Гас го уби тој дечкото што правеше мет пред Џеси и Волт. Ако го уби ради тоа што луѓе го виделе кога проверуваше дали Гејл е мртов, океј. Ама да го убие ради тоа што правеше мет, а некој ден подоцна да му се клања на Џеси за истото, малце не е логично.
И сцената кога Гас умре - кога го видов кога излага од собата и си ја мести краватата и после кога му го покажаа целото лице, помислив дека серијава сменила жанр во sci-fi и си имаме работа со роботи. И како тоа никој од лепенките на собите не се повреди? Ниедна баба мајкуму стара, никаква колатерална штета.
Да ми разјасни некој зошто нацистите сакаа да го убијат Волт кога на нивната претходна средба му оставија едно буре пари. Што толку се смени во меѓувреме? Што не го убија во пустината, барабар со Хенк?
И на крај, богат е Џеси или не?
Можеби од погоре напишаното ќе помислите дека серијава не ми се допаднала пошто и најдов неколку маани, ама не е така. Една од најдобрите серии кои ги имам гледано.