Bidikov
Server guru
Знаеш зошто ти немам реплицирано досега во дискусијава? Затоа што муабетот цело време го тераш на страна дека факултетов е идеален во секоја можна ситуација. Ок, терај го, затоа не ни сакам да водиме дискусија. Напишав мислење во врска со заблудите за барање на аудио и видео материјали и е сосема реално.
Две третини од одговоров ти се состои како на другите студенти од КНИ или на другите студенти од Берлин, Минхен, Амстердам им е полошо затоа што учат на англиски по СВОЈ избор. Значи тие самите избрале така, никој не ги натерал, а тука е сосема различна ситуацијата. Предавањата се на македонски јазик и не само што се сосема океј, тие се одлични. Аудиториските вежби се 80 посто на аглиски, 20 посто на македонски. Што не ги стаиле и тие 20 посто на англиски кога се работи за едно исто? Или за тоа не нашле копи-пејст?Хаха, па уште и тоа било начин за подобро совладување на материјалот. Изгледа ти си збориш на памет и не си ги видел слајдовите. Тоа не само што не е подобар начин за подобро совладување, тоа е и многу полош начин, особено за тие што немаат можност да присуствуваат секогаш на аудиториските вежби, па се приморани да ги проаѓаат самите дома. Сега изговорот ќе ти биде во стилот "Па мора да идете на аудиториски вежби." така?
Останатиот дел од мислењето ти се состои за термините. Значи ако го прочиташе убаво моето мислење ќе видеше дека не мислев за англиски ТЕРМИНИ! Ова:
A Poisson process is a sequence of events “randomly spaced in time”
Examples
Customers arriving to a bank
Packets arriving to a buffer
The rate λ of a Poisson process is the average number of events per unit time (over a long time).
се термини??
Или ова се термини??
M/M/k for k > 1. Multiple servers
Good model of a link which is made up of multiple channels, either physically or through multiplexing (e.g. a T1 carrier is typically time division multiplexed with k=24).
Has worse performance at lower loads than M/M/1 with same total capacity.
Значи јас разбирам англиски и не ми е проблем затоа што и учам од англиски книги, а не од преведените на македонски, ама не е океј да ги мрзи одредени асистенти да направат солидни аудиториски вежби без копи-пејст. Сигурно они не напишале на англиски.
Муабетот не ми е дека го напаѓам конкретно ФИНКИ, туку напаѓам одредени асистенти кои нема потреба да ги именувам, а претходно беа на ФЕИТ. Истото го правеа и таму, а уствари и истите слајдови си ги користат веќе неколку години.
Крај краева, приметувам дека многу не си запознаен со моменталните реални ситуации на студентите, така да не знам од каде наоѓаш изговори за секоја ситуација со кои факултетот секогаш е во право.
Продеканот за настава ни кажа дека студентите од 4та година на Ики можат да бираат изборни предмети од било која насока на Феит, само предметите да се од 4та студиска година. Е тие предмети ги немаше никаде во изборот на изборни предмети при уписот на семестар со изговор дека не знаат кои предмети ќе се активираат, а кои не, иако на страната на Феит уредно беа прикажани кои предмети нема да се активираат за овој семестар.
Па какви циркузи се дешаваа со предметите Микропроцесорски системи и Системски софтвер во оваа јануарска сесија. Еден ден професорот вика дека Системски софтвер преминува во зимски семестар и дека нема да постои во летен семестар, продеканот не ни знае што е одлучено, а деканот во термин на консултации ни врти грб и ни дава поинаков одговор. Потоа излегува соопштение од професорот дека Системски се спојува со Оперативни и ќе постои во летен семестар, а МПС нема да постои во летен и на студентите ќе им се дозволи уште 2 сесии за да можат да полагаат све до септември. Кога пола студенти менуваат планови на учење затоа што знаат дека имаат уште 2 сесии за полагање на мпс, излегува соопштение од истиот професор после 4-5 дена дека мпс ќе си постои во летен семестар и дека ова е последна сесија.
Одговорот ќе ми биде - не си ги знаеш правилата и процедурите за студирање дури ни кога запишуваш предмети ...
Ова со спојување и менување на предмети низ семестрите е предност за вас - добивате повеќе сесии за да го положите предметот ... доколку тие шанси не ги искористите ќе морате да го запишете повторно предметот, а ако истиот не постои соодветната директна замена која произлегува ... коментарите кои ги слушам од студентите за бази на податоци се тотално спротивни од твоите бидејќи и тамо се добија екстра 2-3 шанси за полагање ...
Бидејќи не ти се дискутира понатаму нема ни да дискутираме, а јас ќе го искористам моето дискреционо право на форумов да те санкционирам по желба и лично убедување!
Врати се погоре и убаво прочитај ги моите постови во ниеден не кажав ФИНКИ е супер студентите нечинат и обратно... ако веќе нели си дошол 4-та година предлагам да запнеш да ја завршиш работата наспроти тоа да ми изиграваш дрвен адвокат тука.
За предметите на ФЕИТ и дали се активирани трк во темата за ФЕИТ тоа е друг факултет, а правото твое да запишуваш предмети од било кој друг факултет при УКИМ ти е еднавно под услов ако предметот е активиран (што е точно дефинирано во законот и дали истиот е активиран или не НЕ ЗАВИСИ од факултетот)
Во дискусијава гледам релани ситуации кои соодветно се обидувате да ги разрешите ... останува опцијата кога ќе дадете прецизни факти за други такви ситуации да проба ФИНКИ да ги реши ... ама некако слабо пишувате тикети, слабо истиоте ви се напишани за да можете да објасните што е навистина проблемот, а уште послабо сте спремни со факти и аргументи да одите да си ги барате правата, и на крај 100% сте убедени дека СП ФИНКИ неможел да ви помогне џабе ке било - ај сега објаснете ми како ова изгледа за некој од надвор - куп сизив ликови кои само се жалат со општи работи ...
Зошто тогаш воошто постои темава ???