Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Збор два за Горги Маџаров и оваа Весна Димитрова ја бива ли за дискретна математика 2 како предава :)
 
Значи се согласуваме дека генерално има поволна клима ... мојот коментар за авторските права (ако прочиташ поубаво) беше како еден од евентуалните проблеми ... незнам зошто одма се фати баш за тој проблем бидејќи истиот всушност е најлесно решлив :)

За тоа дека технички е лесно изведливо морам да ти искоментирам дека многу си грешка - погледни го твојот пост погоре и самиот ќе заклучиш дека доколку нивото на снимката не е доволно добро апсолутно нема да ја врши функцијата (нели да го замени предавањето) па оттука нема ни причина за негово постоење. Мислите дека само објавувањето на линковите во системите за курсеви е предизвик ??? Дали некој од вас видел само овој форум какви барања во однос на инфраструктура има (сервер, мрежна опрема, линкови кон интернет) а овде и нема такви содржини од типот на видеа ...

За да ова има логика се бара видеото да има супер слика и доволно квалитетно видео па потоа помножи го тоа со број на часови по предмет, па по број на предмети, па по можноста да биде прегледано од 100-1000 студенти во ист момент ....

Токму поради овие причини сеуште бројот на вакви видео курсеви на престижните универзитети/факултети е минимален ...

Има камери по 100 евра што снимаат HD снимки и имаат 30x оптички зум.
Видеата ако се ставаат на youtube нема на што да мислиш за сервер, простор и слично.
Исто така дури и некој детал да не се сними убаво, тие детали ги има во презентациите , или од објаснувањето на професорот/асисстентот ќе се свати(надополни).
Од видеата ќе се цени објаснувањето на материјалот. Така ќе си олеснат и професорите од консултации затоа што на студентите ќе им е појасно и ќе има повеќе положени студенти.
Туку вака само на зборови ништо не може да се знае, треба да се предложи идејата на правилно место за да се добие дозвола, да се проба од една-две камери, да се снимаат некои од курсевите, па да се види како ке оди и потоа да се одлучи дали е добра или лоша идеја.
 
Треба да сменам предмет што го запишав на пријавата, но го положив и треба да го сменам. Постапка некоја има или одам на студентски и толку?
оди на студентски ќе пополниш лист со предмети и толку е, ќе ти сменат :)
 
Абе вие барате аудио и видео предавања, а многу "реномирани" асистенти уште ги мрзи да направат солидни слајдови за аудиториски вежби на македонски јазик! И тоа не за било кои предмети туку за важни предмети во студирањето кои се и со одредена тежина за положување.
 
А зошто да е проблем да се учи на англиски ? Нели е покорисно да научиш и јазик, кој го користи целиот свет? Па 99% од книгите што ни ги даваат се на англиски, барем јас лично сметам дека е 100 пати подобро да ги научиш англиските термини отколку некои квази македонски. Ќе ти биде полесно за пребарување на интернет, а и ако работиш за некоја странска компанија... Па и самите програмски јазици и програми кои ги користиме се најчесто на англиски јазик... Да не зборувам за некои лол преводи исто така, да речеме STACK, на македонски е КУП/МАГАЦИН :D
 
Термини се ОК. Цели 5 реченици ставени во еден слајд направени со копи-пејст не се ок. Дури ни објаснување на некоја постапка, како и некои својства не се преведени. Тоа не е поради тоа што асистентите сакаат да научиме ние англиски или пак да научиме поточно, туку најверојатно поради тоа што ги мрзи и прават копи-пејст. Предавањата се на македонски, зборам за аудиториските вежби.
 
@Bidikov,некако како во секој пост од студентите да ги избегнуваш реалните проблеми и се фаќаш да објаснуваш ситници.
И не,не планирам јас да поднесувам никакви официјални образложенија до факултетот бидејќи знам дека нема фајде. Имавме една трибина пред година и пол, на која беше побарано и ветено само едно нешто-да се реновираат вцеата на технолошки. Кога едно толку мало барање за основна потреба се занемарува веќе година и пол, што останува за другото. Факултетот е хаос,па сум била долу во 35 на увид, во една просторија се држеше увид за 3 предмети и се даваа оценки. Сега замисли ти колкави гужви се тоа и какви нервози се тоа за студентите. Година и пол чекам од студентски да ми ги префрлат кредитите,ај може до дипломирање и ќе биде. Значи немате капацитет да се справите со голем број на студенти,а упорно секоја година ги трупате.
Дискусијава може уште многу да се развива, ама знам дека нема фајде.Во Деканат нема ништо да се смени,од СП ќе продолжат да се сликаат по фб пошо само за тоа ги бива, а ние ќе си чутиме пошо такви сме. :)
 
Има камери по 100 евра што снимаат HD снимки и имаат 30x оптички зум.
Видеата ако се ставаат на youtube нема на што да мислиш за сервер, простор и слично.
Исто така дури и некој детал да не се сними убаво, тие детали ги има во презентациите , или од објаснувањето на професорот/асисстентот ќе се свати(надополни).
Од видеата ќе се цени објаснувањето на материјалот. Така ќе си олеснат и професорите од консултации затоа што на студентите ќе им е појасно и ќе има повеќе положени студенти.
Туку вака само на зборови ништо не може да се знае, треба да се предложи идејата на правилно место за да се добие дозвола, да се проба од една-две камери, да се снимаат некои од курсевите, па да се види како ке оди и потоа да се одлучи дали е добра или лоша идеја.

Не разбирам како од приватни линкови кои ќе ги ставаш во соодветните курсеви дојде до youtube - дали некогаш си објавувал нешто поголемо на youtube или можеби 10 снимки од по 1 час ??? Не е се така розево со youtube како што мислиш ...

Еве иако идејата е повеќе од позната помеѓу професорите пак да направиме напори да се анализира ...
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 19:42 ---
@Bidikov,некако како во секој пост од студентите да ги избегнуваш реалните проблеми и се фаќаш да објаснуваш ситници.
И не,не планирам јас да поднесувам никакви официјални образложенија до факултетот бидејќи знам дека нема фајде. Имавме една трибина пред година и пол, на која беше побарано и ветено само едно нешто-да се реновираат вцеата на технолошки. Кога едно толку мало барање за основна потреба се занемарува веќе година и пол, што останува за другото. Факултетот е хаос,па сум била долу во 35 на увид, во една просторија се држеше увид за 3 предмети и се даваа оценки. Сега замисли ти колкави гужви се тоа и какви нервози се тоа за студентите. Година и пол чекам од студентски да ми ги префрлат кредитите,ај може до дипломирање и ќе биде. Значи немате капацитет да се справите со голем број на студенти,а упорно секоја година ги трупате.
Дискусијава може уште многу да се развива, ама знам дека нема фајде.Во Деканат нема ништо да се смени,од СП ќе продолжат да се сликаат по фб пошо само за тоа ги бива, а ние ќе си чутиме пошо такви сме. :)

Тогаш ќутете и трајте :facepalm:
Јас моето како студент го правам и ќе го правам - веројатноста дека ќе се изборам за сите вас тежи кон нула ...

Чим твојот песимизам веќе јасно го дефинирал твојот став нема поента да дискутираме за тоа! (претпоставувам дека си студент кој е во категорија преземени па поради тоа имаш дополнителни стресови ...)
--- надополнето: 8 февруари 2014 во 19:52 ---
Абе вие барате аудио и видео предавања, а многу "реномирани" асистенти уште ги мрзи да направат солидни слајдови за аудиториски вежби на македонски јазик! И тоа не за било кои предмети туку за важни предмети во студирањето кои се и со одредена тежина за положување.

Термини се ОК. Цели 5 реченици ставени во еден слајд направени со копи-пејст не се ок. Дури ни објаснување на некоја постапка, како и некои својства не се преведени. Тоа не е поради тоа што асистентите сакаат да научиме ние англиски или пак да научиме поточно, туку најверојатно поради тоа што ги мрзи и прават копи-пејст. Предавањата се на македонски, зборам за аудиториските вежби.

Чекај сега нешто не мие јасно - го почитуваш јазикот на сопствената држава, ама сепак ти пречи што поради подобро совладување на материјалот имаш и аудиториски вежби во кои има англиски термини ...
Си се запрашал како на ова ќе реагираат тие од КНИА насоката кои се учат на анлиски како свот избор ... види го нивното мислење дали им е така полесно или потешко ...

Дали знаеш на кој факултет се имаш запишано и како тоа очекуваш се да научиш од материјали само на македонски ???
Македонскиот јазик има официјални преводи на одвај 55% од терминологијата, а сеуште во сите јазици кога е ИТ во прашање главен и официјален јазик е англискиот ...
Дали си го слушнал хрватското лошо искуство кога со „преведувањето“ на информатичките поими доведоја да воопшто немаат употреблива ИТ литература на својот мајчин јазик ???
Дали знаеш дека на факултети во европа (берлин, минхен, амстердам, и сл.) иако сите предавања се на нивниот мајчин јазик предметите од групата computer science се предаваат на англиски ???

Мислиш дека повеќето од тие асистенти/професори во својот стаж низ годините не пробале со чисто македонски термини, но потоа биле приморани да се вратат на комбинираната метода само поради фактот што така им е полесно на студентите ...

Кога само 50% од вашата енергија која вие насочена кој беспредметно критикување и плукање ја насочите за учење сигурен сум дека ќе ви се зголеми процентот на положени предмети и просекот за 20%....
 
Последно уредено од модератор:
Тогаш ќутете и трајте :facepalm:
Јас моето како студент го правам и ќе го правам - веројатноста дека ќе се изборам за сите вас тежи кон нула ...

Чим твојот песимизам веќе јасно го дефинирал твојот став нема поента да дискутираме за тоа! (претпоставувам дека си студент кој е во категорија преземени па поради тоа имаш дополнителни стресови ...)

Не е песимизам,туку е реалност. Дојдов на факултетов со ентузијазам да учам,а желбата ми се намалува поради вакви работи.
Категорија превземени?
 
Чекај сега нешто не мие јасно - го почитуваш јазикот на сопствената држава, ама сепак ти пречи што поради подобро совладување на материјалот имаш и аудиториски вежби во кои има англиски термини ...
Си се запрашал како на ова ќе реагираат тие од КНИА насоката кои се учат на анлиски како свот избор ... види го нивното мислење дали им е така полесно или потешко ...

Дали знаеш на кој факултет се имаш запишано и како тоа очекуваш се да научиш од материјали само на македонски ???
Македонскиот јазик има официјални преводи на одвај 55% од терминологијата, а сеуште во сите јазици кога е ИТ во прашање главен и официјален јазик е англискиот ...
Дали си го слушнал хрватското лошо искуство кога со „преведувањето“ на информатичките поими доведоја да воопшто немаат употреблива ИТ литература на својот мајчин јазик ???
Дали знаеш дека на факултети во европа (берлин, минхен, амстердам, и сл.) иако сите предавања се на нивниот мајчин јазик предметите од групата computer science се предаваат на англиски ???

Мислиш дека повеќето од тие асистенти/професори во својот стаж низ годините не пробале со чисто македонски термини, но потоа биле приморани да се вратат на комбинираната метода само поради фактот што така им е полесно на студентите ...

Кога само 50% од вашата енергија која вие насочена кој беспредметно критикување и плукање ја насочите за учење сигурен сум дека ќе ви се зголеми процентот на положени предмети и просекот за 20%....

Знаеш зошто ти немам реплицирано досега во дискусијава? Затоа што муабетот цело време го тераш на страна дека факултетов е идеален во секоја можна ситуација. Ок, терај го, затоа не ни сакам да водиме дискусија. Напишав мислење во врска со заблудите за барање на аудио и видео материјали и е сосема реално.

Две третини од одговоров ти се состои како на другите студенти од КНИ или на другите студенти од Берлин, Минхен, Амстердам им е полошо затоа што учат на англиски по СВОЈ избор. Значи тие самите избрале така, никој не ги натерал, а тука е сосема различна ситуацијата. Предавањата се на македонски јазик и не само што се сосема океј, тие се одлични. Аудиториските вежби се 80 посто на аглиски, 20 посто на македонски. Што не ги стаиле и тие 20 посто на англиски кога се работи за едно исто? Или за тоа не нашле копи-пејст? :) Хаха, па уште и тоа било начин за подобро совладување на материјалот. Изгледа ти си збориш на памет и не си ги видел слајдовите. Тоа не само што не е подобар начин за подобро совладување, тоа е и многу полош начин, особено за тие што немаат можност да присуствуваат секогаш на аудиториските вежби, па се приморани да ги проаѓаат самите дома. Сега изговорот ќе ти биде во стилот "Па мора да идете на аудиториски вежби." така?

Останатиот дел од мислењето ти се состои за термините. Значи ако го прочиташе убаво моето мислење ќе видеше дека не мислев за англиски ТЕРМИНИ! Ова:

A Poisson process is a sequence of events “randomly spaced in time”
Examples
Customers arriving to a bank
Packets arriving to a buffer
The rate λ of a Poisson process is the average number of events per unit time (over a long time).

се термини??

Или ова се термини??

M/M/k for k > 1. Multiple servers
Good model of a link which is made up of multiple channels, either physically or through multiplexing (e.g. a T1 carrier is typically time division multiplexed with k=24).
Has worse performance at lower loads than M/M/1 with same total capacity.

Значи јас разбирам англиски и не ми е проблем затоа што и учам од англиски книги, а не од преведените на македонски, ама не е океј да ги мрзи одредени асистенти да направат солидни аудиториски вежби без копи-пејст. Сигурно они не напишале на англиски. :)

Муабетот не ми е дека го напаѓам конкретно ФИНКИ, туку напаѓам одредени асистенти кои нема потреба да ги именувам, а претходно беа на ФЕИТ. Истото го правеа и таму, а уствари и истите слајдови си ги користат веќе неколку години.

Крај краева, приметувам дека многу не си запознаен со моменталните реални ситуации на студентите, така да не знам од каде наоѓаш изговори за секоја ситуација со кои факултетот секогаш е во право.

Продеканот за настава ни кажа дека студентите од 4та година на Ики можат да бираат изборни предмети од било која насока на Феит, само предметите да се од 4та студиска година. Е тие предмети ги немаше никаде во изборот на изборни предмети при уписот на семестар со изговор дека не знаат кои предмети ќе се активираат, а кои не, иако на страната на Феит уредно беа прикажани кои предмети нема да се активираат за овој семестар.

Па какви циркузи се дешаваа со предметите Микропроцесорски системи и Системски софтвер во оваа јануарска сесија. Еден ден професорот вика дека Системски софтвер преминува во зимски семестар и дека нема да постои во летен семестар, продеканот не ни знае што е одлучено, а деканот во термин на консултации ни врти грб и ни дава поинаков одговор. Потоа излегува соопштение од професорот дека Системски се спојува со Оперативни и ќе постои во летен семестар, а МПС нема да постои во летен и на студентите ќе им се дозволи уште 2 сесии за да можат да полагаат све до септември. Кога пола студенти менуваат планови на учење затоа што знаат дека имаат уште 2 сесии за полагање на мпс, излегува соопштение од истиот професор после 4-5 дена дека мпс ќе си постои во летен семестар и дека ова е последна сесија.
 
Се плашам од англиската литература :(
 
Аман, се фативте за на кој јазик биле материјалите од предавање и аудиториски, а не колку би бива професорите и асистентите да ја предадат предвидената содржина. Ако мене ме прашуваш, целата содржина да биде на англиски е многу подобро. Немаме зборови за сите ИТ термини или звучат толку глупо што се губи целата смисла на тоа што го учиш. Реалниот проблем тука е дека професори и асистенти доаѓаат неподготвени за час. Јасно ни е дека повеќето импровизираат и не се стручни за некоја област што ја предаваат, ама па ден пред предавање разгледај што треба да се збори, научи и предади го на студентите. Секако, има исклучоци и секоја чест за таквите.

Едно не ми е јасно, како може Давчев да биде професор? Истиот тој што како ректор на Универзитетот во Охрид направи дубара. Ги избрка сите професори кои не беа блиски до него, ја вработи жена му со огромна плата и негови луѓе. Еве го истиот уште иде по судови ради тие срања.

За СП ФИНКИ нема да зборам, а и ме мрзи да барам слики од студенти кои се на некоја „функција” во СП и по ФБ имаат објавувано слики од митинзи и низ штабови.
 
Се плашам од англиската литература :(

Јас се плашам од македонската. Владата што се фали со тие кизнај колку книги преведени на македонски да си ги напика кај знае. Жими ку*ов му е преводот, една глава асална нема преведено од почеток до крај. Читам и си мислам дали трипам или стварно ги пишува работите кои ги читам. Или преведувачите биле ептен напушени дур ги преведувале книгите, или немаат грам појма од информатика и компјутерски науки и зеле да преведуваат со гугл транслејт како ќе им стигне. Она се смешни работи, не ми текнуваат моментално примери, ама комедии се, ова зборам за книгата 'Компјутерски мрежи' од Таненбаум, 'Модерни Оперативни Системи' од Таненбаум, ' Бази на податоци' не ми текнува автор, зелената книга, и 'Вештачка интелигенција' од Расел Норвиг. Среќа што сите се наоѓаат на англиски по некои торенти, па може да се помине материјалот, инаку ептен ја наебавме со преводот.

А ова инаку не значи дека ги поддржувам и презентациите на англиски јазик. Бедно и мизерно е да те мрзи да напраиш една презентација од 50тина слајдови на македонски.
 
Проблемот е во тоа што нестручни лица ги преведуваат. Да земеме ние студентите, секој да преведе по 10 страни ќе извадиме подобар превод од моменталните.
 
Кога само 50% од вашата енергија која вие насочена кој беспредметно критикување и плукање ја насочите за учење сигурен сум дека ќе ви се зголеми процентот на положени предмети и просекот за 20%....

Се согласувам со ова мислење, но проблемот е што едноставно иритираат некои неправилности со факултетот.
Како и да е ова дава добар заклучок:
"За да успееш на ФИНКИ, треба да го најдеш својот "inter peace" т.е. да не се нервираш со пречките и неправилностите на факлутетот, туку да ги прифатиш какви што се и да најдеш начин како да го положиш конкретен предмет со конкетни пречки/проблеми, во спротивно ако се потрудиш да ги поправиш тие(или некои од тие) неправилности со факлутетот, со тоа што ќе им го укажиш тоа на професорите/асистентите каде грешат, ќе добиеш долга дискусија која не те води никаде освен кон изгубено многу време и демотивација за учење" - звучи добро да им се кажува на тие што се запишуваат на ФИНКИ.
Јас ќе го искористам заклучоков и ќе се повлечам од дискусиите на оваа тема.
И на другите им препорачувам да го не го трошат времето беспотребно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom