Гледам дека јапонскиве цртани многумина ги гледате. Ме интересира зошто ви се интересни? Нели се наменети за детска публика.
Јапонската анимација не се ограничува само на деца, има многу различни жанрови исто како и книгите и филмовите. Имаш анимеа за деца, за тинејџери, за возрасни. Имаш анимеа со детска тематика, но има доста сериозни серии и филмови со сериозни тематики, филозофии и длабоки пораки.
Дизни стереотипизира како анимациите се само за деца. Од Јапонија стигнува порака која значи нешто спротивно. Да поедноставам-додека западните аниматори не тргнале подалеку од месечината, јапонските освојуваат бескрајни пространства.