Не сакам директно да одговорам на некој но стварно незнам што очекувате
Сакате да одите на екстра локација на плажа да има туристи по можност да е мин 10 на час платено да ви е бесплатно сместувањето па и по можност да имате бесплатни оброци
Во исто време да има студенти за журки ама да не ви бидат конкуренција за 2 работа
Да може да дојдат дома да ви понудат втора работа па и да не е тешка нели сервер задолжително зошто тука нели сите имаат искуство како сервери а никој нема повеќе од една чаша однесено од кујна до дневна (секоја чест за исклучоците)
Во исто време да идете на шопинг
Да шетате задолжително Њујорк, Мајами може некој круз и слично
Да оставите што повеќе пари на e-bay и да се вратите со чисти 10.000
Е НЕМОЖЕ!!!!!!!!!!!
Може било што од горе наведеното но неможе заедно
Треба да одлучите која ви е целта дали сакате журка или сакате поголема заработка
Или може двете ама нема да ви останат 10 а ќе имате да си ја покриете програмата, да прошетате и толку
И јас сакав да сум на плажа цело лето ама во тој случај ќе требаше да се откажам од друго
Сами проценете си што сакате
И точно не верувајте на се што пишува тука..Незначи дека ако некој за одредена позиција направил многу пари и вие ќе направите истото може нема да ве бива толку, може ќе има многу студенти, може нема да се погоди сезоната ќе врне цело време и слично
Се е индивидуално ама сите тука толку се напнуваат..
Секој со својата среќа
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 00:32 ---
Што е финтава со криење на името? Ај да ги вреѓаше да те разберев, ама ти им исподаде комплименти.
Читај му ги претходните постови
Не гледај агенција гледај позиција....