Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
And suddenly...I felt no underwear..





Постои ли некој што не ја ставил сликава на фејсбук ? :tapp: :tapp:
Разочарувачки е колку девојчиња се диват на ликов на спонзорушава во филмот (спојлер алерт во случај да не заклучивте од сликава)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Што научивме од Gravity, Captain Phillips и The Wolf of wall street (спојлери за филмовиве)

Волкот:

-Приказна за тоа како лесно да направиш многу пари на американски начин и како уште полесно да ги “поебеш” на македонски начин.

-Работен наслов на филмот бил “Американски ТАТ”, но го смениле кога дознале дека во Македонија се подготвува сличен филм за вистинскиот ТАТ.

-Само во Америка можеш да направиш криминал, да ги отцинкаш пријателите, да заглавиш затвор и после да станеш успешен писател и добро да заработуваш држејки мотивациски говори. Кај нас можеш само да ги отцинкаш пријателите и....и толку...нема после...

-По проекцијата на филмот, Американско-македонското здружение на финансиски експерти “Easy money” организирало симпозиум на тема “ТАТ или Stratton Oakmont- кој прв почна”

-Од причина што во деведесетите во Америка и немаше многу рокенрол, “секс, драгс енд рокенрол” во случајов е заменето со “секс, драгс енд мани”

-По проекциите на филмот The Wall Street Wolf, значајно се зголемил бројот на познати скопски шемаџии кои аплицирале за американска виза.

Филипс:

– Кога некој ќе ви каже дека работа на брод е само уживање во сонце, светски мориња и туристички дестинации кажете му “Да, само ако капетан на бродот не ти е Мусе Сомалиецот”.

-Најверојатно Мусе и компанија добиле дојава дека Стојанче Ангелов не бил на смена па решиле да го нападнат бродот.

-Ако си морнар, кога шефот на палуба ќе ти каже поправи го стегачот на шмркот број 7 зошто пирати од таму ќе се качат на бродот, ти подобро прекини го нивото на Кенди Креш Сага и поправи го стегачот.

-Кога си пират кој штотоку заземал брод, никако немој да одиш бос по темници низ бродот зошто морнариштана лоши имаат специјални шишиња кои ќе ги искршат и ти лом ќе се направиш по стопалата.

- Дојавата до пиратите дека Ноне е на бродот била лажњак. Само мамка за пирати.

-Американските снајперисти (на филм) можат да погодат и комарец во лево око.


Гравитацијата:

-Имало режисер на светов кој (на филм) ќе го убие Џорџ Клуни, без разлика на притисоците и жалбите од светските здруженија на “Осамени и очајни домаќинки обожавателки на филмски седокоси мидлејџ шармери”.

-Нема ефект да ја праќаш жена ти во вселената. Таа и покрај катастрофата и дожд од астроиди и смртно опасни летачки делови од спејс стејшн, и покрај откачувањето од станицата ќе најде начин да се врати. Макар морала да лета со кинеска капсула иако никогаш не учела кинески.

-Американците треба да го отпуштат обезбедувањето во НАСА. Не само Кинезите, туку и Русите им ги ископирале вселенските летала од А до Ш.

-Русин ни во вселената не оди без вотка.
 
G

grande-juve

Гостин
филмов! :cuc::cuc:
еден актер на едно место (брод/чамец/море) и само 10тина збора монолог!
Многу сакам вакви филмови со преживување, Редфорд би го гледал во улогава уште 100 саата, час по глума, мајстор, јак филм, All Is Excellent
 
G

grande-juve

Гостин
Штотуку го изглеав Filth, добро филмче, комедија со трансформација у тешка драма на крајот, Trainspotting шмек, мноогу луди сцени, ама главното ми беше за James McAvoy, ненормално одглуми, играше сличен лик како Лео во Волкот само многу повпечатливо, не знам зошто го немаше по номинацииве(n)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.671
Поени од реакции
34.137
Aбе им рекле на дечките на каса дека е најмалата, не купував ја карти, мада импулсивно беше, среќа и таму имаше место. :D
Дома си е дома. Ко ќе му седнам утре на Хангр Гејмс, мх мх мх мх. :D That reminds me да си оставам сок, оти најверојатно ќе ме мрзи раното..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.073
Поени од реакции
37.466
Иако не напишав такво нешто во темата за филмски желби во 2014, одлучив секој месец од годинава да го посветам на еден режисер и да направам еден маратон со неговите филмови. Јануари ми беше за Кристофер Нолан. Не знам зошто го одбрав него, може затоа што гледав во Moviespotting дека многумина го репризираат The Prestige. Ама задоволен сум што го одбрав него, зошто едно од ветувањата во темата за желбите ми беше дека во 2014 ќеги гледам (за прв пат) сите филмови за суперхерои, па така со гледањето на трилогијата за темниот витез на Нолан убив две муви со еден удар. Значи - во изминативе неколку дена ги репризирав Memento, The Prestige и Inception, а за прв пат ги изгледав и Following, Insomnia, Batman Begins, The Dark Knight и The Dark Knight Rises. Вака изгледа топ листата на неговите филмови (иако ми беше многу тешко да ги рангирам првите 4, сите се подеднакво добри):

1. The Prestige
2. Memento
3. The Dark Knight
4. Inception
5. Batman Begins
6. Insomnia
7. The Dark Knight Rises
8. Following

ОК, знам дека по Memento ептен се искомерцијализира и во филмовите се гледа дури и неговата борба помеѓу уметноста и она другото - она што го прават парите. Но и покрај тоа што е режисер на блокбастери, Нолан останува интересен и по Memento. Ми се допаѓаше развојот на нелинеарниот тек на приказната: од Following, преку Memento и The Prestige, па се до Inception. Како да се труди да биде се покомплексно и покомплексно раскажано. Интересно е што и Нолан, како и многумина други режисери, си има свои „омилени актери“ кои обично ги фура низ филмовите: Мајкл Кејн му е миленикот број 1 (ќе го има и во Interstellar од 2014), но и Кристијан Бејл, Џозеф Гордон Левит (или како и да се чита Levitt) , Том Харди и други. Нолановите „клишеа“ се движат од почетоците на филмовите кои обично се флешбек сцени од крајот на дејството и во кои првиот кадар е главно фокусиран на рацете на главниот лик, преку гро-плановите во кои позадината е замаглена, до нелинеарните или паралелни приказни со кои не води кон кулминативна точка, кои обично вклучуваат романтичарски извајан лик кој се бори за одмазда на мртвата љубена (или љубен), и во кои главните ликови обично имаат некое пореметување од психолошки карактер. Она што мене најмогу ми смета е што на сметка на приказната кај него трпат карактерите. По мое мислење - сите до еден се недоволно извајани. Не знам за вас, но за мене и покрај огромните суми пари вложени во неговите филмови и спектакуларните визуелни ефекти кои ги прават дури и повеќе од обични блокбастери (освен првите два: Following и Memento) Нолан е еден од подобрите режисери на денешницата. Едвај го чекам Interstellar во кој освен Мајкл Кејн ќе ги видиме и Метју Мекконахи, Џесика Частеин, Кејси Афлек ииии..... Анетоооооооооооооооо!
За фановите на Radiohead (гледам многу ве има на форумов) пред да почнете да го хејтате, внимавајте - прочитав дека и Нолан е еден од вас. ;)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Пишав дека е спојлер уште на вториот збор, не требало да продолжиш да читаш не можам од моб да го ставам тоа за криење на текстот. Sorry
За друг пат да знаеш, напиши [/spoiler] и истото ама без / околу текстот кој сакаш да го скриеш, во обратен редослед.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.671
Поени од реакции
34.137
Zlate, ништо ли нема да напишеш за Бетмен? :D Како првиот суперхерој на кој му даваш шанса.. Dark Knight ми е во топ 10 филмови. :D

Зарем само 5/10 за Gatsby? (n)

За друг пат да знаеш, напиши [/spoiler] и истото ама без / околу текстот кој сакаш да го скриеш, во обратен редослед.
[spoilеr] tekstot [/spоiler] куцајте за тие што незнаат како, а срце сака да ги збуни. :D
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Filth e права посластица за фановите на Trainspotting и scottish лудите филмови. Џејмс е веќе докажан глумец тоа не мора да повторам, а уште подраго ми е што Дени Бојл во 2016 ќе го има продолжението на Trainspotting, Порно. Инаку и Filth е од истиот автор на Train... па затоа може и потсеќа на него!
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Добро бе постои некој филм од новиве од 720п или 1080п што го дава на цел екран на лед телевизор? Ми се одмили гледање филмови више коа ќе ја видам скапанана скратена слика со црно од горе и доле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom