Ај, да искоментирам за вториот live.

Ме мрзи но...
Првото нешто што го забележав беше дека сите, од жири, до учесници изгледаа СТРАШНО! Буквално го мислам тоа...Погрда шминка и облека не можеле да најдат и измислат!
До мене е, или Емина беше како вонземјанка? Портокаова пудра, црн кармин...па таа залижаната фризура...
Друго, Кики имаше страшни очила...СТРАШНИ! Се убив од смеа кога го видов...
Кристина дефинитивно можела малку позатворен фустан да облече.
Водителите нема да ги коментирам бидејќи самите на себе се пародија.
Понатаму, учесниците...
Илма...поглупо не можеле да ја облечат. Новогодишна машна на вратот, некаков си фустан кој е комбинација од две шари...па врз тоа и кожна јакна. А под фустанот кожни хеланки! Грдо нешто!
Тамара имаше многу, многу грда шминка (а и настап), фустанот на Александра Б. беше СТРАШЕН.
А и Александра С. не беше поразлична со црвените светкави панталони и оние завесите што требаше да глумат блуза...
Друго, сите учесници беа во кожни јакни...Добро, овие соработуваат со некоја фабрика за кожа...или што?
Трето...или четврто...не знам: Даниел на првиот настап и Алекса на вториот носеа иста облека само што кошулите им беа во различна боја...
Добро, ај да го заборавам изгледот, иако има уште многу да се коментира...
Настапите:
Луки(ј)ан(не му го знам точното име) е...досаден. Не е лош, но не е ниту најдобар. Просечен. Изборот на песна - просечен...Не остава некој посебен впечаток. Онака...
4U - Причина да имам предрасуди за бендот е неговото име. Прво, мразам интернетски англиски... Мразам замена на зборови (или букви) со броеви...Мразам модификации во спелувањето...но, во ред, ајде.
На минатиот настап не ми се допаднаа воопшто...Не им се совпаѓаа гласовите и некако не звучеа убаво...Сакав да испаднат.
Но, на овој вториот настап, го променив мислењето...Многу беа подобри овој пат и повеќе им се совпаѓаа гласовите...Иако шминката беше многу грда и
некоја не пееше.
Александра Б. - Би се согласила со тоа дека фаците кои ги прави се трагични (да не речам старшни), но мислам дека има убав глас па заслужува да остане уште некое време.
Вториот настап беше многу подобар од првиот. Песната не ја знам, но ми звучеше како да направи само една грешка.
Маја - Лош изговор.
Слабо е англискиот - Марјанчо (идол)
Катастрофален изговор...Но, сепак има глас и изборот на песна беше супер... Добро ја испеа песната. На првиот настап ич не ми се допадна, но на овој го променив мислењто...И таман го направив тоа - испадна. Исто како и Младен, испадна затоа што е постара и нема толку гласачи.
Харис - Последниот настап уништи се. Прво, Харис онака малку потсеќа на Џастин Бибер. А луѓето многу и не го сакаат Џастин. Изборот на песна беше катастрофа...
На првиот настап ми се допадна како испеа, па мислев дека има шанси да стигне повисоко. Среќа што не испадна овој пат. Навистина лош настап.
Друго, среќа што барем не е народњак.
Тамара - СТРАШНО!(не можев да се воздржам а да не го употребам зборот) На аудицијата беше супер, очекував да биде една од победниците. На минатиот настап песната не беше баш за неа. Премногу површна за нејзиниот стил...а изгледот подобро да не го коментирам. Но, сепак на првиот настап не звучеше лошо. Овој пат, повторно катастрофален избор на песна...и катастрогална изведба. Грдо, грдо, грдо!
Па, ајде по ѓаволите! Нели на првата аудиција можеше? Што ја тупиш сега?
После вториот настап, посакав да отпадне. Многу иритира со однеувањето и со таа нејзина насмеана фаца!
H2O - Прво, Филип е педер. Второ, мразам педери. Трето, не мислам да му се обраќам во женски род. Но, сепак пее некако, онака, добро.
Маринела, не знае да пее. Воопшто не знае да пее. Какви само звуци испушта. Невозможно. Како вештерка.
Настапот овој пат им беше жив и интересен, за разлика од минатиот катастрофално досаден настап. Мислам дека Филип би стигнал подалеку без Маринела, но ете.
Доктори - На почетокот не ги сакав воопшто. Онака, антипатични ми беа. Но, успеаа да ми го променат мислењето и да влезат во моите топ 3. Настапот им беше супер, иако не ги сакам One Direction. Браво! Одлични беа.
На аудициите, пред да се формира бендот, очеував сите учесници да не стигнат до финале.
Сега, сакам да останат подолго.
Илма - Девојчето ми е во топ 3. Не гледам зошто луѓето толку ја мразат. Талентирана е, и тоа многу. Вистина, повеќе и лежат песни на српски (или каков и да е бидејќи сите јазици на балканот се слични), но и на англиските не е лоша. И овој пат беше супер. Всушност, не ми се допадна кога слушнав како испеа додека ја гледав емисијата. Но, следниот ден, кога уште еднап ги изгледав видеата, многу ми се допадна.
Даниел - Зошто воопшто да се коментира за него?
Па, најдобар е. Очекувам да победи. Уф, што ми е мило што е македонец.
Браво! Бра-во! Б-р-а-в-о! Секогаш е супер. Прекрасно! Мора да победи. Мора!
Најдобро би било вака да биде на крајот:
3.Доктори
2.Илма
1.Даниел
Александра С. - Добро, зошто девојката воопшто се најде овде? Па таа воопшто не знае да пее. Од каде пак ја пронајдоа сега оваа? Гласот и е...едвај просечен!
А и антипатична ми е.
Алекса - Добар е, а гледам и дека има многу обожавателки. Овој ќе има многу гласови и долго ќе се задржи...Во тоа сум сигурна.
Како што гледам, ги освои сите на првиот настап.
Еве, иако отпадна, ќе го искоментирам и
Младен. Талентиран е, но очекував да отпадне бидејќи е постар, па нема гласачи...
Не знам зошто не го сакаа луѓето толку (а после, откако отпадна, почнаа а го фалат

).