Земи прочитај малку за компијутери па после ќе правиме муабет значи јас убаво си напишав и доколку се разбираше малку од компијутери и хардвер ќе сфатеше дека јас уште од старт имам три пати појака конфигурација од таа на пс4 а за иста цена.Ти кажал некој сите компијутери траат по две години и ти досекаде истото го пишуваш, без претходно да се едуцираш малку
Доколку твојата конфигурација е оваа опишана во пост
#304, тогаш твојот компјутер не е појак од PlayStation 4, а уште помалку па 3 пати појак.
Како за почеток, PlayStation 4 доаѓа со GDDR5 RAM меморија, додека конфигурацијата која ја имаш опишано во пост
#304 доаѓа со DDR3 RAM меморија, разликата е огромна.
Процесорот Intel i5 Core 3330 Quad доаѓа со 4 јадра, додека процесорот на PlayStation 4 доаѓа со 8 јадра.
И да, во право си, компјутерот може секогаш да се модифицира, да му се менуваат делови, хардвер, софтвер и се останато по ред, тоа е предност на персоналниот компјутер наспроти сите останати компјутери и мини-компјутери како што се лаптопите, таблет компјутерите и паметните телефони.
Но сето тоа ќе те чини пари, додека конзолата ја купуваш сега и ќе ја користиш во наредните 5 до 6 години, ако не и повеќе.
Xbox 360 излезе во продажба во 2005 година, а техничката поддршка за таа конзола ќе трае до 2017 година, што значи дека животниот век на Xbox 360 ќе биде 12 години, а во текот на тие 12 години редовно излегуваат најнови видео игри кои одлично работат со конзолата без никакви проблеми.
За PlayStation 3, кој излезе во продажба кон крајот на 2006 година и почетокот на 2007 година, Сони имаат најавено дека техничката поддршка ќе трае до 2015 година, што значи дека животниот век на PlayStation 3 ќе биде 9 години во Северна Америка и во Јапонија, односно 8 години во Европа и во остатокот од светот, а во текот на тие 9, односно 8 години, редовно излегуваат најнови видео игри кои одлично работат со конзолата без никакви проблеми.
Секако дека ако сериозно ја оштетиш конзолата, може да биде речиси неизводливо да ги смениш оштетените делови и ќе мораш да купиш нова конзола, но тоа ќе ти го кажат само тие кои не сакаат да се нафатат сериозно со нејзино сервисирање, или тие кои немаат резервни делови за таа цел, бидејќи во реалност се може да се поправи, а потребни се само интерес, волја и резервни делови.
И конзолата и персоналниот компјутер имаат свои позитивни и негативни карактеристики.
Кај персоналниот компјутер, позитивна карактеристика е фактот дека било каков дефект може да се санира бидејќи секогаш и секаде можат да се најдат нови делови.
Негативна карактеристика се екстремно високите цени на графичките картици и на процесорите. Секако дека можеш да склопиш нова конфигурација по пониска цена, но јас кога склопувам компјутер секогаш ги купувам најмоќната графичка картица и најмоќниот процесор што ги има на пазарот, без разлика колку е висока цената и без разлика дали ќе морам да чекам 1 или 2 месеца додека да пристигнат преку посебна нарачка бидејќи никаде ги нема на лагер. Така правам бидејќи откако ќе го склопам компјутерот, го отворам само еднаш месечно за да го однесам на бензиска пумпа за да ја издувам прашината со компресор, а деловите не ги менувам ако не во наредните 5 години, тогаш барем во наредните 3 години.
Кај конзолата, позитивна карактеристика е фактот дека сите видео игри направени за конкретната конзола одлично ќе работат без никакви проблеми, поради што нема никаква потреба од појачување или купување на нови делови. Исто така, позитивна карактеристика е фактот дека цените на конзолите никогаш не се зголемуваат, туку секогаш само се намалуваат.
Негативна карактеристика е фактот дека не можат да се менуваат деловите, а видео игрите воопшто не се евтини, барем не за македонскиот животен стандард. Исто така, негативна карактеристика е фактот дека тешко се наоѓаат во Македонија резервни делови за конзолите, а како што веќе спомнав, за жал, повеќето сервисери или не се заинтересирани да поправање на неисправни конзоли, или немаат резервни делови.
И конзолата и персоналниот компјутер се ножеви со 2 острици за џебовите на корисникот, но останува фактот дека конзолата е повеќе за домашна употреба, додека персоналниот компјутер е за повеќенаменска употреба, најверојатно ова е наједноставниот опис на разликите помеѓу персоналниот компјутер и конзолата.