PlayStation 4

Се мислам дали некој јак ПЦ да земам или 4-кава. Некако оргинал игриве се скапи. Не знам дали ќе го хакнат.

За хакнување ќе го хакнат дефинитивно, но кога не се знае.
Ако си од типот на гејмери што играат 2-3 наслови, вреди да се земе. Ако си од типот се да сакаш да пробуваш, дефинитивно пц ти одговара :)
Јас си плешам само фифа, евентуално нба и некоја racing игра, друго јок.

Иначе денеска се слушнав со Горан од Пан и во врска со бундлето ми кажа дека е најавено, но НЕ е потврдено, така да има реални шанси и да го нема. Како и да е, тие што имаат преордер направено во секој случам им се исплајка да се земе зошто (проста математика) ако пс-то е 25к а бундлето 31к, на тоа кога ќе го одземеме попустот ќе дојде 28,8к.
Значи за 3800ден во секој случај вреди камера + џестик + игра :)
Па кога може Гејм Он да ја продава обичната верзија за цена еднаква на бандлот, зошто да не се почека уште некоја недела и да се земе све комплет.
Иначе муабетот ми е за реалната продажна цена што ќе биде. Ако ја правиме другата математика ќе дојде околу 5к денари +, if you know what I mean.
 
Од пред неколку дена го има во гејм_он PS4 по цена од 28 999 ден. и некои игри за него:

1488169_200724543451915_422178852_n.jpg
 
Таму е најскап.


Најверојатно, ама финтата е што само таму го има :) Прашано е во НИКО, сони галерија, пан европа и југотон, ќе го имаат за месец-два од прилика.
 
Си отишол до НИКО? Го нема уште :)



Прееска бев и во Сити Мол и во ГТЦ да земам PS3 ама банкиве(пензионерските кафичи) беа полни и ништо не направив. Ќе видам до вечер па до ГТЦ да земам PS3 од Анхоч и една игра. Дали ја има негде GTA 5 или Diablo 3?
 
Прееска бев и во Сити Мол и во ГТЦ да земам PS3 ама банкиве(пензионерските кафичи) беа полни и ништо не направив. Ќе видам до вечер па до ГТЦ да земам PS3 од Анхоч и една игра. Дали ја има негде GTA 5 или Diablo 3?


Во гејм_он ги имаш 100%, само прашај за цена на фб.
 
Секоја видео игра во Југотон е поевтина отколку во Гејм Он, чисто за информација.


GTA V во југотон на почеток беше 4200 негде, во гејмон 3800-3900, сега е 3500.
 
GTA V во југотон на почеток беше 4200 негде, во гејмон 3800-3900, сега е 3500.

Не ги знам цените на сите видео игри, но знам дека сите видео игри за кои јас лично сум заинтересиран, ги има и во Југотон и во Гејм Он и сите од прва до последна се поевтини во Југотон отколку во Гејм Он.
 
Фала ви на одговорите но сепак се одлучив за пц конфигурација ипак комп си е комп и ниедна конзола неможе да се мери со него.Прост пример на пц секогаш моше да направиш надградба на хардверот додека конзолата еднаш ја купуваш и со тој хардвер мораш да живееш наредните десет години,а си фрлил преку 30 000 денари за конзолата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom