Рикардо Кварезма -беше голем талент кој се претпоставуваше дека ќе стане еден од најдобрите фудбалери во светот,неговиот талент беше на исто рамниште на Кристијано Роналдо и фудбалскиот свет имаше големи очекувања од него. Замина во Барса каде не се покажа најдобро,и не ги исполна очекувањата,па се врати во Португалија каде играше одлично и почна да ги прикажува своите таленти.Трансферот во Интер се покажа како голема грешка во неговата кариера,италијанскиот фудбал не одговараше на стилот на играта на Рикардо,па оттука почна кариерата да оди во надолна насока,а во моментов е на печалба во Дубаи.
Еден од фудбалерите кои не го достигнаа зенитот на својата кариера.