Епа и покрај тоа што сте испишале 180 страни и сте ја изгледале, се надевам ќе ми се придружите во дискусијата.
Ја завршив втора сезона
Иако јас немам замерки ни за првата сезона, но оваа излезе уште подобра, со многу случувања и напнатост во секој момент. Од киднапирањето и убиството на Туко, лагите на Волтер за секоја ситуација, па приколката кога им престана со работа на сред пустина, па убиството на тој со банкоматот, па кога наместија друг Хаизенберг, па се до последните случувања со Џеси и Џејн и новиот соработник.
Знаев дека Џејн кога тогаш ќе умре, многу жална ми е целата приказна за дрогирањето. Всушност целата приказна во серијава со посебен акцент на некои ликови и глума ми се многу потресни. Кога зборува Волтер Џуниор, се ежам. Кога Џеси вика или плаче, се ежам. Кога Скајлер се нервираше со мажот, се ежам.
И Волтер го засакав, откако си ја избричи главата, и физички и психички се смени. Не е веќе оној лабилен и исплашен од почетокот.
Се' уште Хенк ми е најслаб лик, како од вицовите за полицајци.