Уф Тања, таман се израдував дека ќе стигнеш на работа: и ќе пишуваш на кирилица, кога ти повторно зацепа со ѕидови текст од латиница (па уште и со многу грешки)...

Сериозно, не сакам да одземам од важноста на напишаното, но самата си го девалвираш мислењето со така лошо напишана латиница.
ОК, во врска со темата ќе се осврнам на цитираниот дел долу (за домаќинствата)........................
LELE VALNOK - ako bese devalviranje na napisanite trudovi na John Nesh ili na David Hilbert..

i se ocenuvaa po nivnite pecatni greski vo kucanje - koj li ke gi zameneshe... Me iznasmeja prilicno..
Opcijata e sledna - da pisuvam na kirilica koga kje dojdam do mojot kompjuter sto e edvaj ednas nedelno, ili da pisuvam na latinica od kompjuterite na koi nemoze da imam kirilicna poddrska.
ili da ne pisuvam voopsto

a sto se odnesuva do tekstot so greski - poentata e jasna.. ako izgleda naporno i haosno - moze slobodno citatelot voopsto da ne go cita - izborot e negov.
Vidov deka imate tema, ve iscitav - sakav samo da ve nasocam vo ona sto nie go pravime - dokolku smetate deka treba da se pridruzite.. toa e se.
Kirilik way

:
Што се однеува до делот дека едукација не е потребна - тогаш си заминал на многу понапредно ниво - и според описот кој понатаму го даваш веројатно не си приземјен кон она што се случува во МК.

лошо е многу - што се горат дома немаш претстава! што се откупуваат од депонии исто немаш претстава- се горат ламинати, бриќети направенио од некој, гуми, партали и струганици ѓомити од дрво, камо да е само дрво во прашање..
Реагенсот јаглен или лесно масло за уоптреба се реагенси кои неможе ниту се некаде забранети за употреба (освен во зони каде за истото се принудни). Но, нивниот квалитет се конторолира! Е сега, незнам, можеби мислеше на она што ЕУ го разгледува за колите и нивното тргање од централни подрачја и градски зони - но тоа е проект план ( значи стратешка цел со прилично долга рамка на изведба), како што некои напредни земји и имаат и за фосилните горива за домашната употреба и греењето - како Данска на пример (ама Копенхаген е град со речиси 0% CO2 кој во изминатите децении работел на она што ние го дискутираме само во, еве веќе, 2014та

) - ама рокот за оваквите проекти е 2050 .. Доколку посоти ваков рок и тенденција (не сум во тек - но мислам дека веќе е влезено во стратешки план на ЕУ посебно во конвенцијата против глобалното затоплување и темата стакелнички гасови) - Македонија како потписник со ратификувани договри на многу конвенции ќе мора да оди во чекор (како што и се случи со ИСКЗ, како што ти се случи со имплементирањето на стандардите и строгите гранични вредности на полутантите, како и со оловото во бензините, десулфуризатори на индустирски комплекси и на нафтата - *врпочем SO2 - до пред само неколку години беше главниот полутант со 10тици пати над нормалата - но тоа видливо се реши преку контрола на реагенсите и индустрискиот сектор*- ) - но тоа е иднина..
Гасот е максимално употребуван - посебно во Герамнија која котира меѓу почистите земји на континентов (нели сега проблем излегува што дистибуцијата на гас и мрежите се под раководство и сопственост на чисто руски фирми - мисалм дека ЕУ ќе бара и кај нас тино ревидирање на потпишаните договори на јужен тек - ако веќе и не побара! што намне ни оди во прилог!)..
така да ние зборуваме за -*сега*..
што се однесува до печките на дрва, познатите "трајножаречки" печки и ќумбиња кои се продаваат во РМ - се токму и тие кои се продаваат во ЕУ и подлежат на ЦЕ сертификација при увоз во РМ. Тоа значи дека ги исполнуваат сите стандарди за нивна употреба и продажба во ЕУ.. (вакви сертификати се доставуваат за секаква техничка роба, играчки, до најмала батерија и кабелче кое се увезува, а за апарати со термички, технолошки и механички техноглоии и тоа како) - истото кога е веќе обезбедено - т.е. докажано дека уредот ги исполнува сите легислативи согласно ЕУ - нема поента да се атестира кај нас - зар ќе докажеме нешто спротивно? Што се однесува до тука прозиведените - за да одат на пазар исто мора да исполнуваат сертификати и стандарди - и тоа го потврдува акредитирана институција. За домашно изработени камини на пример - не сум сигурна за регулатива конкретна - но дека посоти протокол некој те уверувам, затоа што каминот на дедо ми има прилично техничка спецификација и папирологија од неколку институции)
Јас не сум експерт- ниту сакам да бидам - да сакав ќе студирав ТМФ, како пола мое семејство, или ќе бев петрохемиски инженер како дел од моето семејство - ама не сум и немам намера.. и еве за разлика од нив, не сум во Дубаи ниту во Канада, си живеам во Македонијава.
Маката ме натера да се занимавам со овие податоци.. Што се однесува до согорувањето на дрвото и ефикасноста (бројките што ни ги дадоа експерти по технолошки процеси на состаноците се уште пониски и различни од ове тука што ги пиша) - но, да, поентата е таа!...
На крај од краишта тоа е само искористеност, односно само изгубена енергија. Нека му ја мислат оние што ги користат (камо да користат чисти дрва за огрев)
Околу саѓите (односно ТМП честиците или ПМ10 и 2.5 - сеедно) и чистењето на очаците - тие се изјаснија дека е пред се од причина за заштита на животната средина и спречување на нивно реемтирирање во воздухот (бидејќи секундарно од разниот хемиски состав се создаваат неконтролирани фракции со овие честици) преку оџакот, но и секундарната емисија во самите простории (ниту една печка не е херметички изолирана - пред се има врата нели која се отвара) - а секако дека е и проблемот пожари, и сигурност ( но тоа не е причината зошто посоти членот и услвоот во правилникот за емисии во воздух од страна на МЖСПП)...
Сега не зборуваме за загадување од општ аспект, сите мои изнесени работи се однесуваа и се однесуваат за ТМП. Значи без акцент на материи во фракција со ситна прашина (саѓи - ПМ10 честици и далеку поопасните ПМ2.5) и оние полициклични ароматични спединенија (фурани, диоксини, и што год се), туку токму за самата прашина ПМ10.
Истата и те како се емитира од малите (нефабрички )оџаци и со фугитивна или секундарна емисија во самите објекти (а кога оџакот има наслаги, емисијата се збогатува со наталожените неуспешно изнесени предходно)...
Сеедно - ова го има во законот - неможе да се забрани реагенс, неможе да се забрани на некој да емитира во воздух - за тоа е потребен оџак и еднаш годишно чистење на оџакот.
и те како си постојат регулативи за тоа што се емитира во воздух, и те како има регулативи и опертивни планови за секој што емитира во воздух. Законите се скоцкани по ЕУ легислативте, не одскокнуваат речиси воопшто (можеби некои ситници кај одредени правилници и слично- но тоа е мал процент и неважен за темава)..
Да, контролата.. имплементацијата.. конторлата на контролата (најважниот дел)..
неуспешна децентралзација.. Б дозовли од 'кадија те тужи - кадија те суди' - експертот што ти прави елаборат, е експоретот кој потврдува дека е се по тој елаборат - конторла над тоа нема..
а потоа пак контрола дека и натаму е се по тој план - воопшто нема..
одете на град скоје старата и видете квартално колку има инспекциски интервенции во сектор животна средин.. одлично, има 40тина..

а потоа видете за што.. и по кој основ? пола се по пријава за бучавост од граѓани, другите се по пријава на МЖСПП за објект кој треба да се види дали ртаботи со Б дозовла..
А оние еден тон субјекти низ цел град кои работат и емитираат во воздух, па во почва, па во вода - кога се проверуваат и конторлираат и мониторираат (јас дури сирота си замислував дека се води еден цел календар на настани и субјекти

)?
-> како прво не посоти катастар нивен, па потоа да зборуваме за редовна контрола..
пак ќе кажам - никој нема да гори остатоци од мебел, или лакиран паркет или ПВЦ ламинат - ако знaе дека се труе... ниту ќе фрла остаток од машинско масло во својата печка. Ниту ќе пренаменува печки од еден вид во друг вид - пред да е сигурен дека не се труе и истата да се атестира - ако е свесен дека си ги труе сопствените деца...
--- надополнето: Dec 9, 2013 1:59 AM ---
и кај реагенсите кога сме..
па максимално се промовира енергетска ефикасност во МК - кој како си ја сватил...
ама доста од новите станови применуваат делови од оваа пракса, доста од мои пријатели ги користат овие бенифиции од владата при градењето на своите куќи.. не е дека не се планира енергетската ефикаснот (во секоја банка има флаер за ниски кредити и "биди ефикасен" флаери) и со ова сме во тренд со ЕУ (наметнато ни е - со потишаните конвенции ) - а тука се и стратешките планови за обновливи извори на енергија..(еве имаме ветерници, имаме проекти со геотермални делови, хидро икористилвоста одамна е детално разработена - се промовираат сончевите панели итн) - Но, кога е темата на домаќинствата и ситните фирмички и оние крупните играчи во БДП - ние сме на самиот почеток...
Малце раширив - сакав да кажам дека никаде не се забранува реагенс, туку се промовира на сите можни начини примената на еколошки реагенси, посебно на оние кои се со реобновливи извори (бидејќи фосилните кај и да е ќе се исцрпат нели од земјинава топка ) - но ова оди најспоро кај подвижните корисници на реагенси и загадувачи - патниот сообраќај - затоа се промовираат биогоривата..
Се си има на хартија - од проектирање, изведување, управување, конторлирање и надзор, одржување на секој индустриски објект по гранки, на објекти, на згради, на центри,...
но инплементацијата на овие хартии - искача дека не посоти или само селектирано...
--- надополнето: Dec 9, 2013 2:27 AM ---
.. еве две слични (но и те како светлсони години различни стартегии.. првата е стратешка, со цел, која скала по скала достигнала до тука и еволуирала - па во 2050 се гледаат себе си - како од мајка родени

- независни од фосилните горива - кои во моментов учествуваат со 80% од енергијата)
Втората пак за жал претствува долгорочна мерка од 5 години за постојни објекти - со цел да се спаси од високото загадување (Краков е еден од најзагадените градови во ЕУ - ние сме во чекор со нив)
1. ДАНСКА:
http://www.globalenvironmentalsocie...-in-denmark&catid=29:sustainability&Itemid=54
2. КРАКОВ -
http://www.clientearth.org/20131128...-solid-fuel-burning-for-domestic-heating-2405
веројатно мислеше на вавки радикални мерки..? Краков како еден од најзагадените градови - превзема чекори.. Ова одеше ударно на вести и постоеа тешки владини дебати на темава во Полска.. Сепак ваквите одлуки се стратешки и се однеуваат на даден период - рок кој е најмалку 5 години, некогаш и 10..
но кај нас незнам као би поминале..
Сето ова е супер - и кај нас има на хартија Стратешки, Национални, Локални планови - за секој сектор загадувачи - веќе има и втори верзии (читај за нови 5 години, кои полека пак тивко ќе изминат) за секој дел од животната средина. Проблемот е што тоа некој не испланирал како ќе се имплементира, а на листата од приоритети не само што не е на првото место - туку е на последното од сите последни...
За ова да биде прво - и те како е потребна свесност и наш глас...
Доста штракаме на фејсбук и форуми..
--- надополнето: Dec 9, 2013 3:25 AM ---
Прашањето е дали мора еден граѓанин да е стручњак за сите овие области, да учи формули и џули, да мери ефикасност по м3 за да може да се загрее. Нели е подобро да се гасифицираат и/или парнолизираат градовите.
дали тоа значи дека опасноста барем од овој вид загаденост воглавно ќе се намалеше со гасификација и приклучување на централно греење на што повеќе домаќинства и примена на европски стандарди на оние кои по своја волја ќе продолжат да се греат на вакви горива и на големите загадувачи.
Па свесноста за реагенсите (читај се и сешто што горат) и пренамената на несоодветни печки и котли - ќе значеше многу.. А гасификациајта и некоја построга контрола на фослините горива и домаќинствата (кога веќе ќе имаат можност да бираат меѓу гас и друго) ќе значи највеќе!- и, да, ќе е значително намалено загадувањето.
кон сето ова сега додај ги сите субјекти кои не се ни попишани, а којзнае како и мониторирани и контролирани, а емитираат во воздух и се задолжени со даден оперативен план (читај Б ИСКЗ дозвола) и непомалку важните - што горат земјоделски плевел и секакви ѓубрива и отпадоци на своите ниви, оранжерии и сл... (секако дека постои регулатива за овој отпад - но као што и самите знаете тоа веројатно кошта и се избегнува максимално без пардон - фала богу никој не се ни потрудил да ги спречи - си имаат свои маки земјоделците сега и со ова да се замараат?)
скопје е опколено со овој проблем - како зачадена каписла сме.
Резултатот ќе биде одличен. НЕ го потценувам МакСтил или веќе високо сертифицираните УСЈЕ и Скопски Легури. Но не заборавајте дека Масктил овааа година имаше гоелми дупки од нешаржирање воопшто (и по 3 месеци), а сега работи само во една смена - навечер (што баш и не е јасно зошто - таа смена има високи дневници, а струјата не е фактор - бидејќи индустриската нема две тарифи - евтина и скапа) . Загадувањето не е исклучено ниту намалено во смисла на полутантот ПМ10 во драстични размери..
[!секако дека има влијание - но не e единствен и ексклузивен загадувач во смисла на ПМ10 или 2.5 - односни главно и уште пострашно кај овие загадувачи е квалитетот на реагенсите и најважно - каква суровина ( колку чиста и што се` содржи во себе) се користи при работењето, бидејќи шаржирањето во печката исфрла огромна количина на фугитивни емисии (читај оние интерни не емитирани од оџак) од кој знае каков состав.
Во склоп на железара има и други помали фирми кои користат слични суровини - оттука неможе да се открие наводно и потврди дека главниот загадувач е токму фирмата која најчесто сакаме да си ја напаѓаме - Макстил]..