Филмот е практично приказна за 6-те играчи од академијата кои се знаат од деца, и успеале сите да играат во првиот тим. Ми се допадна тоа што ги претставија и другите играчи од академијата од таа генерација.
Уште една од работите кои го прават овој клуб уникатен. Како што и самите викаат, тешко е дека било кои други 6 деца кои биле другари од 12 години ке играат во најдобриот клуб на светот.
Поинтересните моменти ги пишав и погоре.
-Многу ме насмеа фактот што Ферги секогаш знаел кој излегувал а кој, по тоа дали биле избричени во четврток.

-Гери си признава дека од целата група бил најмалку талентиран, но бил најупорен од сите да успее
-Уште тогаш сите викаа дека Бекам го интересирала и модата, шоу бизнисот итн покрај фудбалот.
Многу ми направи мерак тоа што документарецот на некој начин се завршува со Treble сезоната, како некој вид на дипломирање на таа генерација.
Убав осврт има на мечевите баш од таа сезона, како се вратија од негатива против Тотенхем на последниот ден, со супер голот на Бекам, и винерот на Кол.
Сколс добил hair dryer treatment на полувремето со Тотенхем, го прашал Ферги, колку шанси ти се потребни за да дадеш гол... промаши 2-3 зицер шанси.
Потоа херојскиот меч од Фа Купот во полуфиналето, против Арсенал со играч помалку. 1-1, Јунајтед без поцрвенетиот Кин.
Пеналот на Фил, и одбраната на Шмајхел.
Супер голот на Гигси, потоа. И рутинската победа во финалето од Купот.
И кремот, мечот против Б.Минхен.
Она што успеав да го забележам од документарецот, имале толку многу страв од Фергусон, нешто што ни фали денес.
Невил кога го направил пеналот, посакал да умре. Сериозно. Го збори тоа.
- I've made a wrong decision, and when I give the penalty away, I remember, thinking, life is over, I'm dead.
I rather die, that this penalty go away...
It was one of those moments when, if Denis Bergkamp would've scored, my Manchester United career would've been over.
Она што е јасно видливо е дека покрај стравот од Ферги дека ако не се залагаат или ако направат некоја катастрофална грешка, ке го добијат сатарот, нешто што ги возело низ мечевите кога губеле е вербата дека може да го добијат било кој меч, односно, не губење на вербата во себе.
Секогаш кога ке направеле некоја грешка на тренинг, Шмајхел ги малтретирал и им се дерел.
Бекам кога идел да го изведе корнерот во последната минута против Баерн Минхен, а Шмајхел трчал напред, тоа му се вртело низ глава. Да не му се дере Питер ако уфрли лош центрашут.
Доста емоционално е направен крајот на филмчето, едноставно, нешто за кое што цел живот играле, им се остварило таа 1999-та. 6 деца од Манчестер. Me трогна. Како што ке го трогне секој искрен навивач на Манчестер Јунајтед.
Фил Невил вика
- It's the greatest feeling in the whole wide world, scoring a last minute winner goal in Champions League final, and I'm telling you, I have 2 kids...
Све сум го мислел Рој Кин за најнасилниот, ама Ники Бат ти бил тихи убица, ист со карактерот на Кин, само што успешно го сокривал тоа на терен.
Има доста познати фацки кои се појавуваат низ документарецот, Ерик Кантона, Тончи Блер, Зизу ...
Тогаш, Ферги го ословувале со Тhe Gaffer...