Најекономично греење и ладење

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Мерењата кои ги постирав се слични на тие што ги постираат и другите членови со инвертери, тие не се спорни. Мене ме интересираат мерењата врз основа на кои ти тврдиш дека фикс спид климите трошат неколку пати повеќе струја од инверторите.
...целата дискусија започна од дилемата дали големата почетна разлика во цената се оправдува со заштеда на струја или не.
...
И чисто процедурално, BTU/h e империјална единица мерка за енергија, а бидејќи ние користиме метрички систем, правилно е kW/h.
Oнак праша за какви киловати зборувам во конкретен пост, топлинска или електрична енергина. Во секој случај фала што не потсети дека тука користиме метрички систем на вредности!

Инаку ти пак не постираше мерења за потрошувачката на фамозните Нео клими. Како и што да споредуваме додека не го направиш тоа?



П.С. Како додатна околност, ме интересира и јачината на климата и големината на просторијата каде е сместена, исто ме интересира дали ти (или тие пријателите каде што си мерел, или ќе мериш) дали живееш/живеат во станбена зграда во која има и други станари, можеби со парно греење од Топлификација.

П.П.С. Наместо мерења, може да послужи и Еуровент извештај за климата/климите.

П.П.П.С. Нео сеуште се (и ќе бидат) ѓубре! ;)

П.П.П.П.С. Се надевам примети дека не велам дека сите фикс спид клими се ѓубре.






...дали е добро обична НЕО клима да има 54с. издув ...
Jaви се кога надворешната температура ќе падне под -15с.​
Администраториве треба да го банираат цел гевгелиски IP address range од дискусија за економично греење! ;)
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
@moongoses
Лани негде од средината на фебуар се греев комбинирано, фикс спид Фуего 3KW и радијатори со котле на струја. Климата стварно помогна и ми намали потрошени KW но во влажни денови како вчерашниот со дожд или недај боже снег на секој 50мин ем правеше дефрост ем од тие 50мин 25минути е цела замрзната и едвај млак накај ладен воздух дува. Сега со инвертеров да не ја урочам ама само еден дифрост има направено од кога е поставена и тоа вечерта кога напаѓа снег врз неа. Вчера на дождот ниеден дифрост, цело време работи и топло дува.
Фуегото ми е преместено во спална и беше пуштена и вчера ама кога и да влегов таму обелен беше целиот испарувач мислиш снег паднал на неа и ладно дува....едвај чекав да поминат тие 50мин за да дефростира и да почне топло да дува, кога така прави пола саат топол пола саат млак воздух па дефрост 15мин, треба 3-4 саати да поминат за да накачи 4-5 степени во собата.
Не велам дека некоја друга фикс спид клима со подобар компресор и електроника нема да дува топло цел саат, но дефрост секако ке прави на секој саат пошто фикс-спид во мод на греење ко на тајмер автоматски го прават дефростот на секој саат.
Значи да се ослониш само на фикс спид клима за греење цела зима тешко, доколку веке се намонтирани од порано добро е да се искористи и за греење а да се искључи некоја греалка наместо неа.Сигурно ке се заштеди така.
Но да се купат фикс спид клими пример наместо греалки со идеа за да се грее некој цела зима на нив мислам дека нема да се згрее. Скопје нема многу ладни денови со дебел минус за да треба инвертер, но не заборавајте дека па Скопје има многу денови со магла т.е висока влажност кога инвертерот ке си ја одработи работата многу подобро од обичната клима.
Значи сакав да укажам на моментот дека со инвертер можеш да рачунаш дека ке ти биде топло цела зима без разлика дали ке потроши исто или не со некоја фикс спид клима.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Не велам дека некоја друга фикс спид клима со подобар компресор и електроника нема да дува топло цел саат, но дефрост секако ке прави на секој саат пошто фикс-спид во мод на греење ко на тајмер автоматски го прават дефростот на секој саат.
Значи да се ослониш само на фикс спид клима за греење цела зима тешко...
Муабетот беше првенствено за Нео, за која пак Фуегото е напредна технологија (посебно ако е од постарите модели).
 
Член од
24 ноември 2007
Мислења
175
Поени од реакции
110
Да ги прашам познавачите на климите:

Дали е најекономично (не навлегуваме дали е побучно) да се користи климата за затоплување на најголема брзина или на авто брзина (која најчесто е помала од максималната брзина).
При најголема брзина воздухот што се издувува е помалце загреан ама пак поголема количина на воздух се загрева, додека при авто (помала) брзина воздухот е повеќе загреан но и помала количина на воздух се врти.

Не велам дека некоја друга фикс спид клима со подобар компресор и електроника нема да дува топло цел саат, но дефрост секако ке прави на секој саат пошто фикс-спид во мод на греење ко на тајмер автоматски го прават дефростот на секој саат.
Виваксот (ГЕК фикс спид) кај мене само 4 пати досега имаше дефрост, што значи дека не е точно дека секоја фикс спид клима го прави тоа на тајмер има и такви со интелегентно одмрзнување.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали е најекономично (не навлегуваме дали е побучно) да се користи климата за затоплување на најголема брзина или на авто брзина (која најчесто е помала од максималната брзина).
При најголема брзина воздухот што се издувува е помалце загреан ама пак поголема количина на воздух се загрева, додека при авто (помала) брзина воздухот е повеќе загреан но и помала количина на воздух се врти.
Да..
Ако вентилаторот на внатрешната единица работи со поголема брзина тогаш таа има пониска термпература, односно е поекономично.
Но се работи за мали разлики. Што значи ако не ти е пријатно, слободно намалија брзината
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Ај кога ќе се најадете и напиете, кажи што било чарето? ;)
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.498
Да ги прашам познавачите на климите:

Дали е најекономично (не навлегуваме дали е побучно) да се користи климата за затоплување на најголема брзина или на авто брзина (која најчесто е помала од максималната брзина).
При најголема брзина воздухот што се издувува е помалце загреан ама пак поголема количина на воздух се загрева, додека при авто (помала) брзина воздухот е повеќе загреан но и помала количина на воздух се врти.

Виваксот (ГЕК фикс спид) кај мене само 4 пати досега имаше дефрост, што значи дека не е точно дека секоја фикс спид клима го прави тоа на тајмер има и такви со интелегентно одмрзнување.
Многу е битно дали климата освен зададената која сакаш да ја постигнеш ја покажува и амбиенталната температурата од сензорот во внатрешната единица т.е. температурата од собата. Ако ја покажува ке го забележиш следново:
1. Tamb<=2C od Tzad =>дува најако
2. Tamb<1 do 2C odTzad =>средно дување
3. Tamb<0 do1C Tzad =>најсалабо дување
Тamb=Tемпература амбиентална(Т во собата, од сензорот на внатрешната ја добива)
Тzad=Температура зададена со даљинсото што сакаш да се постигне
Кога ми смета јакото дување укључувам Turbo, тогаш за 5-10мин ке го укључи компресорот на максимум и ке достигне температура 0 до 1 степен помала од зададената и тогаш ке го искључам турбото и ја добивам ситуацијата горе под 3 односно ке продолжи да дува со најслаба јачина.
Сензорот за амбиенталната е во внатрешната а таму има јако струење на воздухот затоа и се така подесени у 2степена раслика, незнам дали има клима која баш точно у дел од степен ке даде иста вредност на тој сензор и термометар поставен во собата. Углавно разликата се јавува а тоа е заради провевот во внатрешната. Можеби некоја митсубиши или тошиба од 1000еврејки со квалитетен сензор ке ти покаже точна температура и на двете места, за поефтините варијанти треба да научиш да играш во некое температурно подрачје од 2-3 степена што брзо се учи.
За Виваксот супер за тебе ако е така, фуегово ми е од првата серија стара повеке од 10 години и повеке пати е селена така да изгледа толку и е душата иако порано не мрзнеше толку често.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Топлински киловати. Правилно именување би било 12.000BTU за 3.5ите и 18.000BTU за 5ките, но народски и жаргонски сите ги викаме три-иполки и петки.
ок... се разбравме... мислев да не збориш за електрични...

инаку терминот ФИКС СПИД е глуп. и само на овој форум го читам. тоа тука некој го уведе и сите општо го прифативте. значи постојат терминологии:

-клима
-инвертер

инвертерот не е клима, туку е инвертер. а климата не е фикс спид клима туку клима или ете класична клима, пошто нели е постар модел...


инаку... еве нешто ново од мене и КАНО ИНЖИНЕРИНГ... ова е комплетно моја идеја и реализација, и на добра воља ја споделувам со сите кои имаат ваков проблем, а сакаат да го решат поевтино... значи:



во пресрет на најавуваната долга и грч ладна зима, за сите оние што се греат на дрва а имаат проблем со недоволно влечење на оџакот, еве еден мал проект од мене, успешен, денес направен и тестиран...

значи појдовна точка беше следна... во викендицата имам оџак, кој е наменет за шпорет на дрва. мал, тесен и недоволно голем за било што друго појако да се тури. јас сепак турив котел на дрва, и парно низ цела куќа. оџакот недоволно влече, внатре во куќата во таа соба а и ходникот е пушница, не се дише. пробав со се и сешто и пак проблем...

решение:


потребен материјал:

-празна боца од фреон. (беспари ке ја најдеш, или на отпадиве на кило за 100 денари ке ја купиш)
-кинески мотор за фрижидери-витрини од 25 вати- 550 денари
-метална перка-поголемата од двете можни 100 денари
-држачи за моторчето-100 денари
-една од нај кратките лули-ќунци 150 денари
-силикон за висока температура 230 денари
-американ трака 110 денари
-спрејче или боја за да се офарба на крај 160 денари

се вкупно 1500 денари (наспроти правење нов оџак од 350-500 евра)

потребен алат:

-брусилица-шлајферица
-макза за сечење лим
-апарат за заварување (СО2 или плазма, евентуално оксигенски, а со швајц нема шанси, ке стопи се)

слики од празната боца немам, заборавив да ја сликам.


на моторот му ги отстрануваш пластичните делови и ги заменуваш со метални, т.е. шајбната за перката е пластична и има 3 подлошки од долна страна. боцата од фреон ја сечеш на пола, откако претходно ке направиш на врвот и на дното по една дупка, со големина на лулата-ќунецот. во едната страна го вградуваш моторот со се перката.



ја сечеш лулата на пола или вадиш уште помали парчиња од двата краја. нели самата лула има потесен и поширок дел. потсниот дел е оној низ кој треба да дува а поширокиот дел е оној низ кој треба да влече. па така соодветно кој за каде е се заварува секој на својата половина.



кабелчето мора да излезе надвор нели? за да се заштити од директен контакт со висока температура потребно е да се пикне во некое цевче. јас употребив парче алупласт:



следно е затварање и спојување на двете половини од боцата. јас ги составив назад на свое место и на 6-7 места ги пецнав со по еден сантим вар.



следно е силиконизирање на сите варови, бидејки не смееме да дозволиме под притисок да издувува дим низ можеби некое дупче (или неколку) кое не сме го виделе и секако на спојот помеѓу двете половини целосно. црниот силикон до 300 степени е одличен за таа работа.





и веднаш врз сите залепени со силикон делови, залепувам американ трака, за побрзо да сетгне силиконот, да можам да го стиснам и адекватно распоредам целиот силикон, а меѓу другото е да можам одма да го пробам, т.е. да не чекам до утре за тестинг.



следно би требало да биде фарбање, јас сепак одлучив прво да тестирам, да видам што ке се деси, па ако се е во ред и ако не треба да демонтирам, тогаш да го фарбам.

за поставувањето на оваа (како што ја нареков јас), дизел турбина за оџак, препорачувам да се намонтира на самиот крај од лулите, т.е. што подалеку од печката-котелот, за да има што помалку температура која ке влегува во нејзе.



безпол палицата ја потпира бидејки тука оџакот е слаб, т.е. не е воопшто оџак, а и дизел турбинава за оџак, не енаменета за овде, туку само се тестира...

резултати.... феноменални. нема никаков дим од котелот. и овој овде знаеше да зачури на палење. прво и основно за неполни 2 минути комплетно го разгоре огинот. претходно беа потребни 15-тина минути за тоа. котелот постигна работна температура за околу 20 минути, што било кој овде што се грее на котел на дрва знае дека тоа трае нај малку 1 саат. значи зборам за 60 степени на вода.

негативности:

откако ке се загрее котелот, потребно е да се намали брзината на моторот. сепак влече премногу. имам пиштол за мерење температура на површина. во турбината стигна температура од 160 степени. значи намалувањето се решава на 2 можни начини.

првиот е да имаш сериски поставена сијалица од 25 вати со струјата на моторот, но да можеш да ја премостуваш со мрзливец. кога разгоруваш и загреваш, полна пара, кога ке се загрее се како што треба, го кликаш мрзливецот, автоматски ја преполовуваш струјата на моторот и тој се успорува на 50%, тоа би требало да биде доволно. инвестицијата би била ако се купуваш околу 150-200 денари.

вториот начин е да му се постави онаков потенциомер за сијалици и со него да се контролира брзината на моторот. чак што више јас го препорачувам вториов начин затоа што ке имаш и комплетно гасење на копче, а со сијалицата ке мораш од штекер да гасиш или дополнително уште еден мрзливец.


прашања некои ако имате, слободно прашувајте...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Каде да најдам она едно што се става на плинска боца како решетка нешто за греење? Мислам дека топ ќе ми дојде тоа, па што ако и така сакам да живеам опасно. Демек ќе сум се угушел. Морам и јас да умрам од нешто ни пушам, ни пијам алкохол и кафе. :D
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
126
Поени од реакции
37
Дали некој знае со каква боја- спреј да ја исфарбам(освежам ) печката земав еден црн до 600 степени и се беше ок на слаб оган но кога се појачи огнот почна да чади спрејот, да мириса и да бледее ?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.511
Дали некој знае со каква боја- спреј да ја исфарбам(освежам ) печката земав еден црн до 600 степени и се беше ок на слаб оган но кога се појачи огнот почна да чади спрејот, да мириса и да бледее ?
Нема гајле така треба. Таква е бојата треба да изгори за да се стабилизира, за да не се љупи или греби. Сосем нормална појава.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Oнак праша за какви киловати зборувам во конкретен пост, топлинска или електрична енергина. Во секој случај фала што не потсети дека тука користиме метрички систем на вредности!

Инаку ти пак не постираше мерења за потрошувачката на фамозните Нео клими. Како и што да споредуваме додека не го направиш тоа?

П.С. Како додатна околност, ме интересира и јачината на климата и големината на просторијата каде е сместена, исто ме интересира дали ти (или тие пријателите каде што си мерел, или ќе мериш) дали живееш/живеат во станбена зграда во која има и други станари, можеби со парно греење од Топлификација.

П.П.С. Наместо мерења, може да послужи и Еуровент извештај за климата/климите.

П.П.П.С. Нео сеуште се (и ќе бидат) ѓубре! ;)

П.П.П.П.С. Се надевам примети дека не велам дека сите фикс спид клими се ѓубре.

Администраториве треба да го банираат цел гевгелиски IP address range од дискусија за економично греење! ;)
Пак си ги побркал лончињата. Изгледа треба повнимателно да ги читаш постовите и твоите и на другите членови.​
Ти ја пласираше тезата дека климите трошат неколку пати повеќе од инверторите. Така да ти треба да ги дадеш мерењата на кои го базираш тој став, а кои неколку пати ти ги барам. Моите постирани мерења поназад на темава се за инвертор и како што веќе пишав, се горе доле слични на мерењата на останатите членови со инвертори.​
А пријателот живее во куќа во Скопје, топлификација е на неколку стотини метри од неговата (и мојата) куќа, незнам дали тоа влијае на работата на климата. Климите, како што пишав, се 3,5 и 2,5 а просториите се нормална дневна и детска соба, во квадрати незнам. А ако повторни ги аргументираш твоите тези со можеби и најверојатно, понатамошната дискусија ќе биде беспредметна.​
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.359
Ти ја пласираше тезата дека климите трошат неколку пати повеќе од инверторите. Така да ти треба да ги дадеш мерењата на кои го базираш тој став, а кои неколку пати ти ги барам.​
Можеби очекуваш да отидам до кај пријателот твој, да измерам потрошувачка?​
А пријателот живее во куќа во Скопје, топлификација е на неколку стотини метри од неговата (и мојата) куќа, незнам дали тоа влијае на работата на климата.
:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom