Топлински киловати. Правилно именување би било 12.000BTU за 3.5ите и 18.000BTU за 5ките, но народски и жаргонски сите ги викаме три-иполки и петки.
ок... се разбравме... мислев да не збориш за електрични...
инаку терминот ФИКС СПИД е глуп. и само на овој форум го читам. тоа тука некој го уведе и сите општо го прифативте. значи постојат терминологии:
-клима
-инвертер
инвертерот не е клима, туку е инвертер. а климата не е фикс спид клима туку клима или ете класична клима, пошто нели е постар модел...
инаку... еве нешто ново од мене и КАНО ИНЖИНЕРИНГ... ова е комплетно моја идеја и реализација, и на добра воља ја споделувам со сите кои имаат ваков проблем, а сакаат да го решат поевтино... значи:
во пресрет на најавуваната долга и грч ладна зима, за сите оние што се греат на дрва а имаат проблем со недоволно влечење на оџакот, еве еден мал проект од мене, успешен, денес направен и тестиран...
значи појдовна точка беше следна... во викендицата имам оџак, кој е наменет за шпорет на дрва. мал, тесен и недоволно голем за било што друго појако да се тури. јас сепак турив котел на дрва, и парно низ цела куќа. оџакот недоволно влече, внатре во куќата во таа соба а и ходникот е пушница, не се дише. пробав со се и сешто и пак проблем...
решение:
потребен материјал:
-празна боца од фреон. (беспари ке ја најдеш, или на отпадиве на кило за 100 денари ке ја купиш)
-кинески мотор за фрижидери-витрини од 25 вати- 550 денари
-метална перка-поголемата од двете можни 100 денари
-држачи за моторчето-100 денари
-една од нај кратките лули-ќунци 150 денари
-силикон за висока температура 230 денари
-американ трака 110 денари
-спрејче или боја за да се офарба на крај 160 денари
се вкупно 1500 денари (наспроти правење нов оџак од 350-500 евра)
потребен алат:
-брусилица-шлајферица
-макза за сечење лим
-апарат за заварување (СО2 или плазма, евентуално оксигенски, а со швајц нема шанси, ке стопи се)
слики од празната боца немам, заборавив да ја сликам.
на моторот му ги отстрануваш пластичните делови и ги заменуваш со метални, т.е. шајбната за перката е пластична и има 3 подлошки од долна страна. боцата од фреон ја сечеш на пола, откако претходно ке направиш на врвот и на дното по една дупка, со големина на лулата-ќунецот. во едната страна го вградуваш моторот со се перката.
ја сечеш лулата на пола или вадиш уште помали парчиња од двата краја. нели самата лула има потесен и поширок дел. потсниот дел е оној низ кој треба да дува а поширокиот дел е оној низ кој треба да влече. па така соодветно кој за каде е се заварува секој на својата половина.
кабелчето мора да излезе надвор нели? за да се заштити од директен контакт со висока температура потребно е да се пикне во некое цевче. јас употребив парче алупласт:
следно е затварање и спојување на двете половини од боцата. јас ги составив назад на свое место и на 6-7 места ги пецнав со по еден сантим вар.
следно е силиконизирање на сите варови, бидејки не смееме да дозволиме под притисок да издувува дим низ можеби некое дупче (или неколку) кое не сме го виделе и секако на спојот помеѓу двете половини целосно. црниот силикон до 300 степени е одличен за таа работа.
и веднаш врз сите залепени со силикон делови, залепувам американ трака, за побрзо да сетгне силиконот, да можам да го стиснам и адекватно распоредам целиот силикон, а меѓу другото е да можам одма да го пробам, т.е. да не чекам до утре за тестинг.
следно би требало да биде фарбање, јас сепак одлучив прво да тестирам, да видам што ке се деси, па ако се е во ред и ако не треба да демонтирам, тогаш да го фарбам.
за поставувањето на оваа (како што ја нареков јас), дизел турбина за оџак, препорачувам да се намонтира на самиот крај од лулите, т.е. што подалеку од печката-котелот, за да има што помалку температура која ке влегува во нејзе.
безпол палицата ја потпира бидејки тука оџакот е слаб, т.е. не е воопшто оџак, а и дизел турбинава за оџак, не енаменета за овде, туку само се тестира...
резултати.... феноменални. нема никаков дим од котелот. и овој овде знаеше да зачури на палење. прво и основно за неполни 2 минути комплетно го разгоре огинот. претходно беа потребни 15-тина минути за тоа. котелот постигна работна температура за околу 20 минути, што било кој овде што се грее на котел на дрва знае дека тоа трае нај малку 1 саат. значи зборам за 60 степени на вода.
негативности:
откако ке се загрее котелот, потребно е да се намали брзината на моторот. сепак влече премногу. имам пиштол за мерење температура на површина. во турбината стигна температура од 160 степени. значи намалувањето се решава на 2 можни начини.
првиот е да имаш сериски поставена сијалица од 25 вати со струјата на моторот, но да можеш да ја премостуваш со мрзливец. кога разгоруваш и загреваш, полна пара, кога ке се загрее се како што треба, го кликаш мрзливецот, автоматски ја преполовуваш струјата на моторот и тој се успорува на 50%, тоа би требало да биде доволно. инвестицијата би била ако се купуваш околу 150-200 денари.
вториот начин е да му се постави онаков потенциомер за сијалици и со него да се контролира брзината на моторот. чак што више јас го препорачувам вториов начин затоа што ке имаш и комплетно гасење на копче, а со сијалицата ке мораш од штекер да гасиш или дополнително уште еден мрзливец.
прашања некои ако имате, слободно прашувајте...