Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да ги прашам познавачите на климите:
Дали е најекономично (не навлегуваме дали е побучно) да се користи климата за затоплување на најголема брзина или на авто брзина (која најчесто е помала од максималната брзина).
При најголема брзина воздухот што се издувува е помалце загреан ама пак поголема количина на воздух се загрева, додека при авто (помала) брзина воздухот е повеќе загреан но и помала количина на воздух се врти.
Виваксот (ГЕК фикс спид) кај мене само 4 пати досега имаше дефрост, што значи дека не е точно дека секоја фикс спид клима го прави тоа на тајмер има и такви со интелегентно одмрзнување.
Топлински киловати. Правилно именување би било 12.000BTU за 3.5ите и 18.000BTU за 5ките, но народски и жаргонски сите ги викаме три-иполки и петки.

Дали некој знае со каква боја- спреј да ја исфарбам(освежам ) печката земав еден црн до 600 степени и се беше ок на слаб оган но кога се појачи огнот почна да чади спрејот, да мириса и да бледее ?
Oнак праша за какви киловати зборувам во конкретен пост, топлинска или електрична енергина. Во секој случај фала што не потсети дека тука користиме метрички систем на вредности!
Инаку ти пак не постираше мерења за потрошувачката на фамозните Нео клими. Како и што да споредуваме додека не го направиш тоа?
П.С. Како додатна околност, ме интересира и јачината на климата и големината на просторијата каде е сместена, исто ме интересира дали ти (или тие пријателите каде што си мерел, или ќе мериш) дали живееш/живеат во станбена зграда во која има и други станари, можеби со парно греење од Топлификација.
П.П.С. Наместо мерења, може да послужи и Еуровент извештај за климата/климите.
П.П.П.С. Нео сеуште се (и ќе бидат) ѓубре!
П.П.П.П.С. Се надевам примети дека не велам дека сите фикс спид клими се ѓубре.
Администраториве треба да го банираат цел гевгелиски IP address range од дискусија за економично греење!
Ти ја пласираше тезата дека климите трошат неколку пати повеќе од инверторите. Така да ти треба да ги дадеш мерењата на кои го базираш тој став, а кои неколку пати ти ги барам.
А пријателот живее во куќа во Скопје, топлификација е на неколку стотини метри од неговата (и мојата) куќа, незнам дали тоа влијае на работата на климата.


Хммм, па за „клима„ како назив, можеме да се согласиме дека е локален, балкански ваљда (словенски?) назив.инаку терминот ФИКС СПИД е глуп. и само на овој форум го читам. тоа тука некој го уведе и сите општо го прифативте. значи постојат терминологии:
-клима
-инвертер
инвертерот не е клима, туку е инвертер. а климата не е фикс спид клима туку клима или ете класична клима, пошто нели е постар модел...

Кано браво за решението за поголем проток во оџакот.
Се надевам само дека во реонот на викендицата нема проблеми со струјата.
(водата/течноста во парното со пумпа ја вртиш, или пасивно сама се врти (термодинамички)?)
Малку ме загрижува алупласт цевката, не сум сигурен која е температурата на чадот/воздухот внатре во боцата/оџакот, но ваљда нема да ја стопи пластиката. Плус внатре во цевката исто би можеле да се дигнат температури, и да ја истопат изолацијата од кабелот (можеби каблажа од термо печки би бил подбро ожичување?).
Но ако боцата е доволно далеку од огништето, погоре по оџакот (на кров можеби?), гасовите би требало да се доволно изладени.![]()