MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
МП100 мислам дека нема опција за снимање
 
Абе дај некој нека кажит ако го имат активирано пакетов за арена спорт дали е 200 денари само за арена спорт каналиве или во тој пакет влегват и спорт клуб каналиве или си одат посебно 200 за арена спорт и уште 100 за спорт клуб?
 
Мислам дека СПОРТКЛУБ си оди посебно јас така ја купив а Арена спорт сеуште ги немам купено.Е сега во спорт клуб пакетот влегуваат 6 канали има таму едни даваат мотори,коли трки такви работи.:)
 
Max Sport +

Со Max Sport + гледајте 4 натпревари истовремено од Лига на Шампиони и Лига Европа, заедно со уште 4 спортски канали: Sport Klub, Sport Klub +, Motors TV и Extreme Sport. Активирајте преку MaxTV, на 122 или преку интернет.

месечно:

199 ден.

Значи заедно со Спортклуб се.
 
Мислам дека СПОРТКЛУБ си оди посебно јас така ја купив а Арена спорт сеуште ги немам купено.Е сега во спорт клуб пакетот влегуваат 6 канали има таму едни даваат мотори,коли трки такви работи.:)

Заедно се. Пред да ги убацат Арена за 99 денари ги имаше само Спорт Клуб. Сега за 200 денари, со договор за 1 година ги имаш сите заедно во пакет. Без договор е поскапо.
 
Епа јас ги купив не многу одамна но може да се каже пред година спортклуб и немам арена спорт само арена спорт 1.Го имам тој пакет 99 ден.
 
а стигната ти е барем една сметка за да видиш дали се заедно??
 
Па за 99 денари ги имаш само Спорт Клуб каналите, за 200 ти се плус четири канали на Арена Спорт т.е три, првиот нивен канал ти е во основниот пакет.
 
На вториот мп100 ресивер во Снимање кога ќе отидам ми пишува "Листата на снимени содржини е недостапна. Проверете дали Тв приемникот и медија приемникот се поврзани во мрежа". И немам пристап до снимените содржини, а неможам ниту да снимам од тој ресивер. А на мп300 е се во ред, си работи како што треба. Имам пробано со ресетирање на се живо, и ништо не работи. Се јавив во телеком и го пријавија проблемот али додека дојдат они Понеделник/Вторник може од форумот некој знае како да го решам проблемот ???

Јас сум на втората линија на Макс Тв,и немам проблем со снимањето.Е сега каков е ресиверот према твојот-незнам
 
Епа јас ги купив не многу одамна но може да се каже пред година спортклуб и немам арена спорт само арена спорт 1.Го имам тој пакет 99 ден.

И јас имав исто, ама се префрлив на Max Sport+ со Арена Спорт пакетот.

а стигната ти е барем една сметка за да видиш дали се заедно??

Сега баш гледам. До средина на претходен месец сум имал само Спорт Клуб и до тогаш е фактурирано само за нив, од средината натака е фактурирано за сите.

Дополнителен ТВ пакет Max Sport F0072722 01.10.13-22.10.13 период 59,61
Дополнителен ТВ пакет Max Sport+ F0072722 22.10.13-31.10.13 период 54,40
 
Па за 99 денари ги имаш само Спорт Клуб каналите, за 200 ти се плус четири канали на Арена Спорт т.е три, првиот нивен канал ти е во основниот пакет.

Да ама како што знам немаше АРЕНАСПОРТ пакет тогаш или имаше па не видов можам ли да се префрлам ?
 
За првиот дел од прашањето искрено незнам, но за вториот, дали можеш да се префрлиш, секако дека можеш. Било кој оператор на својот корисник ќе му помогне да мигрира на повисок пакет (читај: да му земе повеќе пари). Проблем би било да мигрираш на понизок пакет.

Јас оти сега сум на blizoo, најпрво бев на најмалиот пакет, кога им спомнав дека ќе одам погоре, и те како им бев во центарот на вниманието :)
 
Да не има некој некакви информации што планираат за нова година ,некој нови канали или нешто слично?
 
Едно прашање.

Дали дополнителниот втор ресивер може да биде поврзан ваерлес за да не тегнам кабли доколку го земам??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom