MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
За втор ресивер освен еднократниот надоместок се плаќа нешто плус или си останува истата месечна претплата ?
И дали можи преку еден етернет кабел да се користи и интернет и телевизија преку свич?

Мислам дека еднократно доплаќаш 900 денари за втор ресивер и претплатата останува иста. Со свич не можеш.
 
Дај ако може некој да помогне да ми каже како да ги користам опциите за премотување и снимање ... кога стискам за снимање горе ми пиши снимањето е оневозможено ...

Тоа ти го пишува доколку си на 3Макс Бејзик пакетот и во тој пакет немаш снимање. Ако сакаш снимање, земи 3Макс Старт или 3Макс Комфорт пакет за да имаш снимање.
 
Мислам дека еднократно доплаќаш 900 денари за втор ресивер и претплатата останува иста. Со свич не можеш.
Сепак пробав кај комшиве работеше со свич не закочи :)
 
Ај да ве прашам нешто во врска со MAX 3 овој што снима.Дали може сниманите работи што се да се префрлат на УСБ случајно да не знае некој таква работа.Ви благодарам однапред.
 
Ај да ве прашам нешто во врска со MAX 3 овој што снима.Дали може сниманите работи што се да се префрлат на УСБ случајно да не знае некој таква работа.Ви благодарам однапред.

Никако
 
Ај да ве прашам нешто во врска со MAX 3 овој што снима.Дали може сниманите работи што се да се префрлат на УСБ случајно да не знае некој таква работа.Ви благодарам однапред.
Може 100% .
Вака ќе направиш , прво ќе го снимиш на приемникот тоа што сакаш да го префрлиш , после ќе го пуштиш снименото од почеток и почнуваш да снимаш со камера/мобилен и сл. и така снименото фино лепо од камерата/мобилниот ќе си го префрлиш на УСБ (y)
Стопати е поставено ова прашање во темава и стопати е одговорено , и мислам дека само на начинов кој погоре ти го објаснив можеш да си префрлиш снимен материјал на УСБ . ама кој да чита некој страна наназад во темава ....
 
Епа која да чита 56 страни.Ок ке пробам.Убаво ке го наместам телефончето и ке снимам.:)
 
Дали досега некој активирал Интернет на Барање на T-home ?
-Јас активирав поминаа 5-6 сати досега и ни трага ни глас од интернетот... Се јавив во T-home ми викаат кога ќе биде услугата активна ќе ви се јавиме и шо ако не се активира за 24 сати пропадна :\
 
Додадена е нова опција на МаксТв, Multi Channel View (бр. 1116)
 
АренаСпорт канали наскоро од јутра до сутра на MaxTV :drk:
Кај некои веќе се достапни, кај некои во наредниве неколку дена.
Пакетот ќе биде до 200 денари, ако не им се слоши па да побарат уште нешто плус :icon_mrgr:
 
БумТВ го имал SK3 :P
1393190_10153332080205224_464581755_n.jpg
 
NFL конечно :love:
Инаку од пред не полн час почнаа со емитување на програмата :)
 
Едно прашање кога во Тв-теката ке вратам некоја програма од овие што се алфа мтв канал5 кога ке се пушти неколку пати се губи гласот и покасно доага до сецкање многу замара тоа од 30 мин емисија 20 мин е без глас :)
 
На вториот мп100 ресивер во Снимање кога ќе отидам ми пишува "Листата на снимени содржини е недостапна. Проверете дали Тв приемникот и медија приемникот се поврзани во мрежа". И немам пристап до снимените содржини, а неможам ниту да снимам од тој ресивер. А на мп300 е се во ред, си работи како што треба. Имам пробано со ресетирање на се живо, и ништо не работи. Се јавив во телеком и го пријавија проблемот али додека дојдат они Понеделник/Вторник може од форумот некој знае како да го решам проблемот ???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom