Фан клуб - РК Вардар

Ти тоа ли си замислуваш :cautious:
tumblr_mav5qyefcM1rtj4kjo1_500.gif


:D :D

Бојана ја замислувам бе :D
 
Нарушениот димски дух на Минчовци утре мора да биде максимално искористен од Вардар.Не смее никако да се потцени противникот и градски ривал,но утре Вардар ако изигра на највисоко ниво ќе има шанси да го тресне од земја Металург и да му даде до знаење кој владее со ракометот во земјава.Вака некако би изгледало трескањето од земја:


Да не знаат кај тераат Наркичот и компанија ... :D
 
Мене само ми е страв да не им ја пуштат вечерва. Ќе биде навистина штета, затоа што Борис очекувам да експлодира.
 
Мене само ми е страв да не им ја пуштат вечерва. Ќе биде навистина штета, затоа што Борис очекувам да експлодира.

Не бе какво пуштање, рече Доне ставајте се што имате на кец вечерва :icon_mrgr:
 
Мене само ми е страв да не им ја пуштат вечерва. Ќе биде навистина штета, затоа што Борис очекувам да експлодира.

И јас мисалм дека денес ќе им ја пуштиме, или па во најмала рака х, не ми се верува да тепаме.
 
очекувам убедлива победа на Вардар, у кладилница -2.5 хен за 1 е 2коеф :) кејфови
 
И јас мислам дека денеска ќе глумиме скандинавци и скептик сум ќе ме разочараат ако им ја пуштат не ми се искача од дома за да идам накај БТ
 
Mногу ќе ме накурчат ако им пуштат на Минчолург. Кој ги врти дали ќе им требаат бодови на крај, сами нека се снајдат а не Вардар да им помага. Плус вардарци треба да имаат на ум дека во случај да им пуштат, вештачките ќе бидат во предност за место погоре на табелата.
 
Абе какво пуштање нормални ли сте вие. Будали ли сме да ги враќаме од мртвите? :D
Реално годинава Металург нема ништо изиграно, освен на утакмицата со ПСЖ. А ние баш на тој меч се посравме.
Со Тун одвај тепаа, а кој како доаѓа си ги шлака ко мали деца. Со Барса беа ишлакани како мали деца. Со Динамо Минск беа во егал 50 минути, а лани таквите мечеви ги решаваа уште на полувреме. Со нас беа изгубени во свемирот, едино со ПСЖ имаа добар меч.
Во СЕХА лига досега се срање во боја. Од Татран изгубија како магарици, изиграа нерешено дома со Нексе и Ловќен екипа која според тоа што го покажа во Кале, ми личеше дека и ние од форумов да им играме, ќе ги победиме.
Они во цела сезона уште немале посериозно гостување освен мечот со Барса, а видовме таму како поминаа.
На сите гостувања со потпросечни екипи играат бледо.

Во напад се очај невиден, ниедна акција немаат направено, само на сила се оди. Ванчо убаво ја почна сезоната, ама како одминува времето се потешко се бори со противниците, па затоа просторот им е скратен и мора само да форсираат по бекови. Јас не знам кај ќе им беше крајот ако не го донесеа Атман. Ќе се бореа со Тун за пето место :)
Кај нив многу работи зависат од голманот и од одбраната. Ние и во ден каде што голманот ни е дрво можеме да преживуваме ради разноврсноста во нападот, ама кај нив кога на голманот не му оди, едноставно на цел тим не им оди.
Губат мнопгу голови кога голманите не фрлаат контри. Релно Манасков е мајстор за такви ситуации, ама за позициона игра може да учи од Дибиров.

Ние со таа една победа ништо не сме добиле, пошто за сда одиме понатаму секако ќе треба Динамо да го добиеме и тоа ќе ни беше единствен услов и во случај два пати да загубевме од Металург. Исто со една победа можеби би завршиле трети, но и тоа ништо не ни мнува, пошто дали ќе играме со прв или второпласиран од другите групи ИСТО НИ СЕ ФАЌА, со оглед на тоа какви противници не чекаат.
Но затоа со две победи ситуацијата од корен се менува и добиваме шанса з второ место и полесен противник во осмина финале.

Досега во Борис натпреварите оделе вака ПОБЕДА ЗА ВАРДАР, ПОБЕДА ЗА ВАРДАР, ПОБЕДА ЗА МЕТАЛУРГ, ПОБЕДА ЗА ВАРДАР, ПОБЕДА ЗА ВАРДАР, НЕРЕШЕНО, ПОБЕДА ЗА ВАРДАР и што следува ако го слдиме текот на низата? :icon_mrgr:

ОДИМЕ НА ПОБЕДА!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom