Фан клуб - РК Вардар

Абе за одбрана ОК, ама не очекувам нападот да се потпре на класичен одбранбен играч како Абутовиќ. Ниту Чипурин не гледам како би помогнал, кога е класичен пикер. Козлина исто така не верувам дека нешто посебно би го есапеле. Колку што знам, уште не е во играчка форма. Единствен класичен лев бек - напаѓач ни останува е Филипче, кој ќе МОРА на овој натпревар да покаже зошто остана во Вардар и зошто ја носи капитенската лента.


Де бе, во Филипче ли немаш доверба.. Јас него го гледам како асистент (релација со пикерот), добар шутер е башка има висина али типацот пиќенце е, нема муда да превзема одговорност..
 
Де бе, во Филипче ли немаш доверба.. Јас него го гледам како асистент (релација со пикерот), добар шутер е башка има висина али типацот пиќенце е, нема муда да превзема одговорност..

Да, Филип има страшен преглед на играта и многу солидни организациски способности, убаво ги проигрува пикерите. Има и висина и сила со добар скок шут, ама нема јајца.. Како последица на ова, најчесто или не шутира ич, или шутира ниско и млако..
 
За одбрана тешко дека Мите и Козлина се макар и приближна замена за Растворчев...посебно шо и двата долго време беа повредени....но и да не беа не се на нивото на Растворчев...
Едноставно грамада е,вистински специјалист за одбрана,еден од најдобрите дефанзивци во последните 10 ина години....
За напад не би требало да е некој хендикеп неговото отсуство,тука е Филипче,јас да сум на местото на Доне(или Самс):D не би се коцкал со Козлина и Абутовиќ во напад,пред се не во пролетните мечеви во ЛШ,вас ви треба некој салам лев бек....бек кој добро ќе соработува со Карачиќ,Дибиров и со пикерот...овие двајцата имаат висина,сила,шут,се...ама кога се работи за техника,сенс за пас кон пикер или крило се како изгубени Германци....
Ако ископа Самсоненко некој бек од калибарот на Харбок(како шо се најавува)тогаш ќе имате една од најдобрите леви страни во Европа....+добри пикери+Карачиќ(тука е и Прибак како замена).....(y)
 
Да, Филип има страшен преглед на играта и многу солидни организациски способности, убаво ги проигрува пикерите. Има и висина и сила со добар скок шут, ама нема јајца.. Како последица на ова, најчесто или не шутира ич, или шутира ниско и млако..
Принцеза е Филипче. :D
 
Менаџерскиот тим на Вардар ги поканува своите фанови да ни помогнат да го брендираме автобусот на нашиот клуб.
Сите кои што имаат предлог идеја за дизајнот на новите автобуси на машката и женската екипа на Вардар, ги повикуваме истите да ги испратат на официјалните е-маил адреси на клубовите: contact@zrkvardar.com и contact@rkvardar.com.

Од испратените предлози, менаџерскит тим ќе одбере 3 најдобри, кои ќе бидат ставени на јавна анкета на веб страниците на машкиот и женскиот тим, а победникот кој ќе биде изгласан и прифатен, како награда од тимот на Вардар ќе добие патување со екипата на РК Вардар, односно ЖРК Вардар.

Сакаме да напоменеме дека автобусот е заеднички за двете екипи и како предлози не се прифаќаат дизајни изработени со ликовите на тимовите.
 
Има информации за фан-шопот што го отвораат у сала? Какви дресови-маички ќе има? :)
 
Репете пЉиз :icon_mrgr:

Вториов меч се игра во многу помала еуфорија некако. Ние си ја остваривме целта, добивме еден меч иако тоа реално и не ни значи нешто многу ако не го добиеме и вториот, па сега и да загубиме нема да биде прифатено толку фатално.
Барем јас така се осеќам во моментов :icon_mrgr:
Или па можеби сум сигурен дека утре ќе победиме.
Си викам тимишта како Барса и ПСЖ не успеаа да не победат на домашен, а не па овие :icon_mrgr:
Сепак ова повредава на Растворцев ми влева некоја доза на недоверба околу победата, пошто реално ни беше тенк во одбрана :confused:
Они послабо од претходниов дуел не можат да изиграат. Се гледа дека не се во форма, ама секогаш кога сме очекувале победа сме играле доста лошо против нив.
Во Борис Трајковски досега владееме, 5 победи, 1 нерешена и само еден пораз во куп финалето 2008/09.

На крила некако ми се многу паднати, и тука ги убиваме во поим. Димовски ја изигра најлошата партија во животот на првиот меч, сега сигурно ќе биде подобар.
Но сепак имаат она што ние го немаме, разбивач како Атман. Се надевам нема да има слична партија како надуеливе со нас и Ловќен.
И одново се ќе зависи од нашите голмани. Се разбрани ли Милиќ им нема спас.

Одиме по нови два бода :cool:

п.с. вчера вечер пак сонував како сум закаснил на утакмица. Сум немал карта во автобус, и ме затвориле контрола и не ме пуштале дур не дадам 200 денари, а јас сум немал во мене :pos:
Што е со соновиве човече хахахаха
 
Денес Милиќ го видов со женска му у BO беше, после тоа ако паднала јака партија секс ондак ќе се разбрани нема гајле :D

Ех па шо има веза тренирање напад со бранење...требало одбрана да тренира...на пример со некој црнец:vozbud:
 
Јас па сонував дека сме ги победиле 25:22 :pos:
Ама сон ко сон :) ќе замрзнат утре, нема шанси, вака лесно да поминат :icon_mrgr:

Ех па шо има веза тренирање напад со бранење...требало одбрана да тренира...на пример со некој црнец:vozbud:
Можеш ти да ја имаш таа привилегија, да му бидеш личен тренер на Џамбо тешкашот 130 кг :нинџ:
 
Богами тешкаш е коа ќе го видиш на 1 метро од тебе. Тој испод 140 не е бе. Можам да замислам кој и е филингот на Бојана коа ќе ја легне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom