Кладилница (Генерална дискусија)

Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Местено не местено, доволен е здрав човечки разум да се сфати дека нешто е мутно на утакмицата ПСЖ - Андерлехт.
Единствено ми е криво за денес што мислев да изграм еден систем со Х и бар ќе беше помал денешниов минус.
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
@firewall
Ти или денеска немаш пишано тикет па живцираш, или па користиш премал дел од капацитетот на мозокот. Дошле бре човеку над 40.000 луѓе на стадион да го гледаат ПСЖ и да уживаат и ти ми тераш некоја теорија денеска не им требало победа, доста им бил бод па ете не биле мотивирани и не тепале. А тие тимови шо групата ја завршуваат со 18 бода, од кај им доаѓа мотивацијата? Или Кавани бил проблемот? Ако го нема него, ПСЖ нема да победува?
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708

Па кажав погоре , беа генерално подобри и имаа многу повеќе шанси од Андерлехт но не ги искористија, а Андерлехт за разлика од натпреварот во Брисел беа многу посолидни во одбраната. Или шеикот, газдата на ПСЖ , бидејќи му фалат пари стаил пари на кладилница и ја наместил? :D . Или Платини му кажал на Ибра само еден гол да даде ? :pos:
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
859
Поени од реакции
3.715
Јувентус - гг 3 +
Реал С. - X
Шахтјор -П X
квота 11.88 да се посреќи и за мене
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Eдноставно е, им се кажува на одредени тимови да форсираат премногу против одредени екипи.
Андерлехт ги следам во домашното првенство, жива трагедија и очај се.
ПСЖ со залагање може да ги победи со втор состав, а камоли со Ибра, Верати, Лавези и Мура...
Плус и последните 10 минути имаа играч повеќе.

Но, ајде, тоа е фудбалот.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Eдноставно е, им се кажува на одредени тимови да форсираат премногу против одредени екипи.
Но, ајде, тоа е фудбалот.
Кој на кој му кажува ?
Сеа , што е фудбалот ?
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Па кажав погоре , беа генерално подобри и имаа многу повеќе шанси од Андерлехт но не ги искористија, а Андерлехт за разлика од натпреварот во Брисел беа многу посолидни во одбраната. Или шеикот, газдата на ПСЖ , бидејќи му фалат пари стаил пари на кладилница и ја наместил? :D . Или Платини му кажал на Ибра само еден гол да даде ? :pos:
Од тоа паѓаме на спортска. Некој како тебе тоа го толкува како изненадување. Ја тоа го толкувам како работење за кладилница.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.864
Поени од реакции
116.117
Не ја гледав утакмицата и не знам што се дешавало, али фактот што ПСЖ е појак не значи и дека ќе победи. Не се Андерлехт сакати, и тие играат фудбал. Класичен пример за немање среќа ви е ПСЖ-Ајачио на почетокот на првенството каде ПСЖ имаше преку 40 удари во голот на Ајачио а утакмицата заврши 1-1. Абе со глава, гз, раце, нозе, со све живо бранеше голманот на Ајачио али топката не сакаше да влезе.

Иначе класичен пример за местенка во ЛШ беше Динамо Загреб-Лион, е поочигледно од ова амин.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Од тоа паѓаме на спортска. Некој како тебе тоа го толкува како изненадување. Ја тоа го толкувам како работење за кладилница.
Кој тоа работел за кладилница ? И за која кладилница ? Дај малку објасни подетално. Ти ќе паѓаш цел живот на спортска со вакво плитко размилување.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
На времето изигравме 2-2 со Англија у Саутемптон и таа наместена беше.
Да не праиме муабет против Холандија у Скопје, исто 2-2.
Смрди тука нешто.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.125
Поени од реакции
13.460
Зарем мисли некој дека ПСЖ ако запнеше против Андерлехт кои се на ниво на Звезда и Партизан,немаше да им даде гол? Море 4 ке им дадеа... Денеска ПСЖ утре некој друг од фаворитиве. Доволно е еден од фаворитите да киксне за да не се исплатат бајги тикети.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Не ја гледав утакмицата и не знам што се дешавало, али фактот што ПСЖ е појак не значи и дека ќе победи. Не се Андерлехт сакати, и тие играат фудбал. Класичен пример за немање среќа ви е ПСЖ-Ајачио на почетокот на првенството каде ПСЖ имаше преку 40 удари во голот на Ајачио а утакмицата заврши 1-1. Абе со глава, гз, раце, нозе, со све живо бранеше голманот на Ајачио али топката не сакаше да влезе.

И други милион утакмици како ПСЖ- Ајачио;)
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 02:03 ---
На времето изигравме 2-2 со Англија у Саутемтон и таа наместена беше.
Да не праиме муабет против Холандија у Скопје, исто 2-2.
Смрди тука нешто.
Да, Пандев со помош на Панчев лобираа кај кралските семејства на Англија и Холандија:D
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
681
Поени од реакции
188
Кој тоа работел за кладилница ? И за која кладилница ? дај малку објасни подетално. Ти ќе паѓаш цел живот на спортска со вакво плитко размилување.
Тимот на ПСЖ у конкретниов случај. За најголемите 5 кладилници(bet365, bwin, williamhill) на пример. Зашто?
Зарем мисли некој дека ПСЖ ако запнеше против Андерлехт кои се на ниво на Звезда и Партизан,немаше да им даде гол? Море 4 ке им дадеа... Денеска ПСЖ утре некој друг од фаворитиве. Доволно е еден од фаворитите да киксне за да не се исплатат бајги тикети.
Јасно е?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.864
Поени од реакции
116.117
Знаете мене која ми мирисаше на местенка викендов? Севиља-Селта. Погледнете хајлајтс и ќе видите за што зборувам. Обично не зборувам многу местенки-неместенки али оваа ептен смрдеше.
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 02:06 ---
Тимот на ПСЖ у конкретниов случај. За најголемите 5 кладилници(bet365, bwin, williamhill) на пример. Зашто?

Јасно е?
Дарко ај објасни ми ти каква игра би бил фудбалот доколку нема изненадувања? Според тебе никој никогаш не треба да киксне и сите фаворити секогаш треба да победуваат.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Тимот на ПСЖ у конкретниов случај. За најголемите 5 кладилници(bet365, bwin, williamhill) на пример. Зашто?

Јасно е?
Не бе, не ми е јасно . Значи 5 те најголеми кладилници кои не се 5 те најголеми за твоја информација се здружиле тајно (за што нема ниеден доказ секако) и отишле кај кој во ПСЖ ? Ибра? , шеикот ? Голманот на ПСЖ? Тиаго ? И ? Шо понатаму ? Како ја наместиле ? Колку пари дале на пребогатиот клуб ПСЖ? Дај малку твое мислење како тоа ПСЖ ја наместил оваа текма. Ако малку размислиш ќе видиш дека е глупости се што си пишал и затоа не заглавувај повеќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom