Yellow light of death - освен фората со фенот, знае некој каде може да се поправи овде у Скопјево наше и колку чини поправката?
Не знам која е таа фората со фенот, знам дека такви фори со фенови и со греење во рерна не се препорачуваат. Вообичаено на PlayStation 3 со YLOD потребен е reballing, односно менување на пиновите на чипсетот, под претпоставка дека оксидирале поради прегревање, тогаш тоа би требало да можат да го направат во Риверсофт, бидејќи тие се фалат дека оваа година се обновиле со нова BGA rework станица која е наменета за сервисирање на графички картици и на матични плочи, вклучувајќи ги и матичните плочи на конзолите од типот на PlayStation и Xbox.
И К2 лап топ во Аеродром вршат reballing, но јас немам доверба со нив, од лично искуство. Ми собраа пари за сервисирање на графичка картица, која повторно се расипа месец дена подоцна, а меѓу другото има и забележителни оштетувања на куќиште од компјутер што им го однесов на сервисирање.
Во Риверсофт сигурно ќе ти кажат дека не се разбираат од сервисирање на таков проблем, но ти објасни им дека е потребен reballing на чипсетот и прашај ги колку ќе те чини тоа.
Во К2 лап топ во Аеродром од друга страна, сигурно ќе ти кажат дека можат да ја поправат конзолата и ќе ја поправат, но не знам колку време ќе ти трае исправната конзола, на мене исправната графичка картица ми траеше само месец дена, а потоа повторно се расипа.
За секој случај, прво контактирај го Драган ИДЦ, претпоставувам дека тој знае некој добар сервис за конзоли, за волја на вистината, К2 лап топ му се комшии, па немој да се изненадиш ако ти ги препорача нив.
http://www.idc.com.mk/