Војната на патиштата

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
Нас не ни треба геноцид, сами си го спроведуваме. Ваквите проблеми прво се решаваат дома, потоа автошколата треба да се казнува за секој нејзин положен што има направено прекршок, да се издава специјална дозвола за сите оние што возат авиони а не коли , авто салонот кој го продава возилото па и државата каде буљаши преку врски избегнуваат казни !!! При секој посериозен прекршок нека одземаат дозвола па ако треба и возилото , забрана за возење на истото возило неколку месеци итн.
Едно ќе кажам, скопјево врие од пациенти и неписмени кои возат а не знаат да возат !!!!
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Недела, 13 Октомври 2013 21:23​


Девет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19,15 часот на патот Штип - Кочани кај крстосницата за Чешиново.


Во сообраќајката учествувале комбајн, возило „тојота" со скопски регистарски ознаки и „рено меган" со кочански таблички. Повредените биле пренесени во општата болница во Кочани. Директорот на болницата Дејан Апостовски информира дека двајца се потешко повредени и веќе се упатени во Ургентниот центар во Скопје, четворица имаат полесни повреди и се хосптализирани во Кочани, а тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
На местото на несреќата во тек е увид од истражен судија, јавен обвинител и екипа на полицијата од Кочани. Сообраќајот на патот Штип - Кочани се пренасочува преку алтернативниот пат преку село Борилчево - Аргулица - Долни Балван, јави МИА.
Ако е сликата од сообраќајката тогаш учествувал автобус еве линк.
Во олку мала држава секој ден вакви сообраќајни несреќи е претерано, изгледа сообраќајната култура е НУЛА.
 
L

Luki Junior

Гостин
Штип Кочани нема нигде 3 ленти. Освен, кај крстосницата накај Пробиштип. Сликата е турена без врска.

Кај Чешиново е опасно, има треви од двете страни, 2 лоши кривини, и нема видливост. Знако е 60, ама мислеш ли оти некој е возил 60?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.998
Поени од реакции
7.154
Исто, јас ни на автопат не сум дигнал никогаш повеќе од 100-110 км/ч максимум и тоа само на кратки моменти претежно си возам да речеме околу 90 км/ч и на таа брзина ем имаш потполна контрола над возилото ем помалку се троши бензин, а над 100 км/ч веќе постепено ја губиш контролата над возилото и тоа буквално лета, ако возиш до кај 100тка лесно можеш да прикочиш но над 100тка кочењето иде доста бавно и можеш да излеташ бидејќи колата е ептен залетана !
Зборам за на автопат и тоа на сув коловоз, доколку коловозот е влажен или подмрзнат или пак има магла и на автопат мораш да возиш бавно, а во населени места далеку помалку 30-40 км/ч макс. до кај 50-60 км/ч ако има услови !
My man (y) Јас сум истиот.
Ама тоа е воспитаноста бе, мислат ако возат на начин кој не е дозволен, се праат над сите и демек ги заебале другите. А уствари сами се заебуваат, а некогаш за жал и неколкумина во непосредна близина :(
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас кога сум пијан подобро возам од трезен, е сега зошто самиот факт дека имам пиено ме прави да бидам повеќе внимателен :icon_lol:.

Инаку возам јас брз стартен бензинец аеродинамичен со авионски мотор, и ми треба мене таква кола не некој тромав дизел да треси да брчи и штедлив да биде :icon_lol: , кога треба треба да престигнам треба да престигнам брзо и ефикасно, не да ме заебава некој да не ме пушта.

За постарата генерација поим за кола е фиќо, југо и стојадин не знаат дека ова се коли со спортски перформанси кои се супер за да завршиш работа, не да те заебава на пат да те остави ама се и брзи, стартни, аеродинамични, куршуми ...
 
M

Muranyi

Гостин
Јас кога сум пијан подобро возам од трезен, е сега зошто самиот факт дека имам пиено ме прави да бидам повеќе внимателен :icon_lol:.
Баш поради ваков курч гинат млади деца.Доколку си вистински внимателен,нема да се качиш воопшто во кола,дури ни со само една чашка.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Јас кога сум пијан подобро возам од трезен, е сега зошто самиот факт дека имам пиено ме прави да бидам повеќе внимателен :icon_lol:.

Инаку возам јас брз стартен бензинец аеродинамичен со авионски мотор, и ми треба мене таква кола не некој тромав дизел да треси да брчи и штедлив да биде :icon_lol: , кога треба треба да престигнам треба да престигнам брзо и ефикасно, не да ме заебава некој да не ме пушта.

За постарата генерација поим за кола е фиќо, југо и стојадин не знаат дека ова се коли со спортски перформанси кои се супер за да завршиш работа, не да те заебава на пат да те остави ама се и брзи, стартни, аеродинамични, куршуми ...
брзи, стартни, аеродинамични + комбинацијата од пијан возач=повеќе загинати откако во војна.
со такво курчење се гини батица, никогаш ама баш никогаш пијан човек ги нема истите рефлекси и внимание како трезен туку само те лажи мозокот дека си стабилен во тој момент. исто како во боречките вештини,An Angry Mind is A Narrow Mind.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
брзи, стартни, аеродинамични + комбинацијата од пијан возач=повеќе загинати откако во војна.
со такво курчење се гини батица, никогаш ама баш никогаш пијан човек ги нема истите рефлекси и внимание како трезен туку само те лажи мозокот дека си стабилен во тој момент. исто како во боречките вештини,An Angry Mind is A Narrow Mind.

Пијан плетвар со 130 км/час го немам качено, а пијан имам возено со 40 км/час до дома во 3 наутро кога цела улица за мене е. Каде се поголеми шансите да се случи нешто непредвидено?
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Пијан плетвар со 130 км/час го немам качено, а пијан имам возено со 40 км/час до дома во 3 наутро кога цела улица за мене е. Каде се поголеми шансите да се случи нешто непредвидено?
Кај мене важи еден закон „кога пијам не возам“-„кога возам не пијам“. Годинава направив сообраќајка и тоа не поради моја вина, инаку чувал бог досега е се ОК. А Плетвар со 130 трезен не се качува, а не пијан. Минатата година имав среќа да не влезам во возило од другар, кој се курчеше дека пијан вози супер и како тебе исто дека цела улица е негова во ниедно време. Вечерта направија сообраќајка, за среќа немаше загинати но имаа сериозни повреди и лузни за цел живот. Колку и да ме убедува и било кој да ме убедува дека пијан можи да вози ЏАБЕ Е. Прв пат ко зедов возачка некаде по две недели се начукав и јас и влегов да возам, 5 километри ги возев 15 минути и неможев да ја внесам во гаража колата па ја оставив на сред улица. Од тој момент ако сум со кола јас не ставам капка алкохол во мене другар, твое си е како ќе возиш но да знаеш дека не одговараш само за себе туку и за останатите како во колата со тебе така и другите учесници. Дел од секунда е во прашање во ваквите работи.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Колку и да ме убедува и било кој да ме убедува дека пијан можи да вози ЏАБЕ Е. Прв пат ко зедов возачка некаде по две недели се начукав и јас и влегов да возам, 5 километри ги возев 15 минути и неможев да ја внесам во гаража колата па ја оставив на сред улица. Од тој момент ако сум со кола јас не ставам капка алкохол во мене другар, твое си е како ќе возиш но да знаеш дека не одговараш .

Многу брзо си се опијанил после земање возачка, затоа лоши филмови ти се прават :icon_lol:.

А Плетвар јас го знам две ленти кога имаше сега со три третата само за тебе е газиш и оди нагоре, го знам едноставно патот напамет дупки, кривини со која брзина можи да се влези итн....
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.006
Поени од реакции
3.058
Од опасни шоферишта во стилот на bucio глава боли. Мислете со главите празни алоо.. Така е кога секакви будали добиваат возачки дозволи па уште и курнази се прават. Само жално е што се почесто невини луѓе страдаат во сообраќајки.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Јас кога сум пијан подобро возам од трезен, е сега зошто самиот факт дека имам пиено ме прави да бидам повеќе внимателен :icon_lol:.

Инаку возам јас брз стартен бензинец аеродинамичен со авионски мотор, и ми треба мене таква кола не некој тромав дизел да треси да брчи и штедлив да биде :icon_lol: , кога треба треба да престигнам треба да престигнам брзо и ефикасно, не да ме заебава некој да не ме пушта.

За постарата генерација поим за кола е фиќо, југо и стојадин не знаат дека ова се коли со спортски перформанси кои се супер за да завршиш работа, не да те заебава на пат да те остави ама се и брзи, стартни, аеродинамични, куршуми ...
kako tera stojadinot? :icon_lol:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кај мене важи еден закон „кога пијам не возам“-„кога возам не пијам“.
И јас така... ќе си застанам, ќе се напијам ко чоек. Неубо е да пиеш и да возиш, неој пијачката на правилно место.

Инаку, кога пијам не возам, драпај си мевот. Кога пијам пијам, мада неретко знам да си ја остам колата и да си одам дома со такси. Чудо големо, сум излегол со кола, сум се напил појќе од потребното... 100 денари е да ме однесат до дома ко чоек. И нека не ми се лигат на темава дека било вака, било онака. Ако имаш пари за 5-6 пијачки за да се испијаниш, имаш и 100-ка за такси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom