Војната на патиштата

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да, ама мислам од МВР изјавија дека немало трги од кочење
Има логика и да нема кочење... ја сечел кривината лево, вози брзо и дирек у Инспекторатот...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ти завидувам на способноста за приметување, браос, само чудно како не ги приметуваш скупски лигуши што ниту знаат да возат, ниту почитуваат првила ни пропуштат пешаци. Се кладам дека се во многу поголем процент и од браќата, и од провинцијалците (предци на 90 проценти скупјани).

Инаку трагедија за младите што го загубиле животот, жално.
Зборев за полнолетни возачи(+18) со дозвола за возење автомобил, а Скопските шупци(копиљаана) не ги ни ставам во категорија на лоши возачи, тие не ги ни сметам за возачи како прво бидејќи голем дел од нив се и средношколци(значи малолетници) кои возат коли од тато или мама без дозвола, не е крива државата б.т.в. туку родителите им што им го дозволуваат тоа !
П.С. За младите дечки(незнам која возраст се) голема трагедија за нивните семејства, но по кој пат треба да се труби и да се кажува дека со волан нема играчка, алкохол или дрога вотева и волан заедно не одат, плус ноќно време(после полноќ) организмот е заморен и не е баш време за возење, особено не за возење на моќно ауто во сред центар на град со 200 км/ч брзина, до кога вака млади луѓе ќе гинат, само оваа година загинаа доста многу младинци во ваков тип на несреќи, млади дечки, нови и моќни возила, голема брзина, можеби и алкохол и.т.н.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Нека им е лесна земјата на младите дечки, ама ова е типичен доказ за тоа дека кај нас се врежани во крвта оние типични сељачки размислувања кои ни се пренесени од нашите татковци и дедовци од минатиот век: Помини на некоја прослава и направи се дрво до онаа состојба за да можеш да почнеш да гледаш црни дупки и на крајот со триста на саат да завршиш во една од тие дупки.
Дваесет и кусур години а има БМВ?Па дај не ме зафркавај, нека им е лесна земја на момците, а ова е поука за другите да пазат во иднина и конечно да разберат дека е подобро да си фатат такси и да ги однесе до дома ако им се случи да се поднапијат на некоја прослава, отколку да се ставаат позади воланот на некаква бесна кола.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Која инфраструктура сакаш да спречи возење со 200 на час низ град? Тоа само здравиот разум може да го спречи, ништо друго. И порано кога имале само земјени патишта, нели немало инфраструктура, ама не загинувал никој од возење пошто се возеле со запрежни коли и магариња, со 10 км/час, ама сега сакаат да возат бмв, алфа ромео, мерцедес и ќе си завршуваат вака по ендеци. Навистина жално, ама самите си се криви. :(
Не е до колата, марката и моќта на колата, туку до лејката е, автомобилите се креирани за да им служат на луѓето значи за потреба, а не за летање, тоа што возилото било поскапо и помоќно тоа не значи дека е неуништливо и дека може да се лета со него, баталете тоа АВЅ, NCAP тестирања и оценки, Аirbags и сл. тракатанци, удар во бетон, метал, дрво и во било што друго со повеќе од 100 км/ч е кобно за секоја кола од најмизерна до најлуксузна како и за возачот и патниците во неа ...
Човек со одредено количество на мозок во главата не ти дига во сред град 200 км/ч без разлика дали било ден или ноќ па демек празни улици ... исто така секој нормален човек знае(би требало да знае) дека зад волан не се седнува пијан, дрогиран, болен, уморен, поспан, нервозен, повреден и сл.
Не е до автомобилот, неговата марка и моќност туку до лејката на возачот е !
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Многу жално, пет млади животи, туку така за секунда. Длабоко сочувство до семејствата.

Често ме води рутата по Јужен Булевар и можам да кажам дека лудо се вози. Прво, нема точно означени ленти, реално има место за три, а сите возат како да има четири, се тискаат и претекнуваат по две колони од двете страни, па уште ако се погоди некој автобус или залутан пешак, еднакво на катастрофа. Второ, скоро сите тука возат брзо, ем нема цајкани, а уште полошо нема ниту семафори. Трето, црн мрак владее навечер, воопшто не е осветлено. Четврто, патот е дупка до дупка. Во утрински саати, особено во дождлива ноќ, големи се шансите да погодиш некој замаскиран кратер. Не би ме изненадило да погодиле некоја поголема дупка, која при таква брзина и лизгав коловоз те прави летечка чинија и не остава простор за маневар. Трагично, нека им е лесна земјата.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Алкохоличарска нација, илјадници умират секоја година од алкохол, дали на ваков начин во сообракајка, дали од канцер или изгорени дробови, никој не ја спречува продажбата и консумација на алкохолот...но битно на граница се фатени 20 кила марихуана и спасени сме...
што се однесува до мене ич уво не ми чуе, сите тие такви бмв сељаци и пијаници нека изгинат еден по еден....раат
Алкохолот е далеку поопасен од цигарите/пушењето на пр.(закон за пушење драпај си мео) но сепак како што гледам не е забранет, се продава насекаде во било кое време 24/7 дури и деца од 5то одделение можат комотно да си влезат во продавница и да си купат што си сакаат од алкохол ...
Но проблемот е тоа што алкохолот е дел од менталитетот на овие простори, се чудиме зашто толку пиеле млади деца кои уште носат ранци на грб(малолетници), кога човек ќе им ги види нивните родители(татковци) ќе му стане се јасно, свака част на Муслиманите кај кои алкохолот е строго забранет(за орална дегустација) и навистина ретко кој го користи !
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.451
Поени од реакции
39.091
Жално , нека почиваат во мир.

Иначе , шо има веза оти било BMW? На денешниот возен парк во МК нема кола што не оди 150 на саат ако претиснеш на гаста. А таква брзина плус ѕид , е лоша комбинација. Еден ебен стокец може да качи 140-150.

Јас искрено кога на километражата ми покажува 90-100 не се дрзнувам да назгазнам повеќе , и тоа замисли на автопат , а во град повеќе од 30-40 не сум качил никогаш.

Како што разбрав на едно од момчињата братму умрел пред некој месец. Жално жално , пуста мајка како ќе ја смири таа душа сега , оваа атмосфера што сега им е во домот е буквално неподнослива. Господ да им даде мир и спокој.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
И треба да ги вратат оние црните реклами на телевизија... Да нема програма една минута да се вртат слики... Еден вид на кампања а да се засили одма казнувањето е сега кога го има коментарите се одма оти се полнел буџетот...
Низ Европа и светот освен средените патишта се спроведуваат разноразни кампањи за подигање на свеста и спречување на лицата под дејство на алкохол, оние кои имаат проблеми со видот, они кои возат долго време без одмор, да учествуваат во сообраќајот.
Кај нас нема конкретни чекори. Мислите ли дека такви кампањи какви што се спроведуваат во европските држави би дале некакви резултати кај нас?? Мислам, треба да се преземе поактивен однос кон ваквата непријатна појава, а не само да се констатира дека е ниска свеста, дека се вози со преголема брзина дека толку и толку лица ги загубиле животите..
На пример, пред 5-6 години низ Бугарија покрај патиштата имаше поставено уништени коли кои служеа за опомена на возачите.
Низ други места во Европа радарите работат на големо или се поставуваат билборди со морбидни слики и предупредувања за бројот на смртни случаи.

bleeding_billboard_01.jpg

bleeding_billboard_02.jpg

SP_A1013.jpg

v-26-2.jpg

drunk_driving_billboard_2.jpg

drunk_driving_billboard_1.jpg

28ADS_wideweb__430x196.jpg

russianaccident1.JPG
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
На пример, пред 5-6 години низ Бугарија покрај патиштата имаше поставено уништени коли кои служеа за опомена на возачите.
Кој бил во Бугарија можел да примети на многу опасни делници од патот како се поставени знаци на кои пишува: Тука почива един херој!

Sent from my HTC One using Tapatalk 4
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Греота луѓево, посебно мислам на возените......за тој што возел, што да кажам.....

.....и уште нешто што ми текна, пошо често поминувам од местово - хипотетичка ситуација - да ја фателе кривината и да ја поминел раскрсницата со таа брзина - шансите да не е зелено за него се големи и шансите некој да си ја поминува регуларноисто. Следната кривина е уште потешка - што ли имал во глава возачот не знам.....памет сигурно не...

...што ли треба да се случи на народов малку памет да му дојде? Толку ли веќе никој не си го цени животот?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.964
Па на тие пред некое време им почина млад член од фамилијата сега уште двајца. :(
Тројца браќа се тие Стаиќ мислам. Во рок од месец и пол на сите им умре по еден син...
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 12:33 ---



Ергенска вечер, BMW 5ка, пет дечки во кола развеселени и добитна комбинација. Тоа е тоа и по сликите се гледа. Улетан од Јужен булевар, не ја фатил кривината , BMW 5ка не е заебанција кола и директива во ѕид. По тоа кога го извадија BMW-то и како изгледаше... дефинитивно не летнал со 60-70 туку со многу повеќе.

Во вакви ситуации е лошо за тие ни криви ни должни што ќе настрадаат. Ете некој да имало на тротоар да си се враќал од град или кола да идела...

Сите тоа си го сфаќаат како зезанција.. „ајде бе што за до дома теее, ќе се позаебаваме малце, не сум до толку пијан, ме знаеш сум возел и порано таков“ али реалноста знае сурово да те потсети дека сеа си тука се смееш а за секунда живот да ти заврши.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
И сообраќајната култура ни е доста висока

СПРЕЧЕН ПОТЕЖОК ИНЦИДЕН НА УЛИЦА
Полицајци во Гостивар смирувале голема расправија на улица со предупредувачки куршуми
Полициска патрола во Гостивар била принудена да испука предупредувачки куршуми за да спречи жестока расправија на неколку гостиварци кои не можеле да се договорат кој има предност на минување.


МВР информира дека вчера околу 17.30 часот на улицата Беличица, пред ресторанот „Бејби Блу“, полицајците забележале голема група граѓани, а сообраќајот бил блокиран. Во близина имало оштетено возило „форд мондео“ со гостиварски регистерски таблички.
Кога полицајците се обиделе да ја смират толпата, Е.М. од гостиварското село Здуње и неговиот пријател од Балин дол, почнале да бегаат. По нив почнале да трчаат и И.Д. и Д.Д., двајцата од Гостивар. Откако ги стигнале, започнала тепачка, при што полицајците не биле во можност да воспостават ред, па еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Жално , нека почиваат во мир.

Иначе , шо има веза оти било BMW? На денешниот возен парк во МК нема кола што не оди 150 на саат ако претиснеш на гаста. А таква брзина плус ѕид , е лоша комбинација. Еден ебен стокец може да качи 140-150.

Јас искрено кога на километражата ми покажува 90-100 не се дрзнувам да назгазнам повеќе , и тоа замисли на автопат , а во град повеќе од 30-40 не сум качил никогаш.

Како што разбрав на едно од момчињата братму умрел пред некој месец. Жално жално , пуста мајка како ќе ја смири таа душа сега , оваа атмосфера што сега им е во домот е буквално неподнослива. Господ да им даде мир и спокој.
Исто, јас ни на автопат не сум дигнал никогаш повеќе од 100-110 км/ч максимум и тоа само на кратки моменти претежно си возам да речеме околу 90 км/ч и на таа брзина ем имаш потполна контрола над возилото ем помалку се троши бензин, а над 100 км/ч веќе постепено ја губиш контролата над возилото и тоа буквално лета, ако возиш до кај 100тка лесно можеш да прикочиш но над 100тка кочењето иде доста бавно и можеш да излеташ бидејќи колата е ептен залетана !
Зборам за на автопат и тоа на сув коловоз, доколку коловозот е влажен или подмрзнат или пак има магла и на автопат мораш да возиш бавно, а во населени места далеку помалку 30-40 км/ч макс. до кај 50-60 км/ч ако има услови !
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Исто, јас ни на автопат не сум дигнал никогаш повеќе од 100-110 км/ч максимум и тоа само на кратки моменти претежно си возам да речеме околу 90 км/ч и на таа брзина ем имаш потполна контрола над возилото ем помалку се троши бензин, а над 100 км/ч веќе постепено ја губиш контролата над возилото и тоа буквално лета, ако возиш до кај 100тка лесно можеш да прикочиш но над 100тка кочењето иде доста бавно и можеш да излеташ бидејќи колата е ептен залетана !
Зборам за на автопат и тоа на сув коловоз, доколку коловозот е влажен или подмрзнат или пак има магла и на автопат мораш да возиш бавно, а во населени места далеку помалку 30-40 км/ч макс. до кај 50-60 км/ч ако има услови !
Па дозволена максимална брзина во населено место, доколку немаш сообраќајни знаци за ограничување на брзината е 60 км/ч. Реално во населени места ретко и каде имаш можност да возиш побрзо од таа брзина. По Скопјево има многу будали кои возат брзо. Јас не знам што задоволство ќе беше тоа. Дај нека направат некоја стаза, па таму нека мерат колкави им се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom