Фан клуб - РК Вардар

Останати се уште карти,кој сака да купи нека иде порано да не снема.Од сигурни извори ;)

П.С Билетарата работи од 12.
 
Еве ги инструкциите за однесување на трибина за натпреварот Вардар-ПСЖ кои ги усови и кон кои ќе се придржува групата КОМИТИ:

1) НЕ НОСЕТЕ ВО САЛА ЗАПАЛКИ, СИТНИ ПАРИ ИЛИ ДРУГИ ТВРДИ ПРЕДМЕТИ, ОСТАВЕТЕ ГИ ДОМА, ВО КОЛА ИЛИ ПРЕД САЛА, БИДЕЈЌИ ИСТИТЕ ЌЕ ВИ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ НА ВРАТА! РАЗБЕРЕТЕ, СО СЕКОЈ ВНЕСЕН И ПОТОА ФРЛЕН ПРЕДМЕТ МУ ШТЕТИТЕ НА САКАНИОТ КЛУБ!!! Н.Г. КОМИТИ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ ВО ОДБРАНА НИТУ САМАТА ЌЕ ГО ТОЛЕРИРА ОНОЈ КОЈ ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ САКАНИОТ КЛУБ, ИСТИОТ ЌЕ ГО ОТСТРАНИМЕ ОД САЛА ВЕДНАШ БИДЕЈЌИ ТАКВИ "МАНГУПИ" НЕ НИ СЕ ПОТРЕБНИ!!!

2) КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕШ НА ТРИБИНА КАЧИ СЕ НАГОРЕ ПО СКАЛИТЕ НА САМАТА ТРИБИНА! НЕ СТОИ ПОТПРЕН ИЛИ СЕДНАТ НА ОГРАДАТА, ТИ НЕ СИ ПОЗЕР, НЕ СИ ДОЈДЕН ЗА ДА БИДЕШ ВИДЕН НИ ЗА РАЗВИВАЊЕ “Facebook” ТУРИЗАМ! ДОЈДЕН СИ НА ТРИБИНА НА КОМИТИ КАДЕ ВАЖАТ ПРАВИЛА И КОДЕКСИ!!!

3) СЛУШАЈ ГИ ИНСТРУКЦИИТЕ НА ВОДАЧИТЕ ВНИМАТЕЛНО ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР, И ОСОБЕНО ПРИ ДИГАЊЕТО НА КОРЕОГРАФИЈАТА НА ПОЧЕТОКОТ НА НАТПРЕВАРОТ!!! ИМАЈ ДОВЕРБА, НЕ ДАВАЈ ОТПОР ДОКОЛКУ СИ ОПОМЕНАТ!!! СИТЕ СМЕ НИЕ ЕДНО, СИТЕ СМЕ ДОЈДЕНИ ЗА ЕДНА ЦЕЛ!!!

4) НАВИВАМЕ 60 МИНУТИ НАЈЈАКО ШТО МОЖЕМЕ, КОРЕКТНО И ДОСТОИНСТВЕНО ЗА НАШИОТ ВАРДАР, КАКО ШТО САМО НИЕ НАЈДОБРО ЗНАЕМЕ И УМЕЕМЕ!!!

КОМИТИ ЗАПАД
 
Добро бе се утепавме од иксови играње.Човек ќе си помисли дека мати нешто Самсонеко со неговата Бетсити :D
Каква легенда е човеков ејјј се пријавил како помошник на екипата
ААААААААААААААААААААААААААА :pos::pos: :pos::pos::pos:

Околу играта што да се каже по втор пат ни бега другиот бод.Но и со овој резултат реално треба да бидеме задоволни, од фактот дека 70% од мечот губевме и бркавме негатива.
Леле колку само зицери утнавме божееееее :place:

На клупата го немавме Петриќ, на пресот после тоа рекоа дека се работело за некаква повреда.Добро ќе ни дојдеше во одбраната ама што е тука е.Карачиќ очигледно недоволно опоравен имаше неколку погрешни додавања и даде само 1 гол.Очигледно дека фалеа неговите голови.Дибиров стандардно само треба да се менува со Фичо за изведување на пеналите денес пак промаши.Душебаев си гази, понесен од фактот дека и татко му е на трибина ги искина со влезовите.На трибина го видов и нашиот поранешен тренер Кастратовиќ со жената му :D
Екипа излегоа со информација дека можен наследник на тренерското место е Олег Кулешов.
За Растворцев очигледно е веќе вон форма човеков и ајде дај боже да се реализира овој трансфер:
B.jpg


Ме изненади и Чипурин очигледно човеков веќе распали.Аноно му фати неколку топки на Брумен и овој се поретко се решаваше да влезе од крилна позиција.Диви беше солиден на голот прво полувреме ама после тоа топка не фати.Ни фали ептен некој константен голман како наркоманон баш во клучните моменти да фати нешто.
Ако го запревме на некој начин Нарсис, не избуши Хансен упм :mad:
Како само провоцираше и накај публиката и накај записничката маса ццц... :mad:

На трибина околу 1400+ многу добра кореографија и многу добро навивање.Последните 3-4 минути буквално цела публика беше на нозе и навиваше заедно со нас.Се наежив упм :)

Наредна недела играме у гости против Тун.Меч кој мора да го добиеме.
 
Многу ми е криво што не победивме. И не поради последниот краен напад кој го имавме ние. Туку општо за целиот натпревар. ПСЖ беше лош, криво ми е што и Вардар беше исто така многу лош и не успеа да го победи овој ПСЖ, кој е заснован врз индивидуалните потези на Копљар и Хансен.

Вардар не победи затоа што многу грешеше. А, ПСЖ мудро ги искористи тие грешки. За разлика од нас, Металург тие грешки ги сведе на минимум и ги искористи пукнатините во одбраната на Французите.

Во прво полувреме, очајни во одбрана и очајни во напад. Премногу лесно ПСЖ даваше голови, особено од втора шанса. Три-четири гола паднаа на тој начин. Ептен е демотивирачки, за голманите посебно.
Нападот со сила, не само во прво полувреме, туку и во останатиот дел од натпреварот. 24-те гола нека не не залажуваат, знаеме дека тоа беше се на мускули. Во вториот дел одбраната значително се подобри, во последните најбитни моменти дадоа се од себе. Нападот горе-доле беше ист, само што контрите ни беа многу поефикасни и им скинавме бод на ПСЖ со нивното оружје кое го користеа во прво полувреме.

Претерани исклучувања. Судијата секој контакт го санкционираше со две минути. Не беше секогаш во право. Во прво, имаше миниму 4 исклучувања, тоа ти се 8 минути со играч помалку, против големи имиња на светскиот ракомет.
Аматерски грешки при додавање, немање идеја што понатаму во нападот.
Бековите тотално разочараа. Прибак беше добар на почеток, потоа и тој се изгуби. Имаше некои несфатени потези и тоа баш во моментите кога се кршеше резултатот. Истото важи и за Карачиќ. Потфрли скроз вечерва, само се плеткаше во средина. Немаше корисни додавања и шутеви од зглоб, како што сме научени. Навистина не знам што му беше.
Растворцев пак анемичен. Најлошото засилување од летово, без сомнение. Годините си го прават своето, ама барем некаков придонес за тимот да имаше. Шутевите му се силни, но лесно прочитливи. А, класа голмани го знаат тоа и нема да му дозволат туку-така да бидат совладани.
Најдобар од сите и светла точка на натпреваров, Душебаев. Малиов го има сето тоа што е потребно за да се стане класа ракометар. Брзина, интелигенција и фантастично движење со тело. Дрскост, храброст и решителност. Кога никој не се осмелуваше да шутне и да направи некаков потег, Душебаев сам се пробиваше измеѓу Вори и Гојун. И напати се покажа поуспешен од нив.
Не сме свесни каков играч поседуваме и во каков играч ќе прерасне Алекс, не сме свесни!

Друга замерка. Ги подзаборавивме крилата. Брумен особено. Се форсираше игра во средина, а во многу наврати двете крила беа слободи и можеа да се искористат. Ретко добиваа шанса, а имаме одлични крила кои можат да ја направат разликата.
Да го пофалам и Диви од првиот дел, баш здиве и ги откажуваше ракометарите на ПСЖ. Потоа малку падна и сметам дека требаше многу порано да биде повлечен, а на негово место да влезе Милиќ. Кој подоцна беше солиден, за разлика од Малумбрес.
Чипурин, конечно супер партија од него. 6 многу битни голови постигна, отвораше простор за бековите и беше добар во одбрана. Очекувам уште подобри партии од него.

Трета замерка. Мора да се реши тренерското прашање. Доне го почитувам, арно ама или нека донесат нов тренер или нека го постават Доне официјално како главен тренер и да завршиме со приказната. Ова на ништо не личи. Доне привремен, Самсоненко симнат на терен и дава инструкции, дури на последниот тајмаут на 20 секунди при крај, Доне не ни беше во кругот меѓу играчите, а Самсоненко им кажуваше што треба да направат. Добро, рака на срце имаше пцовки и меѓусебни бодрења од самите играчи, но сепак...
Се споменува младиот селектор на Русија, засега ништо конкретно. Ќе видиме во наредниве денови.

Но, си велам. Кога лош Вардар, му зема бод на ПСЖ, сочинет од имиња како Хансен, Нарцис, Копљар, Абало, Вори, тогаш каде би му бил крајот на добар и одличен Вардар? Враќање од 5 негатива на 5 минути до крај е за почит и восхит. Наеднаш се се брише од претходно, се се заборава.

Вардар, Комити и останатите навивачи на Вардар од цела Македонија. Тоа е тоа тројство. Магично и величествено.
Многупати метафорично ќе чуеме и прочитаме '' се запали салата '' , '' цела сала се тресе и е на нозе '' , но вечерва почувствував и бев присутен на нешто што тешко може да се опише со зборови. Да, ќе си дозволам да бидам клише. Буквално, а не метафорички, 7.000 луѓе во последните минути беа на нозе. После израмнувачкиот гол на Карачиќ, сите збеснаа. Од старо до младо. Без исклучок. Потоа кога се одбранивме и кога имавме напад за победа, не знам. Ќе ми излеташе срцето, така трипати во живот се имам почувствувано. Финале Челзи-Баерн, решавачкиот пенал на Дрогба, Македонија-Литванија, тројката на Владо и вечерва. Се навлажнија очите. Вриеше, пробувам да замислам што ќе се случеше ако го реализиравме последниот напад. Искрено, ќе имаше многу срцеви удари.

Нека ме поправат оние што пратат подолго време од мене ракомет, ама ова што се случуваше вечерва и она што се случуваше против Барселона, мислам дека е најдоброто спортско навивање и најдобрата атмосфера во историјата на клупскиот ракомет. Претерувам, можеби. Не знам, поправете ме ако грешам.
Ретки се ваквите спортски случувања кои ќе ти останат засекогаш во сеќавање, без разлика на исходот. Ваквата неверојатна атмосфера, чинам дека цел живот ќе паметам.

Одиме на победа против Вакер, очекувам уште 4 победи во продолжението на сезоната. Две против Швајцарциве, една против Динамо и една против Металург. Ако биде вака, а големи се шансите, тогаш нема потреба да стравуваме од евентуално непласирање во 1/8.

За крај, бидејќи уште еднаш-двапати ја изгледав снимката од натпреварот, ќе цитирам еден од коментаторите на Алфа: '' Дали ќе издржат темелите... ова е човечки вулкан ''


'' AЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ '' е мотивирачки до бескрај :


1378773_10151944925817138_2120043037_n.jpg
 
Мора да се напомене дека од денес нов член на Комити е и нашата форумџика @bebush наскоро треба и во екипата на Кајгана да дојде :D
Хаха, не сум од сеа, од поодамна сум ама денес испадна да се видиме:P. Ај веќе кога пишувам пост, да пишам исто така дека утакмицава немаше да биде толку јака да не беше огромната поддршка од трибини, особено по израмнувањето кога цела сала беше на нозе и Вардар имаше шанса да ја добие :cuc: . Навивачи се тресат, плачат, а Коњаникот не знаеше кај се наоѓа, тотално изгуби осет за реалност и тек сеа укапира дека Вардар губеа со 5 разлика последните 5 минути :D.
 
Кога пееме Ајде ајде ајде Вардареее одма се крева цела сала , делува многу мотивирачки нема што .. :)
А замислете само да дадевме гол во последниот напад , мислам дека ке откажеа темелите во Борис :vozbud: , па само на израмнувачкиот гол кај нас на трибина беше превртување :cuc:
Штета што не се обидоа да шутнат , иако нормално се очекуваше до крај да ја држат топката .
Да се надоврзам на атмосферата , по нетов читам Французиве се чудат на атмосферава , впрочем ни ни играле никогаш пред вакви навивачи , бидејки во ракомет скоро и нема добра навивачка група освен нас :)
Самите си признаваат дека играат како во пекол , можете да замислите како им е кога цела сала им свириме , за крај коа ке земеме целосен осврт треба да сме среќни со бодов, несакам да се жалиме за последниот напад бидеки во 90 посто од утакмицата бевме во негатива . Следна со Тун , мора да победиме , нема веќе калкулации ...
 
Едно нешто неможам да разберам зашто иако сто пати е речено да не се фрлат со предмети по теренот, дека со тоа се прави лошо за навивачката група, дека може да се казнат на дебело, некој упорно фрла пенкала, парички и се што ќе му дојде на терентот. Еве баш пред натпреварот имаше секаде нагласано да не се фрла, а на натпреварот бар 10 пати се фрлаа пенкала, парички, Наочари за сонце, авиончиња и се што ќе му дојде на некој при рака. Па луѓе сме до толку ли неможеме да се разбереме, после коа ќе ни лупнат казна со забрана на идење на натпревари ќе се фрламе самите...
 
Кога пееме Ајде ајде ајде Вардареее одма се крева цела сала , делува многу мотивирачки нема што .. :)
А замислете само да дадевме гол во последниот напад , мислам дека ке откажеа темелите во Борис :vozbud: , па само на израмнувачкиот гол кај нас на трибина беше превртување :cuc:
Штета што не се обидоа да шутнат , иако нормално се очекуваше до крај да ја држат топката .
Да се надоврзам на атмосферата , по нетов читам Французиве се чудат на атмосферава , впрочем ни ни играле никогаш пред вакви навивачи , бидејки во ракомет скоро и нема добра навивачка група освен нас :)
Самите си признаваат дека играат како во пекол , можете да замислите како им е кога цела сала им свириме , за крај коа ке земеме целосен осврт треба да сме среќни со бодов, несакам да се жалиме за последниот напад бидеки во 90 посто од утакмицата бевме во негатива . Следна со Тун , мора да победиме , нема веќе калкулации ...

Дај стави линк од таму кај што си читал ме интересира :D Иначе и мене инфаркт ќе ме стрефеше , пеколно беше у сала :LOL:
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 06:34 ---
Иначе јака кореографија беше , само не можев убаво да прочитам бидејќи бев на таа позади гол трибината , што пишуваше на банерот само на крајот видов имаше ѕвездички ....
 
Браво за Вардар, уште еден бод извлекоа против фаворитите. Сега и Вардар и Металург се со по 2 бода од натпреварите против Барселона и ПСЖ што може да биде многу важно за пласман во осминафинале. Во секој случај клучните натпревари се идната недела. Вардар не смее ни да помисли да не победи во Тун, а и Металург мора да го добие Минск дома.

Атмосферата страшна, секоја чест.

Сигурни се овие шпекулации за Кулешов? Од единствениот доверлив извор за ракомет - Дневник, сеуште нема никакво инфо, па не знам дали е сигурно сеуште. А ако е вистина, што знам можеби е добро можеби не е добро решение. Нема баш многу клупско искуство Кулешов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom