Шо побрзо го направиш ова, тоа поарно. Јас донесов таква одлука и сега си играм само со 20-30 ден. и за мерак ми е. Играм потешки типови, на големи коеф и за малку на 2-3 пати бев многу блиску до добивки од 1300-1500 ден. Поарно така, а и кефот е поголем ако фатиш, отколку да се тресам за влогови од 200, 300, 500 ден за добивка од 1000...не ја бива. Нема пара во ова, само нервози за џабе. Играј само за забава, ако фатиш нешто ќе ти биде уште послатко. Ако не фаќаш нема барем илјадници денари да си зијан. Па за 1000 ден има да играм 50 ливчиња во рок од 2 месеци, ваљда едно ќе се трефни да влези со 1500-2000 добивка и пак ќе бидам на ќар.

Во неделата 3 ракомети од 5-те во Германија завршија нерешено?!?! Ете ти најубав пример дека дојде скоро невозможно да се фати. Не можеш некоја константност да фатиш и да речиш еве сега овој месец сум пример 3000+. Тие што се фалат во темата добивки, да стварно има ливчиња со добивки од 3000, 5000, 10 000 ден. ама нека кажат колку досега оваа сезона или цела година имаат фрлено а ги изгубиле.