Лесни vs Тешки ролни, добра тема за разговор, лесните ролни имаат една позитивна и една негативна страна, исто така и тешките, лесни ролни: со нив скутерот ти е постартен добива повеќе на старт, а пак негативната страна е што губиш од крајната брзина, а пак кај тешките е обратно, скутерот на старт е побавен поспоро развива, али добива на крајна, а пак од друга страна некои муабети кои велат дека ако се искомбинираат од двете врсти 3 тешки и 3 лесни, ќе имаш и крајна и старт, баш ме интересира како би изгледало тоа и како би се однесувал скутерот, ако некој ја има пробано оваа комбинација нека напише за тоа што добил и дали е тоа точно, затоа што некој велат дека тоа не е баш изводливо па сега чекаме некој кој го пробал тоа..
Јас се сложувам со ова што го напиша но делумно
Ролните не се за старт туку тие повеќе го регулираат ЗАБРЗУВАЊЕТО (иако и тука има друга долга филозофија, па и ова е донекаде точно
). Стартот се регулира најмногу преку федерчињата на ламелата, појаки федерчиња - подобар старт (но нема секој мотор сила да ја разврти ламелата со јаки федери).
Ролните почнуваат да се движат по каналите на варијаторот, кога ќе почне моторот да се движи и со нив се регулираат (покрај забрзувањето) и вртежите на моторот. Е сега зошто се битни ролните да се погодени оптимално? Секој 2 тактен агрегат со вариоматски пренос има оптимално ниво на резонанца на кое што моторот вади најдобри перформанси (добро забрзување и добра крајна брзина).
Пример: на 50цц скутер со малоси спорт кит и резонантен ауспух за base kit, моторот влегува во резонанца некаде на 9000 - 9700 вртежи. Затоа е и потребно да се погоди тежината на ролните, цврстината на централната опруга, па некогаш дури и фазата на палењето да се помести да мава 3-4мм (или на околу 18') пред горна мртва точка.
Ако сакаш малку подобро забрзување (или моторот да живне), можеш да пробаш со 0,3 - 0,5г полесни ролни, но немој да одиш со премногу лесни инаку нема да бидеш задоволен од работата на моторот (само ќе пишти и ќе врти на празно, а брзина никаде
).
Комбинирање на ролни не се добра работа бидејќи може да се искриви радилицата ако не се распоредат правилно, а и не се постигнува ништо со тоа. Тежината на ролните се рачуна вака: варијаторот најчесто има 6 канали. Е сега ако тебе ти требаат ролни од 4г, тоа се вкупно 6*4=24г. Дали ќе ги искомбинираш како 3*8 или 6*4 или (3*3 + 3*5) на крај паќ ќе добиеш 24г или со други зборови - исто гомце