Кинеските моторчиња

Член од
10 декември 2011
Мислења
170
Поени од реакции
19
Лесни vs Тешки ролни, добра тема за разговор, лесните ролни имаат една позитивна и една негативна страна, исто така и тешките, лесни ролни: со нив скутерот ти е постартен добива повеќе на старт, а пак негативната страна е што губиш од крајната брзина, а пак кај тешките е обратно, скутерот на старт е побавен поспоро развива, али добива на крајна, а пак од друга страна некои муабети кои велат дека ако се искомбинираат од двете врсти 3 тешки и 3 лесни, ќе имаш и крајна и старт, баш ме интересира како би изгледало тоа и како би се однесувал скутерот, ако некој ја има пробано оваа комбинација нека напише за тоа што добил и дали е тоа точно, затоа што некој велат дека тоа не е баш изводливо па сега чекаме некој кој го пробал тоа..
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Не е до ролните само читај повеќе по странски форуми, цел пренос треба да ти е наштелуван како што треба и само со експериментирање ќе дојдеш до посакуваните резултати
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
170
Поени од реакции
19
Дај постави некој линк од странски форум да видиме што кажуваат експетрите :LOL:
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Лесни vs Тешки ролни, добра тема за разговор, лесните ролни имаат една позитивна и една негативна страна, исто така и тешките, лесни ролни: со нив скутерот ти е постартен добива повеќе на старт, а пак негативната страна е што губиш од крајната брзина, а пак кај тешките е обратно, скутерот на старт е побавен поспоро развива, али добива на крајна, а пак од друга страна некои муабети кои велат дека ако се искомбинираат од двете врсти 3 тешки и 3 лесни, ќе имаш и крајна и старт, баш ме интересира како би изгледало тоа и како би се однесувал скутерот, ако некој ја има пробано оваа комбинација нека напише за тоа што добил и дали е тоа точно, затоа што некој велат дека тоа не е баш изводливо па сега чекаме некој кој го пробал тоа..
Јас се сложувам со ова што го напиша но делумно :)

Ролните не се за старт туку тие повеќе го регулираат ЗАБРЗУВАЊЕТО (иако и тука има друга долга филозофија, па и ова е донекаде точно :) ). Стартот се регулира најмногу преку федерчињата на ламелата, појаки федерчиња - подобар старт (но нема секој мотор сила да ја разврти ламелата со јаки федери).

Ролните почнуваат да се движат по каналите на варијаторот, кога ќе почне моторот да се движи и со нив се регулираат (покрај забрзувањето) и вртежите на моторот. Е сега зошто се битни ролните да се погодени оптимално? Секој 2 тактен агрегат со вариоматски пренос има оптимално ниво на резонанца на кое што моторот вади најдобри перформанси (добро забрзување и добра крајна брзина).

Пример: на 50цц скутер со малоси спорт кит и резонантен ауспух за base kit, моторот влегува во резонанца некаде на 9000 - 9700 вртежи. Затоа е и потребно да се погоди тежината на ролните, цврстината на централната опруга, па некогаш дури и фазата на палењето да се помести да мава 3-4мм (или на околу 18') пред горна мртва точка.

Ако сакаш малку подобро забрзување (или моторот да живне), можеш да пробаш со 0,3 - 0,5г полесни ролни, но немој да одиш со премногу лесни инаку нема да бидеш задоволен од работата на моторот (само ќе пишти и ќе врти на празно, а брзина никаде :) ).

Комбинирање на ролни не се добра работа бидејќи може да се искриви радилицата ако не се распоредат правилно, а и не се постигнува ништо со тоа. Тежината на ролните се рачуна вака: варијаторот најчесто има 6 канали. Е сега ако тебе ти требаат ролни од 4г, тоа се вкупно 6*4=24г. Дали ќе ги искомбинираш како 3*8 или 6*4 или (3*3 + 3*5) на крај паќ ќе добиеш 24г или со други зборови - исто гомце :)
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
10
Поени од реакции
3
Друже ќе да утињаш ти со километражава да не имаш поминато 3500 km. Зашто нема теоретска шанса каиш да издржи на скутер 35000 km ниту пак ламелата ниту пак ролните. Друго уље ако му мењаваш на 10000 исто така ке ти рикне моторот. Е сеа моја претпоставка е дека ја рачунаш и последната нула од километражата што ги означува поминатите метри (ти ја рачунаш во километри) и е со црвена боја.
Хехехе,само вие тешете се дека погрешно ја гледам километражата ама до сега се 46000 километри и без проблем од Охрид си одам до Битола,Кичево итн.А за каишот погрешно си ме разбрал,значи од 25000 до 35000 не е сменат,исто така и ролните,а ламелата малку ми цвичи ама ке издржела ми рекоа.А уље не му менувам зашто ми рекоа дека требало да менувам масло за мотор на секои 2500км:pos:,е па тешете се сега дека ја рачунам последната нула:icon_lol:,кој не верува го поканувам лично да се увери,па и пијалак добива гратис од мене.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Хехехе,само вие тешете се дека погрешно ја гледам километражата ама до сега се 46000 километри и без проблем од Охрид си одам до Битола,Кичево итн.
Абе ти и до Кина мојш да одиш... пешки. Прашање е колку време ќе ти одземи.
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Ме интересира дали ако купам скутер од хамачи од Штип имам бесплатен транспорт на скутерот до берово или треба сам да си го возам
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
10
Поени од реакции
3
Абе ти и до Кина мојш да одиш... пешки. Прашање е колку време ќе ти одземи.
Aбе и ти изгледа не ги читаш сите постови,па ај не ти кажувам да се помачиш малку и да ги прочиташ па ке најдиш дали одам пешки или малку побрзо или поспоро(сеедно,важно е дека е малку) од твоето моторче(верувам дека имаш некое јапонско или италијанско многу квалитетно штом се вмеша во разговоров:icon_lol:
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Имам проблем со палењето на скутерот 125 кубика кинез не пали на прва и гасне на ниски обртаи.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Aбе и ти изгледа не ги читаш сите постови,па ај не ти кажувам да се помачиш малку и да ги прочиташ па ке најдиш дали одам пешки или малку побрзо или поспоро(сеедно,важно е дека е малку) од твоето моторче(верувам дека имаш некое јапонско или италијанско многу квалитетно штом се вмеша во разговоров:icon_lol:
јас никаде не реков дека имам италјанско моторче. Нити јапонско.
Пошто неможиш да ме сватиш, еве ти на тацна : лудост е да тргниш од Охрид до Битола и да патуваш со просек од 35 км/ч (читај над 2 часа во еден правец), а успат имаш многу добри шанси да те собери некој неписмен возач.
 

i5.

Форум Џедај
Член од
12 април 2010
Мислења
201
Поени од реакции
90
Ako moze eden sovet sto e bolje hamachi ili keeway 2taktno 50cc
 
Член од
28 август 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Дали некој знае каде во МК има KeeWay салони?
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Дали некој знае каде во МК има KeeWay салони?
кивеј продаваат во динамикс карши сетек, исто така во мотомаркет на водњанска ... значи салон само за кивеј нема
 

Kajgana Shop

На врв Bottom