PES 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr.47
  • Време на започнување Време на започнување
Играва е ДУП :) БРАВО за Јапонциве!!! ...
- Многу јаки движења... Голманите се фантастични !!! Шутот е перфекно накован :D Све е на место!
Фациве се срање :oops:
 
Ај малце поопширно за играва од моја гледна точка

Вчера играв натпревар Јувентус - Сасуоло, и можам да кажам дека вторава екипа може слободно да им парира на најголемите европски тимови... Такви играчи во тимот сеуште не сум почуствувал, Тевез и Љоренте топка не чепнаа од нив
Марсело Гаѕола :cuc:
Лино Марцорати :cuc:
Друго, незнам дали пасовите на моиве играчи се срање, или пак Сасуоло однапред ми ги читаат мислите кај сакам да подадам, 80% од додаваните топки, завршуваа во играчите со црно-зелени дресови. Господ да го поживее Буфон што натпреварот не беше решен во првите 20 минути. На полувреме Сасуоло имаа негде над 60% посед на топката, и повеќе шутеви на гол од мене. И сега што се случува во второ полувреме...? На сцена стапува Кристијано Келини, кој ја зема топката со клизач на Заза и го прави досега најневеројатниот потег на натпреварот. Трга од своја половина, играчите на Сасуоло изгледаа како мали деца кои сакаат да му земат топка на возрасен човек. Кристијано Келини ора на терен, се бутка со играчите, прави финти, влегува во шеснаесетник, и му асистира на Тевез, кој за малку ќе утнеше празен гол, среќа од стативата се одби топката и влезе во гол. Целиот успех му се препиша на Fuerte Apache, но никаде го немаше мозокот на акцијата, тој се врати кај Буфон со кренати раце... #Respect. На крај играчите на Сасуло беа надиграни од анонимусот Јувентус... меч за неверување... Краен резултат Јувентус 2 - 0 Сасуоло

Позитивни критики за играта -
Одбрамбените играчи се подобрени, знаат да направат клизачи без да повредат некој.
Одбрамбените играчи царуваат при нафрлени топки, значи нема да може во иднина миџети од типот на Џовинко, Инсиње, Казорла...итн да ти постигнуваат голови со глава покрај Келини, Силва, Пике... итн

Негативни критики за играта -

Срање е...


П.С.
blanco
Крв да серат овие од Конами :mad:
2mqkhtj.jpg
 
Како да шутнам од прва без да ја прими и да направи уште два чекори , ова ми се случува цело време без разлика дали обичен пас , одбиена топка? Мора прво да ја прими да се мести пола саат и на крај да му избијат топката.
 
Како да шутнам од прва без да ја прими и да направи уште два чекори , ова ми се случува цело време без разлика дали обичен пас , одбиена топка? Мора прво да ја прими да се мести пола саат и на крај да му избијат топката.

Ееее братче, јас тоа го трубам години и години наназад за ова :гомце: тука.
После ќе ми речат нов енџин. Како тоа нов енџин, а исти ствари?
После ова сакам комплетно да потонат, воопшто да не постојат :mad:
 
вие сте луди ако играте ПЕС,јас играв два дена и одма ми скурчи,играта е невозможна,па затоа одма отиде на remove.
Златен менаџер...
 
Ееее братче, јас тоа го трубам години и години наназад за ова :гомце: тука.
После ќе ми речат нов енџин. Како тоа нов енџин, а исти ствари?
После ова сакам комплетно да потонат, воопшто да не постојат :mad:

на 13ката распалуваа од одбиени , на новава се понашаат како јас да сум на терен :)
 
Играва е ДУП :) БРАВО за Јапонциве!!! ...
- Многу јаки движења... Голманите се фантастични !!! Шутот е перфекно накован :D Све е на место!
Фациве се срање :oops:
edit> Играва е тешко срање !!!!
 
Знаете дека играта е лоша кога ни хипстерите не ја бранат. Обично за секоја срање игра ќе се појави некој што сака да биде интересен - Абе брат, топ е играта, вас не ве бива...

Ама оваа никој не ја спасува очигледно. Паѓаат во вода сите муабети дека немале пари, едноставно ја конвертирале во нов енџин некаде на почеток на годината (јануари) и престанале да работат на неа. Какво грдо неупотребливо мени и багови има, не може да работи некој на неа и макар еден ден, па да не види...

П.с. Бета тестинг, што е тоа? :)
 
И официјалнно светот призна :D Ова од сокертролс:
1016247_426931377413243_1673952946_n.jpg


Можеше да земат само ЛШ и ЛЕ да си ги напраат топ да бидат, да има континентални првенства со репрезентациите со се квалификации и вграден менаџер сличен на Football Manager само со визуелна симулација, без играње, не ти треба ни лиценци за тоа. И можеше многу добар краен продукт да испадне, баш ќе беше поразлично во содржината од Фифа а истовремено ќе можеше многу подобро да ја средат во смисла на фаци, дресови, амблеми, мени и сл. Без национални првенства, без мастер лига...
 
Не ми се верува дека 2013 е подбра од ова.
 
Дајте линк од демо да ја пробам, да не спуштам цела игра за џабе


Sent from my iPad using Tapatalk
 
Дајте линк од демо да ја пробам, да не спуштам цела игра за џабе


Sent from my iPad using Tapatalk

Тоа е работата, нема демо за рс, веројатно им беше планирано ова за на почетокот кога е бумот, да продадат голем број копии на луѓе кои купуваат само од еуфорија, без претходно да го пробале демото ;)
 
дечки некој да знај нешто во врска со мојот проблем?? на претходната страница најдолу имам пост пишано,ако знај некој ако сака да поможи :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom